I sega odi so upat AMH jas minatiot mesec ispituvav. Ke zemes od upat od maticniot za klinicka biohemija jas tamu bev Na GAK ne moze so upat od maticen ginekolog mi rekoa nekoj od nivnite doktori treba da mi dade upat.
Поздрав panda46 -- Мој совет: провери си го обавезно витаминот Д и побарај совет од доктор за дозата. Колку што не е добро низок, толку не е добро ни превисок витамин Д, особено во нашава ситуација. Оптимална вредност на вит Д пред трансфер која мене ми беше препорачана од имунолог е околу 40 ng/mL. Во врска со замрзнатите ембриончиња, дефинитивно може да ги остават 3-дневните да се развијат до бластоциста пред трансфер, доколку има услови за тоа. Јас имав 2 крио трансфери на 3-дневни ембриони на 3ти ден (одмрзнуваат и веднаш враќаат) и еден трансфер оставени да се доразвијат до 5ти ден бластоциста пред трансфер (на мое барање и во согласност со доктор и ембриолог). Ете кај мене ни тоа не успеа, иако двете ембриончиња се изборија да стигнат до 5ти ден бластоцисти. Во секој случај вреди да си ја разговараш и таа опција со ембриологот, дали ти ја препорачуваат во твојот случај воопшто, кои се предностите и ризиците. Точно е дека во странство преферираат да враќаат 5-дневни бластоцисти, поради понапреден стадиум на развој и клеточна делба и поголема веројатност за имплантација. Но, има случаи на членки низ форумов со 3-дневни и 2-дневни ембриончиња што си продолжуваат супер, и 5-дневни бластоцисти со супер квалитет што не успеваат. И обратно
Мене секогаш ми враќа. Обично навечер веројатно кога е послободен. Обично истиот ден или наредниот, ама не ме заборава. Докторот има мн пациентки,верувам дека дава се од себе, а и самиот тој чекаат бебе со сопругата може и веќе имаат,да имаме разбирање
Хаха, еве и мене не ми враќа во последно време, ама кога се слушнавме последно рече дека бил сам 2 недели, др била отсутна, па претпоставувам дека е пренатрупан со работа. Инаку мене ми рече јави ми се, ама мене ми е незгодно да му ѕвонам некогаш и му пишам на вибер. Луѓе се и тие, верувам дека им доаѓа многу па и дека забораваат да се јават назад. Ако го побараш на клиника, ќе го најдат
Веќе имаат бебенцеМоже и тоа е причината што е зафатен периодов.И мене секогаш ми враќал, ако не одма, следниот ден сигурно, иако многу често ми викал да му звонам, место да му пишам.Јас често сум знаела ако не го добијам да се јавам кај сестрите па они да му кажат да ми се јави.Но колку пати и самиот знаел да ми се јави и да ме праша како сум или да ми каже да не се секирам за некои работи.
Кога влегуваш од главен влез на клиника, продолжуваш се право околу 100 метри, од десна страна ќе погледнеш нагоре има еден ресторан Маестро. Ќе продолжиш нагоре, десно од ресторанот има голема зграда.Во таа зграда, штом влезеш одма десно и ќе прочиташ Клиничка Биохемија.Се надевам добро ти објаснив
Ааа да извини сум заборавила така беше , матичната гинекологот ми закажа на клиника кај еден доктор , отидов и без проблем ми дадоа за во лабараторијата , моја грешка не е една работа
Ти благодарам за советите...мислев штом ќе почнам со инвитро одма ќе го видам крајот на овој тунел, но очигледно ме очекува тешка битка...како и да е се додека не се откажеме ништо не е изгубено❤
Бројче немам , но знам дека земаат крв до 13 часот..бевме пред 2 недели , стигнавме во 13 и 10 и ни завршија работа , но кажаа дека до 13 земат
najdi vo fb aptekata Dafina Ferizaj (urosevac) tamu ke gi najdes se sto sakas, plus e naj eftinata apteka vo Ferizaj