Sekako deka ke go dozivees Neznam kolku neuspesni ivf si imala no ke dojde red koga ke drzis bebence vo raka i dogodina na snegot ke igrate ❤❤Tezok e ovaj pat so mnogu razocaruvanje i stresovi.Gospod ni dava na site tezina kolku sto mozime da izdrzime, hrabra si ti, sleden pat ti ja isprakam cela sreka da vidis dve crtki❤
Толку многу добро те разбирам.Колку само сум плачела после најави за бременост, а сум човек што многу ретко плаче.Еве сега сум на средина на бременост и сеуште не можам да се натерам да верувам дека тоа мене ми се случи.И сеуште си плачам понекогаш, зошто цело време имам чувство дека нешто не е во ред.Едноставно се низ што поминав има оставено последици врз мене.Знам дека ти е тешко да веруваш дека ќе успее и кај тебе но знам дека сигурно ќе успее.Само верувај и не се откажувај.
Исто и јас цела бременост не ми се веруваше и бев по малки испотресена да не се случи нешто но еве го тоа храбро ембрионче сега трчка околу мене☺ сега сум во исчекување на резултати за друго
Колку убавоВерувам дека дури откако ќе ја видам во живо ќе се уверам дека се е во ред.Дај Боже да добиеш убави резултати и за другото
Јас имам хаши и триста чуда.Го има моето искуство неколку пати споделено,прочитај го.Кај мене интралипидна помогна во успешна бременост кај Ивановски во Систина. Не сакам да те разочарувам за кај неа,знам колкава е маката,но ќе бидам искрена,правев кај неа неуспешно ми беше,но не значи дека ќе биде и кај тебе.Би ти ги препорачала најдобрите Лазаревски,Ивановски,Трајковски,Петановски и Димитров,другите не ми се соодветни за стерилитет,стручни се но за оваа проблематика не се.Но тоа е мое мислење на 5 годишна борба за бебуш.Но секогаш води се по инстинкт,ако ти вели од душата кај Тања,да правиш кај неа.Извинете до сите што сум искрена.Знам колку боли.Ти посакувам успех
Верувај дека ќе дојде и кај тебе тој момент душо....на сите ќе ни се исполнат желбите.верувај Те гушкам.
Исто и јас.Не ми се верува дека имам бебче,еве веќе 3 недели е.После се што минав долги години,како во сон ми е што ја гледам покрај мене.Некако помешани чувства имам.Ќе даде Господ ваква среќа кај сите.
Комплетно исто се чувствувам. Сите со деца и бремени, некои и по две родија. Мило ми е за нив, искрено се радувам, но те потсетува на тоа што го немаш, а ете некои "по грешка" кога ќе ми кажат, или на пазење останале трудни, ми иде од 8ми да се фрлам Ќе дојде и нашето...мислам горе доле сите така се чувствуваме...само биди упорна. Ако треба на глава ќе одиме ама ќе стигнеме до тоа малечко што ќе трча на снегот. Ти пуштам сила и храбро до целта
Фала ти, сега ми ги подгреа надежите. Во Систина знам дека ја практикуваат, впрочем и првичната информација ми е од таму.
За темата за клиниките сакам да се надоврзам. Се надевам читаат и ќе вроди позитивни промени нашата мака. Знам дека се растргнати, така е и во најдобрите ivf центри во светот. Но, не може некој да ме убеди дека буквално СЕКОЈА ПОСЕТА со закажан термин се чека по најмалку 2 часа. Дека сестрата не крева телефон и по 15 пропуштени повици. Дека само една сестра треба да биде со тој др (и за терапија, и за евиденција и за закажување термини). За нивната стручност - на сите погоре споменати нема збор. Секоја чест, но како и на се во државава недостига организација. За жал немаме сите можност за да си земеме ден од одмор за во ходник. Тешко на тој што има мака па да се моли за внимание
Здраво на сите другарки по мака. Читав наназад доста постови и се восхитувам на вашата истрајност и храброст, не секој го може ова. Од скоро и ние се бориме со неплодност и проблемот е машки фактор, засега. Дијагнозата кај мм е олигоастенотератоспермија, направен е преглед кај уролог и е во ред, хормонален статус исто во ред. Концентрацијата е 4 м/мл, морфологија 3% и прогресивната подвижност 15%. Кај мене основните испитувања, хормонален статус, ехо, пап и брисеви се добри. Ме интересира дали со ваква дијагноза (тие што се со слична дијагноза) ви бараа инсеминации за ваучер и ако да колку?
Ја читам темава веќе некое време иако не сум пишувала. Сеуште не сум стигнала до ин витро, но не е исклучена таа опција. Да имав повеќе храброст може и ќе го имав веќе направено, иако ни е кажано дека постои можност природно. Но, друго ми беше муабетот, да се надоврзам на темата што ја начна. И покрај тоа што не сум премногу долго во оваа борба, многу тешко ја доживувам целата ситуација, меѓудруго и заради некои други лични причини и фактори. Но сакав да споделам искуство од еден пар којшто го знам, поминуваа низ ова мнооогу долго, имаа неколку миссед итн. Било како било успеаа на крај. Мене најмногу ми остави впечаток тоа што ми го кажа дечкото којшто беше дел од оваа приказна. "Во ниту еден момент во тие години не помислив дека нема да успееме. Сигурен бев дека на крајот ќе си имаме детенце (а сега е веќе и множина)." Ме воодушеви зошто се гледаше дека навистина така мислел и покрај сите голготи низ кои поминале. Малку и ме охрабри да размислувам во таа насока: не знам како, не знам и точно кога, но знам дека ќе биде колку и да ми изгледа мене во моментов се невозможно и со секој нов преглед и ден покомплицирано. Се надевам дека и на вас ќе ве води тоа и секако дека сите ќе стигнеме до крајната цел. И сега, може ќе звучам контрадикторно, ама мене ми е поважно на тој пат да не се изгубам себеси и сопругот и да си го зачуваме пред се нашето здравје. Би сакала да можам искрено да се помирам и со таа помисла, дека на крај краева некогаш работите не зависат од нас и дека и без тоа би можела да сум среќна. Не сакам да живеам само како роб на таа мисла и мисија. Не сакам се друго да ми е на стенд бај и да ми трпи заради ова. На темава е за многу нешта разговарано, но или не сум прочитала или навистина не се пишувало на таа тема. Што мислите за советување со психотерапевт, па евентуално и психијатар, дали некоја се обратила за таква помош и дали имало резултат? Лична тема е, знам дека не секој сака да разговара за тоа, но сепак би ми било мило ако некој сподели искуство. Затоа и го болдирав делот со тоа дека цел ден срцето те стега од болка. Можеби постојано се соочуваш со тоа, а можеби и е само момент. Можеби си го кажала и само фигуративно, но мене навистина ме стега желудникот и чувствувам физички тегоби од тага, страв додека сум во исчекување итн. Верувам дека тоа на крај може да се одрази и на физичкото здравје. Особено на хормонскиот баланс кој е важен во сето ова. Се восхитувам на сите кои остануваат позитивни и силни во целава борба, но некогаш сме кршливи (барем за себе си зборам) и во ред е да не сме секогаш силни, но да не дозволиме предолго да останеме во таквите моменти и да побараме помош ако е потребно
Колку те разбирам да знаеш... Да, има многу тешки денови. И понекогаш ми се чини дека воопшто не можам да го видам денот кога и јас ќе дочекам свое дете, не можам да го замислам дека тоа нешто толку посакувано конечно ќе се оствари. И понекогаш се плашам дека не правам доволно, а некогаш дека се трудам премногу, и лутам меѓу двете крајности збунета. Доста ме плаши моментот како оваа борба емотивно ме исцрпува, ама затоа пак научив нежно со себе- ако ми се плаче си плачам, ако не ми се зборува не зборам и тн. Си ги пеифаќам расположенијата дека ми се менливи, и кога дојде ден како овој што го опиша, само се стрпувам да мине... За сега тоа ми е доволно.