Мене заради екстраутерина изваден ми е десниот јајцевод. Ништо не осеќам посебно, само приметив дека ми трае циклусот мн кратко два дена третиот веке само кога ќе се избришам. И претходно не ми траеше долго три четири дена ама ова некако ептен кратко, а не сум му спомнала на Димитров. Читајќи ве на темава ми падна на памет да не сака да ме остави мене!? Почнав да се плашам а имам 30г
Овој циклус не ни пробувај да испитуваш хормонии сега ќе се "изместени" и воопшто нема да имаш корист од резултатите .. Собери сила и следното да успееш!
Јас за првото дете правев скречинг со анестезија исто. Во Ремедика. После интервенцијата не ме болеше. Сега живеам во странство и тука така го прават, кога им спомнав анестезија, докторот ми рече за 10 минути ваква интервенција не треба анестезија. Ти благодарам.
Ние бевме со полоша прогноза од вашата, да не речам најлоша азооспермија, па успеавме и тоа од прв обид така да и вие ќе успеете
Јас не се боцкав со клексан ама имав пријателка се боцкаше до крај до 36 недела. А пролутекс се боцкав до 3-от месец, ама секако ќе процени твојот доктор до кога треба.
Леле истото го помислив овој циклус. Ми траеше 2 дена а 3-от и 4-от само на бришење и тоа многу бледо не приметливо. А јас имам еве за 1-на недела 27 години А и некако навечер ме фаќаат жештини понекогаш ми е и нервозно па и ми ср појавува осип ккј ужасно чеша и за кратко исчезнува
I jas sum vo stranstvo za ova ifv mi vadea jk bez anestezija i jas isto prasav mi rekoa ne, nema potreba od anestezija! Mnogu bolno
@Adams @La-loca немојте со вакви мисли млади сте ,и мене секогаш ми биле кратки циклусите и не сум помислила на тоа,а имам 37 години веќе сум 24та недела бремена .Насочете ги мислите на убавините што ве чекаат,убав ден
@Adams @La-loca имам пријателка исто се жалеше дека има оскуден циклус, тогаш имавме 20 и нешто, таа роди две дечиња, забремена од прва буквално со двете,јас еве со мојава обилна менструација сеуште си се обидувам За жештините сигурна сум дека ти се причинува ла лока. Ама сепак разговарајте си со докторот ако ви е на мисла.
Мене ми ги затвори и двата Димитров поради хидросалпингс, ама вакво нешто не сум приметила еве 8 месеци после лапаро. Циклусот ми е оскуден одсекогаш два три дена ми трае. Се ми е најнормално како и пред тоа никаква разлика не гледам, сега ова мене ми е така може кај другите има поинакви симптоми незнам што да кажам. ❤️
Дeвојки за следно инвитро планирам да се појачаме со суплементи. Јас пијам фолна метилирана, Д вит од 2000и.е. , и Овунорм (содржи инозитол,мака,Q10, вит Е...). Дали ми е ова доволно што мислите. А маж ми профертил 3 месеци. Да пробаме да подобриме квалитет на ембриони, зашто стварно не знам зашто е неуспешно пак. Ќе ги направам и тие мутации и останати испитувања како и да се викаат...
Нешто чудно е ова со циклусот. Во муабет со повеќе пријателки,сите се жалат дека по двапати им доаѓа во месец, потење навечер...исто и кај мене, пред да ми дојде, жива вода, вријам,како пегла да имам на грбот сега пак се регулира на 26 ден и трае 5 дена. Што до времето, стрес,мисли,се измешано.