А кој доктор ви препорачал, матичен или тој кај што правите инвитро? Два пати го прашав Трајковски, баш ништо не ми кажа да пијам.
Јас веќе пишував, јас све што пиев пиев на своја рака и следев упатства од it starts with the egg книгата. Кога не пиев ништо освен имприл по совет на доктор имав 0 оплодени. Си реков од ова полошо не може да биде и почнав со суплементи. Сепак сите ве советувам да се консултирате со доктор и да си прочитате евентуални контраиндикации со други лекарства.
Исто, ја прочитав книгата сега и купив Ubiquinol и микронизирана Dhea. Ама вторава не ми се почнува без консултација со лекар, ќе разговарам со ендокринолог. За коензимов не знам со кој е најсоодветно да зборувам. Во Систина ми препорачуваа Овунорм, во NewBorn ми рекоа ништо нема потреба да пијам, па имам чувство ко да не веруваат во ефективе на суплементиве. Сум заборавила, какви ти беа ефектите по примање на суплементите?
Девојки некој совет како да го симнам пролактинот ,на 3 ден од циклус ми е 48,а се спремам за инвитро ?
Супер, ќе ја прашам. Само да знаете, ако примате клексан, коензимов влијае на неговото дејство, проверете си детали.
Ке треба да помине повеќе време?Читав нешто нанзад,се исплашв малку да не треба да помине мн време за да се симне .
Јас сеуште не сум во постапка почната, ги земам сега превентивно конкретно за квалитетот на ј.к зошто за првото ивф имав 2 ј.к од кои едната со лош квалитет а другата успеа да се избори до крај и да стане и дојде на свет едно мало човеченце. За првото непримав клексан амаќе го имам на ум советот
Девојки јас ретко пишувам а многу често ве читам по една година неуспешни обиди за забременување се решивме моето прво инвитро да е во мај, причина за тоа се од неодамна отстранети канали. Се друго е одлично и хормони и овулација (пред месец време имав по 8-9 фоликули од двете страни), сопругот има одличен спермограм а во прилог ни се и годините, млади сме уште, спортуваме и здраво се храниме, непушачи. Се до моментот кога ќе почнеме со постапка се полнам со позитивни мисли, се молам и верувам, читам. Најмногу внимание обрнувам на исхраната тоа ме натера да ја прочитам книгата it starts with the egg ,фатив кратки белешки во врска суплементите некои веќе почнав да ги пијам и би сакала доколку може уште нешто да се додаде да ми кажете иако др ми рече нема потреба да пијам. Овие белешки се надевам ќе бидат корисни и за други почетници во постапката на инвитро - како мене. Секако, консултација со лекар пред сѐ.
Фала дај Боже .Ти значи имаш едно детенце...живо здраво да е ,а на 20 и кусур климакс не те фаќа....имаш уште за раѓање
Извештај од трансфузиолог,од тој датум или после сметки со сметкопотврда,потврда од матичен дека се примени.Овие документи ги поднесуваш во Фзо со копија од Лк и трансакциска.
Фљл ти многу Да имам веќе едно исто добиено со помош на ивф. Оф дај боже сакаме сега да одиме пак за 2-ро
Еј фала ти многу на тоа што си се потрудила толку за ова. Дали се ова белешки од книгата сумирани и преведени на македонски или од друго место ти е изворот?