боцкање до 13 часот сопругот окулу 12 отиде, оди заврши си работа за 300 денари јас во Институт за јавно здравје се изначекав, башка што за таму и упат земав , ваму чиста работа
Може и двата спермограми да се од приватна клиника, само да се од две различни клиники. Вака мене ми одобрија пред 4 месеци.
Moze I popladne kaj mene soprugot vo 15h bese da se bocka vo sredata. Prethodno se javiv i mi rekoa nasabajle do 9.30 a popladne od 13.30 do 18h. Samo so licna karta,300den.
Да , само со лична карта е , мм го боцнаа во 13 часот пред 3 недели , до толку боцкаат и јас следната недела ќе одам
Можеби , јас во септември поднесов за ваучер , со тоа што едниот ми беше од букурешт и ме вратија да си направам на гак или на хистологија , тоа е моето искуство
Би отишле и на ГАК и на хистологија ,секако и поевтино е , ама прв термин има дури за 3 недели ...не ми се чека толку , ќе пробам со 2 од приватно , па ако побараат ќе носиме дополнително
Сакам да прашам дали има феминки кој останале бремени со амх под 0.2 и ако има да го споделат своето искуство на успех❤️
Дефинитивно нема да ви прават проблем со 2 спермограми од приватни клиники. Јас досега 2 пати така сум аплицирала. Битно е само да се од различни места спермограмите, за да се валидира резултатот. Поздрав и со среќа
Јас немам лично искуство , но имам познаничка со претходни 4 неуспешни ин витра , а со ептен ниско АМХ остана природно бремена ...така да не се обесхрабрувај , ќе си успееш и ти ,и сите жени - борци , лавици овде
Девојки треба да испитувам АМХ, знам дека испитуваа на трет ден од циклус, матичната некако не ми беше сигурна и реши да испитаме пред циклус, па незнам какви би биле резултатите а јас се спремам за инвитро за овој месец , ве молам за совет?
Ја не знаев дека на 3 ден испитуваат , па и матичниот ништо не ми кажа...и јас ќе испитувам 10 дена после циклус
@biba818 и јас знаев така али сега колку повеќе читам гледам дека претежно се испитува трет ден од циклус... Ви благодарам
Амх се испитува било кога, не му варира вредноста во однос на месечниот циклус. Ако се испитива почесто на трети ден, тоа е затоа што тогаш се испитуваат др хормони, па е попрактично одеднаш Не се секирај