Естрофемот се пие наутро и навечер. Две сабајле две вечер пред легнување ќе пиеш. Боцкај и двете во стомак, едната инекција на една страна другата на друга. Пролутексот ако го боцкаш наутор , клексанот ќе го боцкаш вечер после 12 саата од аспиринот. Стомакот ќе ти биде поминат до тогаш од едното боцкање,така да немаш гајле.
се разбира некоја во резултативе ? и сакам да прашам естрадиол дали знаете колку треба да е пред пункција ? фала ви ❤️
Мила за естрадиолот нема гранична вредност колку треба да е, зависи со каква стимулација си.. Обично на една јајце клетка оди околи 100-150 естрадиол, и во зависност од тоа гледаат колку јајце клетки би имала. Мојот последно беше 500 и нешто, ми извадија 5 јајце клетки, од кои сите се оплодија. Ти посакувам успех
Мене два дена пред пункција ми беше 1013 естрадиолот и ноќта примив стоп инекција. Извадија 3 ј.к. и сите се оплодија
да бе прегеска отворив ама мали ми го зграби телефонот А дојдов да видам како си поминала на трансвер
Здраво . ке ве молам за одговор дали на некој го имаат вратено од фондот за докомплетирање на документи за тироиден статус и ако може да ми казже некој дали требит тириодните хормони да се испитат? и за колку време ти стигнува одговорот откако ке го пратиш повторно документот? ви благодарам
Со рецепт од ивф докторот јас ги зедов пред некој ден. 133 ден кутија (30 таблети). Не би знаела за другата опција. Поздрав
Ај уште нешто да прашам во врска со фраксипаринот. На упатството има илустрација како да се боцкаат и е прикажано под агол од 90 и пишува дека кај веќе спремните инекции за да нема губиток на лекот да не се истиснува воздухот, дали тоа така треба ?
Така пишува да. Јас лично боцкав под агол од 45 и го истиснував воздухот. Докторот ми рече така треба. Ама многу тука боцкаат под 90. И така е така е ок. Пробај и види кое помалку ќе те боли. Мене со воздух ме болеше.
Па сега се боцнав, го истиснав воздухот и под агол од 45 воопшто не ме болеше. И мене така ми кажа сестрата ама ај пак да си прашам
Не сум се јавила, бидејќи и за претходните два ваучари точно после еден месец ми беа одобрени. Искрено сега за третиот не ни очекував дека ќе го одобрат пред да помине еден месец. Здравје во текот на наредната недела може да се јавам. Ако може пуштете ми број од Фондот на кој се имате јавено? Фала ви! Поздрав