Здраво Извинете да ве прашаам дали тироидните хормони исто се испитуваат на 3 ден од менструација? Вратена поради тироидни хормони од фондот
Драги феминки, во последниве месеци секојдневно ве читав во оваа тема и се спремав месецов за инвитро. Резултатите ми беа очајни(или катастрофа што би рекле некои од специјалистите по инвитро каде што бев) високо фсх и мноогу ниско амх. Плус ендометриозни жаришта,оптетено ткиво и што уште не слушнав... Но, јас месецов спремајќи документи за ваучер, природно останав бременаа )) Сеуште сум во шок!!! Денес правев бета 125.1е Сакав тука да ви пишам на сите вас да НЕ СЕ ОТКАЖУВАТЕ НИКОГАШ! Кога најмалку очекуваш, тогаш и ќе се случи тоа чудо што толку многу го посакуваме Слушајте си ја својата интуиција, а не само докторите. За докторите ние сме само обични бројки(барем јас тоа го почувствував, бидејќи сите се откажаа од мене и сакаа само со донор ј клетки да правам ivf) Со среќа на сите што се борите и дај Боже што поскоро да ви се оствари најголемата желба
Тие се, јас имам поднесувано хормони испитани на трет ден, и со нив воедно и тсх, па друго не ми барале. Ама ти имаш испитано и повеќњ. Не ги поднесе овие што си ги прикачила?
Ги поднесов и овиее заедно со сите документи и пак ме врајќаат за тироиден статус стварно незнам што им значи вејќе
Можеби треба да се јавиш да ти објаснат, навистина не ми е јасно, а и добри ти се резултатите. Да не ти се стари документите?
Прекрасна вест, ја споделувам твојата радост и бескрајно благодарам што ни пиша да си имаш најубава и школска бременост ❤️Честитки