Ептен ми е мило за ваквите случаи.Мислам дека никој доктор никогаш не треба да си дозволи да го каже тоа.Сепак на крај не зависи се од нив.Да ти е живо и здраво.
❤❤❤....Еве драга јас ќе ти честитам...За тоа што си ХРАБРА жена,истрајна,полна со љубов,со огромна желба за понатаму... Ти честитам што ти како една од сите нас се носиш со најголемата мака и терет гордо и со крената глава... Ти честитам за твоето челично срце и душа кои досега не дозволија да бидат повредени од отровната стрела која ни ја упатува животот.... Честитам ...однапред за победата која што допрва ти следи...Тебе..мене...на сите нас... Потполно ти ја разбирам болката,но на тие мајки кои си ги галат златните дечиња едноставно Тој горе решил среќата да им ја пушти порано... Но тие немаат медаља за ХРАБРОСТ како нашите што гордо ги носиме на нашите гради...Тие се резервни играчи кои седат на клупа и страсно навиваат за нас како тим кој што до последна капка пот и храбро се бориме да го кренеме пехарот на победата...Ги играме последните минути од натпреварот драга...а тие знаат да бидат подолги од колку што пишува на семафорот за поени....неизвесно е...секоја секунда трае и по 3 минути некогаш... Среќа и победа ќе имаме и ние, и ти драга,но веројатно треба боси по теренот да играме да стигнеме до неа..така решил Тој горе...решил да не стави во искушение,едноставно да си поигра со нашето трпение... Но не попуштај, знај дека остана уште малку до целта... Затоа....стисни ја медаљата за храброст јако,бандажирај ги зглобовите,вдиши длабоко и трк на терен да си го земеш пехарот на победата зошто знај дека е твој... И сите ние...ајде на терен..АЈДЕ ДО ПОБЕДА... Ајде сите заедно: ФЕ-МИ-НА !!!❤❤ СО ГЛАВАТА ГОРЕ,СО ПОЛНА ПАРЕА САМО НАПРЕД,СО ПОЗИТИВНА МИСЛА,СО УШТЕ ПОГОЛЕМ ЕЛАН...СО СОЛЗИ АМА РАДОСНИЦИ,СО ВЕРБА ВО БОГА... САМО ТАКА СЕ ПОБЕДУВА...
Што убаво кажано. Јас мислам ,уствари сигурна сум дека ниеден психолог не може да советува и да даде совет како тука членките на оваа тема. Само храбро до целта
Супер кажа дека пораката на Твинс е преубава, мотивирачка, полна со надеж и верба дека ќе успееме, ова малку не ми се допадна во смисла дека ниеден психотерапевт не може да советува како ние овде, ако се навратиме пак ке биде дека некои од членките може да ги обесхрабриме, напротив, ако некоја има потреба од разговор со стручно лице да не се обесхрабрува,не има нас овде но има и некој таму што години од своето образование посветил на психологијата, третманот е индивидуален и со тој процес на работа се постигнуваат успеси во било кој сегмент од живеењето, само доколку клиентот е свесен и сака да работи на себе
Секако дека е така,се согласувам и со тебе.Како и да е,тука сме и ние да помогнеме со нашите искуства и добри мисли.
Ви посакувам успех и на двете и те молам кажи во која клиника правеше ин битро постапка,бидејќи не занм каде во МК може да се прима ХЦГ или тоа е на ваше барање? Ви посакувам успех и високо бета на двете . Те молам кажи ми во која клиника правеше ин витро постапка, бидејќи не знам каде во МК вршат инјектирање на хцг или тоа е на ваше барање?
Јас немам хашимото, но поради повеќе неуспешни ивф, во систина ја примав на ден на трансфер. Зависи каде ќе правиш ивф, не секој доктор ја препорачува. Нема стрикнти медицински докази дека со нејзе ќе има позитивен исход но сепак може да има влијание.
Ниска бета,но има ГОООЛЕМА НАДЕЖ....направи пак за 2 дена,се надевам дека ке биде повеќе од 110...Стискам палци❤❤
Здраво.. едно прашање до вас феминки.. се боцкав со пролутекс ампули, но сега ги нема по аптеките. Дали ке може утре да се боцнам со прогестерон, а од наредната ден пак со пролутекс?
Здраво девојки, јас сум нов член, ве читам веќе неколку месеци и ви благодарам на позитивните пораки, последниов период многу ми помагаате позитивно да гледaм на работите. За жал со лошо искуство овој пат, но без откаживања. Веќе неколку години пробуваме за бебуле, следеше операција на миоми (7миоми), па една година опоравување, па мм олигоазо... дијагноза, што не од витамини и инекции, на крај добивме ваучер. Прв трансфер на 29.01, 3 дневен ембрион, 3 успеавме да замрзнеме. На 12.02 бета беше 0! Уште не можам да поверувам, не знам ни што се случи. Мислам можеби проблемот беше при трансфер имав болка во јајници од пункција.. се пронајдов со состојбата на @Cloverrrr и @ladystardust, дури и иста терапија имавме (мислам иста клиника и доктор сме) јас примав естрофем, аспирин, фолна, кринон и 8 дена x1 достинекс. Хормоните сметам дека беа во ред, пролактинот последно на горна граница, но рекоа ништо страшно. Наредно за неколку месеци со замрзнти. Па ако има некој совет на што да обрнам внимание за нареден пат и кога да очекувам да се изрегулира циклусот?
Здраво феминки, ве читам долго време и навистина сте голема поддршка едни за други, а јас дојдов до момент кога многу ми треба вашата поддршка и затоа решив да пишам. Само што дознав дека првото ин витро ми е неуспешно и имам милион неодоговрени прашања во глава. Инаку веќе 10 години сум кај доктор Лазаревски за рутински прегледи па не се ни мислев кај кој доктор да бидам за ин витро. Имав трансфер на трет ден со ембрион C8G1 и докторот беше убеден дека се ќе биде како што треба, а тој никогаш не дава лажна надеж но еве и докторите некогаш знаат да згрешат. Исто така имам замрзнато уште 3 ембриони и би сакала најбрзо што може да почнам со следен циклус. Инаку јас имам хетерозиготна тромбофилија а други никакви проблеми нема ниту кај мене ни кај мм. Дали знаете што би можело да биде причина за неуспешно ин витро кога наизглед се е супер? И колку ќе треба да чекам до следно ин витро? И пред се можеби смешно ќе звучи ама прашањето што ме мачи по 24 часа е дали некогаш ќе успеам да станам мајка...и не знам како да си ги тргнам тие мисли од глава...Следната недела ќе закажам консултација со Лазаревски но до тогаш би сакала да знам за некои ваши искуства...Ви благодарам❤
Не мора да значи дека проблемот е кај тебе, најчесто причината за неимплантација е во самиот ембрион. Имав и јас трансфер и тоа со два, C8G1 и C7G1, двата без фрагментација, едниот експресно по одмрзнување продолжил да се дели и веќе бил до стадиум на морула, ама ете, бета на хцг и кај мене 0. На изглед ембрионите може да се одлични, а всушност многу голем дел од нив да се анеплуоидни. А бев покриена со клексан за мутации, глукофаж, прогестеронска поддршка, витамини. Јас бев многу реална пред самиот исход и не сакав да очекувам премногу и пак ќе повторам, ретко успева на прв обид и стварно е среќа. Не се разочарувај, имаш уште замрзнати. Не знам што би ти препорачала додатно да провериш, можеби функција на тироидна ако не си проверила и витамин Д. Јас следно ќе правам операција, ама сум со ендометриоза и кај мене проблемот има големи шанси да е во самата имплантација. Крио трансфер мислам дека може веќе на втор циклус пак да правиш, ама не можам да тврдам дека не сум сигурна, нека кажат членкиве што правеле. Никој доктор не може да го знае исходот верувај, ете и кај мене беа као сите услови исполнети бар што се однесува до ендометриумот, ембрионите и терапијата, ама не бидна. Среќно!
Ти претпоставувам дека си имала блага хиперстимулација штом ти дале достинекс. Затоа и те болеле јајниците. Не влијаело тоа врз исходот. Пробај работи на тоа да го доведеш пролактинот на нормално ниво. И ако си со ПЦОС би ти препорачала и ти да провериш тироидна, инсулинемија и гликемија, витамин Д, а можеш и тромбофилија и трансфузиолошки испитувања да направиш.