Дечки, ќе ве замолам за искуства како ги поднесувавте Бромергон, Спиринолактон и Сиофор. Ќе треба да ги почнам за брзо сите заедно да ги пијам, па што да очекувам во однос на нуспојави. Засега пијам само Бромергон и добро го поднесувам. Фала ви
Јас пијам веќе 6 месеци метформин од 750мг со вечера (глукофаж ама е исто со сиофор, сиофорот е само различна грамажа ми се чини), спиронолактон пиев месец и пол од 50мг. Апсолутно никакви нуспојави ни од едниот ни од другиот. Не знам дали зависи од дозата или од тоа што можеби имам „челичен“ желудник. За спиронолактонот ваљда знаеш, насабајле со што повеќе вода (полна чаша до две) пошто може многу да ти падне притисокот од него. Бромергон не сум пиела па за тоа не би можела да ти кажам, ама пиев достинекс после пункција и тој многу добро го поднесував.
Баш исто и јас.Краварев два дена, еден ден прекина, а следниот ден пак почна и тоа повеќе.Добро е тоа што крвариш повеќе.
Јас пијам сиофор веќе пола година, на почетокот имав проблеми додека ми се навикне желудникот на него али сеа сум ок. Спиролактинот ми правеше премногу тегоби, вртоглавици и со договор со ендокринолог престанав да го пијам.
Леле единствена ли сум јас што од спиронолактонот немав воопшто мака, а ни од бромерганот, од него се жалат дека имаат лошење. Да не се зарекувам, ама како бонбончиња си ги пијам. Не е смешно, ама ај. За што пиеше спиронолактон и колку време? Мене и дозата не ми е мала, 100 mg. А еве читам сега и @ladystardust немала тегоби. За мн вода не знаев, ама секако додека да ги испијам сите апчиња и суплементи една и пол чаша оди @ladystardust Ќе те замолам да ми кажеш дали веднаш откако ти се среди хормонот ги прекина, пошо мене докторката прво ми рече ќе ги пиеш додека да се намали, а сега ми вика јас ги давам од 3-6 месеци. Добро мене повисока ми беше вредноста, ама добро реагирам на терапијата, ако продолжи вака дај боже, треба да е ок за месец, најкасно два. Не знам зошто би ги пиела 6 месеци. Муабетот ми е дали откако ќе се среди хормонот треба да се пие уште некое време за да се одржува вредноста, како што е со бромерганот на пример. @DTN
Здраво друштво....според мене ние жените со ваква мака сме жени со најубава насмевка а истовремено најтажни очи. Во брак сум 5 години, сеуште немаме дете, веќе планираме да започнеме со инвитро процедури но се двоумам меѓу Ремедика и Њу Борн...сакав да чујам од вас мислење ?
Јас ги пиев за хипотироида... некој хормон беше изместен од хипото ама за кратко време се смири со лекарства
Здраво феминки ме интересира дали некоја од вас има искуство со промена на доктор откако е издаден упат од матичен гинеколог но постапката не е започната. И уште нешто кога се прогласува ваучер за неискористен кога ќе поминат 6 месеци!?
@MarijaMi90 Спиронолактонот го пиев месец и десетина дена, од околу 4 андростендионот се спушти на 2 и нешто, тестостеронот исто падна значително и докторката ми го прекина дека почнав терапија за трансфер со замрзнати ембриони. Од трансферот навака немам проверено хормони пошто сигурно е се пореметено од терапијата и нема поента, а наскоро ќе почнам и со микрогинон дека ќе правам лапароскопија, така што сега за сега ништо не проверувам и еве два и пол месеци веќе не го пијам и не знам какви се вредностите на андрогените. Глукофажот исто треба да ги држи под контрола, а него непрестајно го пијам со месеци. После лапаро планирам сите хормони да ги испитам па тогаш ќе видиме дали треба пак да се воведе терапија пред трансфер, се надевам не. Кај мене е поблага форма на ПЦОС, нормална морфологија на јајници, редовни овулации и менструации, андрогените за кратко време доведени во нормала, моментално само висок АМХ упатува на тоа дека ја имам дијагнозата.
Жени борци ајде да и помогнеме на мојата пријателка која по долги години борба со стерилитет е мајка на 4 годишна ќерка но за жал во моментов е на лекување во Жан Митрев заради компликации од Ковид 19.За лекување и бараат 12000 евра.Кој колку може да донира да и помогнеме и во оваа битка.
Дали некогаш во животот си останала бремена? Дали ти кажа докторот дека ние жените само еднаш, некоја многу ретко и два пати годишно имаме квалитетна јајце клетка? Зборам со низок амх... Само многу е полесно доколку си била бремена некој месец ќе си знаеш кога е тој "добар" плоден месец... Премногу си млада за да одиш со донирани, не се откажувај. Пиши им на тука има форумки кои со многу полоши резултати успеале, консултирај се со нив и не губи надеж. Еве пиши и на @Lolipop796 сега брзо читав нејзини мислења и позитивен исход
Лавициии, еве го мојот тест на 13ти ден од трансфер, утре сум на тест преку бета. На сите ви посакувам што побрзо да си ги видите овие две цртки и да се чистите од темава
Фала ти сите да се израдувате што поскоро Кај др.Поповиќ бевме со машки фактор, операција на тумор на тестис пред 3 год проследена со хемотерапија и сега спермограм со дијагноза олигоастенозооспермија. Оплодувањето беше со криопрезервиран материјал кој беше оставен пред операција.
Ахам.... Фала ти на одговорот. Да и јас не би испитувала на твое место. За глукофажот сум слушнала дека делува благотворно на хормоните генерално, то ест на квалитетот на јајце клетките. И кај мене е слична ситуација, морфологија на јајници ок, менструации редовни, овулации имало кога сме проверувале, (ама најчесто покасно сум одела на гин и само гледаат дека има знаци дека имало овулација, не ми се правилно следени) ама ете хормоните укажуваат на пцос. Немам инверзија на фсх и лх. Амх не сум испитала, страв ми е Тебе ти посакувам успешна лапароскопија и после тоа успех побрзо од очекуваното
Дали некој пиел коензим Q10 за подобрување на квалитетот на јајце клетките? Ќе почнам наскоро пак со боцкање па размислувам дали да почнам да ги пијам. Веќе и ги купив ама ќе го прашам пак докторот.
Јас овунорм пијам, во себе меѓу друготo содржи Q10. A дали има ефект или не,немам поима Како и да е ,го пијам веќе година и плус,уште со 4тата инсеминација го почнав лани ова време. Good luck