Ти благодарам на исцрпниот одговор, навистина ми значи. Искрено повеќе ми е страв од помислата што би било ако би било отколку делот со боцкањето. Навистина ќе се потрудам да гледам позитивно на работите но стравот од непознато е голем.
За жал драга,така е со многу зголемен интензитет...Се повеќе парови се соочуваат со овој проблем... Водењето љубов станува"обврска" без страст,без желба,без нежност..."на договорен тајминг"...Само да не ги испуштиме плодните денови,само да го направиме тоа пусто бебче,губиме драгоцени моменти во животот,полека партнерот ни "клиза" низ прсти и најчесто поради сите овие несакани ситуации доаѓа до разделби,неверства и слично.. Убавината на се она што природно доаѓа полека се губи... За жал ова е реалната слика.. НО... Не нè врзува само сексот со парнерот...Тука се мал милион карактеристики,особини,навики на партнерите кои долги години се заедно и станале темел на нивниот брод кој плови низ животот и заради кои се сеуште заедно... Затоа,според мене воопшто не е срамно да се побара стручна помош за било каква потреба.Па во Америка секој нормален човек,па дури и децата си имаат свои или семејни психолози кои им ги решаваат разните проблеми... Отворениот разговор и искреноста се секогаш добредојдени за рњшавање на секој проблем... Затоа мој совет ти е отворено да разговараш со партнерот за проблемот кој го имате и верувам дека ке се реши... На сите ни се има случено ова,без гајле,ке помине❤❤❤ Good luck
@babybubu воопшто не е лесен овој пат, но ние сме силни жени и ќе издржиме се! Најбитно од се е да го намалиш стресот, верувај дека откога почнав да се боцкам не си дозволив да се изнервирам за небитни работи... се тешев со тоа дека работата ќе ме причека, дека парите што ги давам за лекови пак ќе ги заработам. Во тој период најбитно ми беше да се наспијам, да зготвам нешто здраво, да се слушнам со луѓе што ми се мили и да си одмарам. Во тој период одев и на работа, ако работиш не дозволувај работниот стрес да ти влијае, отфрли ги настрана сите негативности. Во текот на денот читај си книга за да се релаксираш или филм, или прошетај се во природа. Јас прекинав да вежбам овој период бидејќи последните недела дена пред пункција не сакав да се оптеретувам. За ова слушај си го телото. Те молам немој да читаш статистики. Немој да читаш негативни искуства за да не се исплашиш, ако немаш поддршка од родителите или пријателите охрабрувајте се заедно со партнерот. Нешто што според мене е многу битно е немој да правиш споредби со други жени на твои години, со твоја слична дијагноза. Секое тело е различно, немој да се разочаруваш. Немој да си викаш а што ако ова, а што ако она... Верувај во докторот, ама најпрво во себе. За боцкање доста е едноставно, ќе ти покажат ама мислам дека нема шанси да згрешиш. Искрено, првиот ден кога се боцкав плачев (стандард прашања, зошто да минувам низ ова, кога ќе заврши овој трнлив пат), вториот ден бев посмирена, третиот ден веќе борбеноста ми се врати и секој ден си викав "all right, let's do this!!!" Кога почнаа да растат фоликулите кога ме гледаа на ехо толку многу се радував што делува стимулацијата и што ќе има можност да се извади нешто. Може чудно ама јас за јајце клетките си размислував како војничиња мали што се борат, и што моето тело т.е јајниците сепак не биле толку слаби. Се чувствував горда.. Тоа што сакав да го кажам со оваа чудна исповед е дека си наоѓав светла точка и позитива, и се фокусирав на нејзе за да можам да продолжам напред. Се ќе биде во ред, ти пуштам многу среќа.
fala mila bas mi olesno, jas kaslam i mislam negativno sta ako ke dojde do abortus sto ako stane vaka, sto ako stane taka.. samo negativni mislim, mnogu se plasam, bideki se uste ne mozam da veruvam deka sum bremena mozebi koga ke gi vidam vo eho togas se ke mi bide po jasno
Девојчиња да ве прашам... Вечер треба да пијам Естрофем од 2mg. Успеав по аптеките да најдам само од 1mg. Дали е во ред да испијам две таблети од по 1mg и на тој начин да ја конзумирам посакуваната доза? Јасно е дека 1 + 1 е 2, но морам да прашам
Здраво. на 2 ден од менструација LH- 3,6 E2 - 50.8 стимулирана со мериоферт 5 дена по 3 инекции дали мислите дека е во ред според резултатите ? :/
Девојки дали на некоја од вас при боцкање со супрефакт и се појавила ваква реакција локално околу местото на боцкање...вчера се боцнав за прв пат и немав никаква реакција а денес црвенило мал оток и чешање и ме фака атрав малку па да не има некоја друга вакво искуство
Ти благодарам многу навистина ми значи. Поддршка имаме од најблиските на повеќето немаме кажано дека го минуваме овој пат но како и да е ќе се потрудам да имам позитивни мисли. Па да се надеваме дека ќе вроди со позитивен исход. ❤️
Здраво на сите, после долги консултации и обиди сепак сме за ivf и се приклучувам на групава. Доведовме колку што можеме со хормони во нормала и поздрава исхрана. Може ли некој совет плус на што да се припази и да се спрема дур чекаме и бираме доктор? Дали Поповиќ систина или Трајковски newborn?
Јас сум кај Трајковски и сум презадоволна. Смирен, посветен за било што да го препрашаш ќе ти објасни. Дај Боже, да имавме вакви доктори повеќе но за жал на прсти се бројат.
фала ти на брзиот одговор, секако има многу позитивни искуства од кај Трајковски,дали може некој да сподели инфо за Поповиќ
веќе помина само прв пат ми се случува вака и ми беше мисла сега ќе видам со утрешното боцкање дали ке појави нешто
Ми се правеше и мене одма после боцнувањето ама брзо го снемуваше. Не го чепкај местото, нема потреба за паника.