Тироидна имам испитано и во ред е, а витамин Д пијам веќе година ипол но досега не сум правела испитување. Инаку имам голема доверба во целиот тим во Систина, но читајќи секаде дека многу е подобро да се направи трансфер на 5ти ден кога веќе ембрионот ќе биде во фаза на бластоциста, не знам дали всушност тоа е проблемот што кај мене трансферот беше на 3ти ден. Дали со замрзнати може да се почека да дојдат до фаза на бластоциста или мора одма по одмрзнувањето да се изврши трансфер?
да имав хиперстимулација (мислев тоа да не има влијание, веќе не знам што да мислам), инаку ја регулурам тироидата веќе 3та година со еутирокс 25. Мислам дека не сум со ПЦОС, до сега верувам ќе го констатиравме тоа, редовни циклуси имам. Останатото ќе го проверам, не сум имала такви испитувања. Пролактинот не знам како се намалува еден период пиев бромергон па ми прекинаа терапија, па достинех 1/4 неделно па и таа ја прекинавме, се изрегулира. Пред трансфер ко за беља 25 ми беше. Кога ќе ми се среди циклус ќе го проверам обавезно, посебно дека пиев достинех 8 дена по 1, којзнае што ќе биде. Благодарм на советите <3
Мила, нема правило дека е подобро бластоцита, кај некој успева морула, кај некој бластоцита, кај друг дводневни.. Баш така ми објасни Др. Лазаревски. Инаку, мислам дека неможе ако се веќе замрзнати да се чекаат надвор да стигнат до бластоцита, но и немора да значи дека ако свежиот трансфер не успеал, дека нема да успее трансферот со смрзнати ембриони на истиот ден. Ти посакувам успех следен пат
Не е проблемот во тоа што бил тродневен. Јас исмав успешно ивф со тродневен ембрион. Некогаш и докторите практикуваат да се замрзни ебрионот па да се оде следен месец месеци со трансвер.
Има истражувања што зборуваат дека процентот на имплантација е малку поголем со бластоцисти, отколку со тридневни ембриони, ама разликата не е толку голема. Мислењето е дека ембрион што стигнува до стадиум на бластоциста (100 и повеќе клеточен) упатува на повисок потенцијал за имплантација. Ама повторно ништо не значи, зашто и бластоцистата може да е на изглед совршена, а генетски да е абнормална и да нема изглед за клиничка бременост. Има успешни бремености и со едните и со другите. Инаку, можеш ако сакаш, на следниот трансфер кога ќе ги одмрзнат ембрионите да ги чекаат да стигнат со развојот до бластоциста (значи да ги остават уште два дена ин витро) и да ти ги вратат како петдневни, не е тоа проблем. И мене ме прашаа дали сакам следен пат така да пробаме.
Ех и јас цел живот сум со редовни циклуси и редовни овулации, правилен сооднос на ФСХ и ЛХ (не инверзивен, ЛХ никогаш не ми бил повисок од 5), ама андрогените хормони излегоа високи, констатирана ми беше хиперинсулинемија по оптеретување на организмот со раствор од гликоза, шеќер малку покачен на гладно и висок АМХ. И си добив нова дијагноза на стари години, и терапија, пијам глукофаж во доза одредена од ендокринолог, а пиев 2 месеца и спиронолактон да се намалат андрогените. Провери ги андрогените хормони (тестостерон, андростендион и ДХЕА-С) на трет ден од циклус. И АМХ провери ако си во можност, зашто ако е над 3, дијагнозата е ПЦОС. Пролактинот сега ќе ти биде низок и немаш потреба од терапија ако си ги испила сите. Мене на првото мерење, три месеци после пункција после која пиев достинекс, ми беше 8. ЕДИТ: Да не ме разбереш погрешно дека викам дека имаш ПЦОС, само те советувам дека ин витрото завршило неуспешно, а си имала хиперстимулација, ради предострожност да провериш. Проблеми со тироида и пролактин се многу чести кај жени со ПЦОС дијагноза. Не е ништо страшно, во случај да треба ќе си примаш терапија, ех, што е едно апче повеќе за нас
Среќен роденден девојче, на убав датум си се родила догодина да си го славиш со мало принцезиче или принцче до тебе.
те разбирам потполно и ептен се пронајдов, висок АМХ(5) во ремедика правев мислам границата беше нешто над 6, ама и висок ЛХ (12) и ФСХ(10.4), андростедион еден период висок после во граница, тестостерон исто така блиски граница, значи висок. Дхеа сега видов последно пред пункција во нормала. Хормониве лудило. Да те замолам препорака за ендокринолог?
Висок е АМХ, и за жал упатува на ПЦОС. Истиот случај сум јас, нормална морфологија на јајници, ама ете, хормоните не викаат дека се е ОК АМХ ми е 6 мене. Јас на ендокринолог одам кај Стефанка Ѓорѓиевска во Ремедика, одлична е докторката. Плус добивам попуст дека сум нивен пациент. Ако имаш можност закажи кај неа, на државна клиника ако успееш да најдеш термин, многу девојки со ПЦОС ја препорачуваат Катерина Адамова. Каде и да се решиш, обавезно имај со себе резултати на хормони направени на трет ден од циклус, иако не би препорачала сега одма после неуспешно ин витро да ги испитуваш пошто му треба време на организмот да се врати во баланс. Почекај бар циклус-два и провери ги сите, ФСХ, ЛХ, ТСХ, ФТ4, ФТ3, ПРЛ, АНД, ТСТ и ДХЕА-С. Можеш сите на Клиничка биохемија.
Поздрав за сите. Колку месеци ми предлагате да се одмарам за трансфер на замрзнати ? Сега си доѓам од кај док., ми рече следниот циклус ама нешто не сум подготвена, веројатно сум била на хиперстимулација (дека сум со ПЦОС), и уште чуствувам болки во јајнициве.. Добив во 11, денеска 4 ден исто имам болки, не ми поминува никако.. Дајте ми мислења,искуства.. Фала ви
Веќе изгледа дека и му се смачи хехе ,порано ако го прашував нешто на вибер ми одговараше сега нема шанси Види во фб Barnatore Zeka пиши им на англиски ,мислам до граница ги носат и од таму можеш да ги земеш.Ако ти треба помош пиши ми слободно.
благодрам на советите, обавезно ќе закажам, само да се стабилизирам, се надевам ќе добијам деновиве, 4ти ден ми е од кога прекинав со терапија. За некој месец ќе проверам. Јас пак мислев висок амх е добра работа, никој до сега не ме упатил на ваква дијагноза. Редовно одам на ендокринолог кај Габи во Емедикал, ама ете можеби треба да си побарам второ мислење. Немам обрнато толку внимание на тоа, изминатиов период се концентриравме на дијагнозата на сопругот и се водевме за ваучер со машки фактор. Уште еднаш, многу ти благодарам!
Јас би те советувала да почекаш барем три месеци од последниот трансфер.Барем мене така ме советуваше докторот после трансферот со свеж ембрион, да почекаме барем три месеци за следниот трансфер.Не дека не можеш и следниот циклус да одиш на нов трансфер, но и во тој случај сепак се прима одредена терапија, макар и минимална, а на телото му треба одмор.
Денес 12 ден од трансфер направив домашен тест негативен. Разочарана сум многу.. ми рекоа на 15 ден. да проверам преку крв неможев да издржам денес направив тест дома, нема ништо ни бледа линија, ништо. Утре наутро ќе направам уште еден иако знам нема да има ништо ама пак еве. Не знам што да правам ептен бев позитивна дека се ќе биде во ред. Ви посакувам на сите среќа многу поголема од мојата..