Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    248 глас(а)
    15,1%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    189 глас(а)
    11,5%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    57 глас(а)
    3,5%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    34 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    97 глас(а)
    5,9%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    77 глас(а)
    4,7%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    109 глас(а)
    6,6%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    104 глас(а)
    6,3%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    300 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    264 глас(а)
    16,0%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    31 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,4%
  15. ГАК (Сите доктори)

    45 глас(а)
    2,7%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Која е поентата на форумот ако си пишуваме само во пораки,па јас една година читав низ темава пред да се зачленам и сумирав мислења и информации од споделени искуства.
    Карикирам,ако ти одиш во Систина и си задоволна не гледам како негативно искуство на членка би те предомислило.
    За тие што допрва одлучуваат мислам дека многу често советуваме прво да си отидат на повеќе консултации и да си одлучат.
     
    На bebaa, marijamarkoska, Alex* и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Ајдее темата ќе почне да цвета така осеќам,иако надвор има снег :dance::music:
     
    На Tinka1234, tina2018, Kateto333 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    6.691
    Пол:
    Женски
    Секој треба да сподели свое мислење и искуство, независно дали е позитивно или негативно.Всушност за тоа е и форумот.Лично јас се воздржувам од негативни искуства со цел да не им влијаам на чкенки кои веќе се во постапка.Но зошто да не го споделам моето позитивно искуство??И не, не е тоа фалење, туку само мое искуство, за среќа позитивно.Баш благодарение на форумот и на позитивните искуства на дел од членките јас го пронајдов тоа што го барав.Можеби истото не би било од корист за одредни чкенки но ете за мене беше.Да кажеш дека си се изнасмеала на коментарите на некои членки тука, сметам дека воопшто не е во ред.Не е смешно, туку жално тоа што го прочитав кај тебе.Не знам до кај си во постапката, но ти посакувам најголем успех.И верувај кога ќе успееш ќе сакаш да го споделиш твоето искуство или мислењето за твојот доктор со цел само и другите да успеат во тоа.
    Едит: Да, само што прочитав дека веќе и ти си го споделила своето позитивно искуство и пофалби за докторите:)
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На Sienna_MK, tina2018, marijamarkoska и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Дистави ги веднаш штом ќе ги имаш,или прати им по пошта јас така имам направено ама секако јас чекав плус дополнителен 1 месец
     
    На DTN му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    @rozeta - roze
    Сега ми е појасно зошто изреагира,бидејќи членката сподели лошо искуство во Систина,а ти си ги ИСПОФАЛИЛА :)
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rozeta - roze

    rozeta - roze Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2019
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Не е точно нема врска. Јас немам ништо против тоа да се пишуваат лични искуства од некој доктор само кажав не е лошо малку да се внимава ништо друго
     
  7. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Да се внимава во фалење или во кудење? Зошто ти засметаа позитивните искуства а не негативните па ми падна многу чудно,разбирам да се реагира и др. членки реагирале за да внимаваме во споделување на негативните што е и разбирливо,а ова твоево не го сфатив воопшто,затоа и ти реплицирав...па дури и дека смешни ти биле |(
     
  8. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Има да на Now. Јас за мене вчера земав Q10 па ги видов стоеја едно до друго.
     
    На Mimmi39 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    4.286
    Пол:
    Женски
    Во која аптека ги виде?
     
  10. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    @Stressed Out , @Маја Т ве разбирам што сакате да кажете. Ми се чини дека Маја па најдобро ја има сфатено поентата на мојот пост кога пишува дека се воздржува од споделување негативни искуства со одредени доктори и болници само за да не влијае на членки кои се моментално во процес кај тие доктори. Имено, тоа беше и поентата на мојот одговор кон девојката што пиша прва. Не е спорно дека Трајковски е врвен стручњак и дека Њу борн е сериозна и професионална клиника, само мислам дека споделување на искуството (прво на темата) можеше да помине без такво директно фаворизирање и нескриено рекламирање на докторот и деградирање на Систина. Само од обзир кон други членки кои се пациентки на Систина и дека навистина би можело да биде погрешно сфатено и да наведе некои членки да мислат дека не ја донеле правата одлука што решиле ин витро да прават таму. А ова не се случува прв пат, само во други случаи наместо Систина и нејзините Лазаревски и Поповиќ, на мета бил Таше и Плодност или еве во случајов и Петановски.

    Не ме сфаќајте погрешно ве молам, но не заборавајте на фактот што голем дел од вас пред да дојдете кај Трајковски сте биле пациентки на други клиники и доктори, и во Њу борн сте отишле по неуспешни еден, два, можеби три обиди во други клиники и кај други доктори. И нормално е после таквите искуства да барате каде лежи вината за неуспехот и разочарувањата, и дека докторот што бил ваш прв или втор избор ќе биде прв на мета. Меѓутоа и сами знаете колку се тешки првите обиди и дека е прашање на среќа што кај некој од одма успева, а кај некого не, ништо повеќе. Кај Трајковски сте отишле со целосна историја на неуспешни постапки, со документација, со историја на примена терапија и реакции, нели е многу полесно кога ќе се смени доктор на трет или четврт обид и со него ќе имате успех? Да не испадне пак сега дека го напаѓам Трајковски, Трајковски исклучително го почитувам, на местото на Трајковски може да стои _____________ и тука да го пишеме името на било кој од докториве. Значи можеме имињата на сите доктори да ги ротираме во равенкава.

    И конечно, не заборавајте, Трајковски е помлада генерација и учел и го собирал знаењето и од Петановски и од Димитров и од Лазаревски на ГАК, за ниту еден од кои не сум сретнала на форумов да се водат вакви жестоки војни во одбрана. А верувајте дека и од кај Трајковски, и од кај било кој друг доктор има негативни искуства, само едноставно за нив не се пишува, за да не разбрануваат реакции низ форумов, бидејќи по некоја случајност најголем број членки на Вонтелесно се пациентки на Трајковски.

    Не ме сфаќајте погрешно, секоја една од нас би сакала посветен и достапен доктор, посветена и достапна сестра, одвоено време, индивидулаен приод и третман, нема причина зашто би биле мазохисти да чекаме со саати за прегледи или процедури, да се нервираме за неодзивноста на докторот или сестрата. Никој тоа не го заслужува, особено земајќи го предвид фактот колку само жртуваваме и инвестираме во оваа борба. Не се работи за тоа, работата е многу едноставна, или ќе кликнам со докторот или не, или му верувам дека може да ми го реши проблемот и да ми помогне или не. И кога веќе тоа го решавам, свесно правам компромис за други работи затоа што at the end of the day тоа што е зафатен и баран не зборува за тоа дека му е сеедно или не го бива, туку напротив, зборува многу за неговата стручност и желба да помогне секому и професионално да си ја работи работата. Да слушав се што ќе прочитав за мојот доктор на форумов, требаше уште пред да почнам со постапка без да кажам пријатно да си отидам од кај него. Немам броено колку пати и колку долго го имам чекано во ходник, пред ординација, и ми сметало и сум се нервирала, ама доволно е кога ќе го видам да се смирам и да излезам од амбуланта со насмевка на лице и оптимизам (ова да не се сфати погрешно дека сум заљубена во својот доктор, хаха, едноставно многу добро се разбираме и имаме убав однос, that's all).

    Немам ништо против споделување искуства и мислења, и се слагам апсолутно дека тие искуства и мене ми помогнале да ја менаџирам сопствената ситуација и да носам одредени одлуки, мене единствено што ми забоде очи беше начинот на кој се постави тезата за Њу борн и Систина.

    Околу менаџирањето на болниците апсолутно се слагам, меѓутоа сакале ние или не, работата во пракса е многу посложена отколку во теорија зашто различни механизми оперираат во позадина. Многу е лесно да кажеме „нека си го менаџираат персоналот подобро“ кога знаеме дека тој персонал секојдневно дише и работи под полна пареа, во недостиг на кадар и број на вработени, бидејќи едноставно во државава нема доволен број стручњаци за проблематиката (тука и сестрите ќе ги споменам не само докторите бидејќи и нивната работа е многу специфична и ни малку едноставна, а е безмалку суштинска во целиот процес), а постоечкиот персонал за жал не може да се мултиплицира. И тоа придонесува кон незадоволство и гнев кај пациентите што па и секако се одразува на самите постапки.

    Драго ми е за сите позитивни искуства и од кај Трајковски и од кај сите доктори, навистина. И жалам сега што мојот одговор на постот од членката предизвика ваква дебата. Поготово поради фактот што сите вас ве осеќам блиски, ги делиме истите животни предизвици и несебично си помагаме, многу од вас и директно сум прашала за совет и мислење, зашто стварно сметам дека можам, а и сум научила многу работи од вашите искуства и ставови. И за тоа сум многу благодарна.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На kara.petra, mamaJana, Sienna_MK и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.723
    Допаѓања:
    14.563
    Пол:
    Женски
    Таман си е се,се на место,од се ова ќе сублимирам дека и самата цело време велам,прашање на време е и кога на Трајковски ќе му се смачи,понов е од сите и притисокот е преголем,скоро да сум сигурна дека со тек на време и тој ќе се смени,не се роботи. Единствено предност таму во менаџирањето што ми се допаѓа е што клиниката се држи строго на неплодност а не на водење бремености,ете тоа го решиле од старт и можеби затоа се поефикасни и поефективни во некој поглед,кога би го примениле тоа и во другите клиники би било многу подобро.
    Јас сум сигурна дека сите ќе се остварат како мајки,Господ ќе ги однесе на правото место и правиот пат :l:
     
    На Sienna_MK, Inamya, Tinka1234 и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Зегин,ама не во Скопје
     
  13. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.146
    Допаѓања:
    6.691
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со тебе.Сепак најважно од се е нашиот личен однос со конкретниот доктор.Независно за кој доктор станува збор, од посебна важност исто така е и како ние ќе се поставиме со самиот доктор.Не на секој му е важно тоа што мене ми е важно, затоа и кога пишувам секогаш нагласувам лично мене.Во Македонија сметам дека имаме исклучителни доктори кои можат да се носат со докторите на светско ниво, но тоа што за жал ги немаме на располагање сите современи методи и преоптеретеноста на системот е друга работа.Лично сметам дека треба да постојат повеќе клиники кои се занимаваат само со плодност.Самиот момент кога сум чекала со трудници по неколку часа на исто место ме правел да се чувствувам уште подепресивно.Знам дека не е во ред, ама тоа чувство на тага и разочарување
    било посилно од мене тогаш во тој период.Навистина жртвуваме многу:финансии, здравје, емоции и навистина заслужуваме малку посоодветен третман.Процесот низ кој поминуваме е пред се емоционален па после се друго.Не сметам воопшто дека е фаворизирање ако напишам каков третман сум добила и каков однос сум имала со еден доктор.Ниту ако кажам дека некој не ми посветил доволно внимание, дека го напаѓам.Тоа е само мое искуство.Конкретно за Петаноски можам да кажам дека се знаеме приватно неколку години и дека сум била со препорака кај него, но тоа што мене не ми бил посветен на начин како што јас сум сметала дека треба да биде, е факт.Карактерот и односот на др.Трајковски било баш тоа што мене ми било потребно во тој период, затоа и сум се решила за кај него.Не на секој би му одговарало истото.Затоа форумот треба да има само советодавна улога, а ние сме доволно возрасни сами да донесеме одлука и да го направиме најдобриот избор за нас.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На Sienna_MK, Мишел*, Kris80 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. Proletno

    Proletno Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    487
    Допаѓања:
    571
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу.
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jetche

    Jetche Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Site go falat dr.Vladimir, jas isto taka ke pravam vo new born no kaj dr.Tatjana, sto mislenje imate za nejze. Fala
     
  16. Jetche

    Jetche Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2020
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.034
    Пол:
    Женски
    Na 11 den.
     
  17. Milititi

    Milititi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2021
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    720
    Пол:
    Женски
    Девојки, дали некоја од вас е со дијагноза Хашимото? Јас имам нормална функција на жлездата, но со покачени антитела. Пред ин витрото најдов нешто за интралипидна инфузија која во некои случаи се дава пред пункција и уште една на ден на трансфер, превентивно од т.н NK клетки. Сега беше веќе касно за да ја примам, а се си мислам дека тоа беше причината што не ми успеа бременоста. Дали некоја досега ја примала инфузијата?
     
    На Bilka5T му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LunaGrey

    LunaGrey Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    26.219
    Пол:
    Женски
    Баш не мислам дека не се збори,
    Неуспешни постапки сме имале многу членки кај него,поготово изминатава година, сите си кажавме:)


    Да се надоврзам на муабетот,
    според мое мислење,сите Др се горе доле добри и стручни. Кој сака нека си споделува и негативни и позитивни искуства, па не сме од стакло па да се скршиме ако некој даде критика за докторот и клиниката во која сме со постапка. Мене па ич не ми влијаат туѓи мислења, не знам за вас другите...ама пробајте да не си правите стресови од туѓи искуства.

    А сега да си кажам нешто надвор од темава. Да си поплачам :)
    Денес ми е исклучително тешко. Го гледав снегчето од прозор и ги гледав мајките од мојата улица како си играат со своите дечиња.Солзите почнаа да си течат... колку копнеам и јас тоа да го имам...да си поиграм со моето дете. Срцево ме стега цел ден од болка.
    4 мои пријателки се бремени. Секој ден на некој праќам честитки за бременост или за пораѓај. Ќе го доживеам ли и јас тоа некогаш?И мене некој да ми честита?

    Со недели е човек добар и после треба само еден момент, за да се сруши одново.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На BelataMasai, kara.petra, Sienna_MK и 32 други им се допаѓа ова.
  19. Milce89

    Milce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Јас имам хашимото хипо со години.. На успешниов трансфер примив само атосибан инекција, интралипидна не, не ми ја ни спомнале до сега.. Не прави проблем хашимотото за имплантација, ако не се регулира може да направи друг проблем понатака во бременост, односно да наштети на плодот, бар мене така ми кажаа бидејќи ми рипна одма после позитивниот тест и се извадив од памет. Но, се е тоа ако не се прима терапија и не се контролира.
     
    На Stara му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milce89

    Milce89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    1.519
    Пол:
    Женски
    Ахх мила, верувај дека ќе дојде денот, само верба и ништо друго. Ќе се поклопат коцките:hug:
     
    На Nade-sunrise, Kris80 и LunaGrey им се допаѓа ова.