Јас документите ги поднесов на 12 Јануари и сеуште немам добиено никаков одговор а веќе помина повеќе од еден месец.
Zdravo devojki, Deneska mi bese za prv pat transferot.Mi rekoa da pijam tecnosti,no rabotava e sto 1 casa voda da pijam me se odi vo toalet.Dali e toa normalno i strasno? I od posle transferot cel den imam glavobolki
Дечки, со една постара жена се најдов во муабет за неплодност, она има правено ивф пред околу 30тина години во странство. Ми спомна дека постои нешто како инкомпатибилност со партнер. Има ли начин да се провери ова и дали е точно? Друго, ми кажа дека паровите кои се долги години заедно во врска, дека имаат некогаш потешкотии со зачнување бидејќи репродуктивните органи на жената се навикнуваат на материјалот на мажот(доколку не се користело заштита тие години)?Јас немам слушнато нит прочитано за овие работи па ме имтересира вашето мислење.
Во однос на некомпатибилност, кај нас се прави cross match на трансфузиологија ( се зема крв од двајцата). Исто и хла типизација на имунологија ( за совпаѓање на алели на гените кај двајцата). А во однос на ист партнер подолги години се мисли на незаштитен однос и кај жената може да се створат спермални антитела кон мажот_ ова се испитува на имунологија во склоп на имунолошките испитувања ( ако си била на имунологија сигурно ги имаш испитано). Но и да се покачени овие, немаат значење при ивф.повеќе се за природно зачнување. Пред едно 8 години пред да идам на имунологија бев во бивша санте плус, свети лазар мислам се викаше, е таму имаа посткоитален тест _ се зема брис од жената за овие спермални антитела.
А се јавивте во Фондот кај Секретарката да прашате за статус на барањето.Малку е чудно ако од 12 јануари се уште не ги разгледале,како може моето кое е од пред две недели да биде за утре.Или пак ми дале погрешна информација.
На имунологија само генските мутации ги имам испитано, друго не... Како да земам упат за сево ова? Од матичен гинеко?
Да crooss match на трансфузија праевме антиспермални антитела во ремедика ( пред некои7-8 години) ова ми го објаснија и во ману и како причина за спонтани абортуси направи си го и со лесно
Да од матичен за имунологија општ упат па со него ќе одиш кај професор Петличковски и он на ливче ке ти напише се што сакаш на пример кај мене ги пиша и антиспермални и анти оваријални и уште две имаше,а за хла типизација ми рече не ти треба зашто како незнам ама не ми даде тоа да испитам.Успат прашај си го се што сакаш се детално објаснува предобар е докторот сигурно го знаеш ако таму испитувавте генетски мутации
Јас првиот пат отидов со упат од матичен горе во бараките и се ми испитаа, за стерилитет. Меѓу кои и спермални анитела. Кај мене беа покачени, нирмално со години сме заедно. Една моја блиска после правеше и кај неа беа покачени, па фала богу си остана природно бремена. Затоа ти кажувам нормално е да се покачени ако имаш незаштитен однос, и не сметаат при ивф. А cross match имав упат за на трансфузија со дијагноза стерилитет и таму трансфизиологот ми назначи да се испита кај нив.
Они за се викаат утре утре Јас чекав скоро 2 месеци без докомплетирање документација која навистина не им беше потребна и немаше врска ама.. бидна, после уште 1 месец чекав со докомплетираните документи
Дечки, ве поздравувам. Баш би сакала да слушнам мислења за Covid19 вакцинацииве, за нас кои би имале постапка наредниве месеци. Вакцинација пред планирана бременост. Сте разговарале ли на темава со вашите доктори? Читав доста студии и препораки од ivf клиники во Британија и САД каде веќе имаат масовна вакцинација, поголем примерок за истражување и поразвиени ivf центри. Пример овие две : LeedsFertilityClinic BostonIVF
Пред да легнам и по повод трансферите закажани за утре на нашите соборки, посакувам леснотија и резултати што по две недели ќе не израдуваат сите! @Grateful драга, скоро сум сигурна дека мокрењето не е ништо страшно, единствено што треба да стануваш почесто за во тоалет. Биди спокојна, и главоболките може биле од возбуда и адреналин, сепак ти било прв пат и не си знаела што да очекуваш.
Со среќа трансферот Не би требало да е ништо страшно, може да ти било и од возбуда. Ќе видиш како ќе си денес, утре. Главоболките исто, и мене некогаш ми се случувало после пункција или трансфер, може или од стрес или од самата терапија. Опушти се и мисли убави нешта.
Добро утро девојки, сакам сабајлечки да споделам една убава работа. Пред околу 2 месеци ми стигна писменцето дека од Фондот ми се одобрува ваучер , пресреќна бев затоа што единствено во тоа го гледав спасот . Три дена пред закажаниот термин со докторот околку постапката , сватив дека сум бремена -природно. После 3 ипол години чекање , надевање, разочарување ...знаете сами да не го опишувам чуството секој месец во овие години . Искрено мислев дека ова се случува само на филм или кај некој посреќни жени , ама ете навистина се случувале чуда ! Тоа што е најважно за споделување , и различно од секој претходен и разочарувачки месец е тоа што буквално овој месец не се замарав, јас бев трганата на друг пат . Девојки опуштете се (знам не е лесно ), сакајте се , гушкајте се , надевајте се и најважното молете се од срце , најдлабоко од себе.