Женски здраво, ај ве молам ако може некоја ид вас да ми каже кај се наоѓа имунологија?? Од кај влезот кај рамстор??
Може нема конкретно да ти помогнам, ама еве за поддршка.. не само сопругот туку и мене ми е намалено. Дури и со суплементи и хормони, немаме желба за секс. Мислам дека сето тоа темпирање на односи, овулации, долгогодишни разочарувања си го земаа данокот. Близината меѓу нас е променлива, и во физичка и во инаква смисла. Не е лесно да се минува овој пат, но среќна сум што секогаш се наоѓаме еден за друг кога ни е потребно и си даваме поддршка. Комуникацијата е најбитна, и да се најде начин на повторно зближување. Бидете стрпливи. Ако сака да посети психолог, може само да помогне. Поздрав
Toa e od dolu koga ke vlezes od kaj hipokrit i odis nagore nakaj klinikite odma shtom ja pomines taa rampata za avtomobili od desno ti doaga.
@Malecka@ достинексот побрзо го регулира пролактинот во споредба со бромергонот. Но сепак ти треба консултација со гинеколог или ендокринолог- зависно кој ти е подостапен, за да ти ја утврди дозата. Ќе се среди.
Девојки/жени имам прашање. Дали постои некоја друга разлика во долг и краток протокол за ин витро освен квантитет? Дали има разлика во квалитетот? Знам дека за краток протокол е поевтино и помалку боцкање е.
Пролактинот може да се намали со бромергон или со достинекс апчиња,но никако на своја рака. Јас од 80 го намалив на 10, и си стои на 10 веќе долго време. Пијам бромергон, почнав со помала доза сега пијам минимална и ќе го пијам до забременување и во бременост до 12та недела. Безбедни се, за разлика од достинекс за кои нема податок дека може да се користат во бременост. Ова ми е кажано од ендокринолог кој ми ја одреди и терапијата. Лесно се средува без гајле, само советувај се со еднокринолог.
Врз основа на индивидуалната состојба на секој поединец докторот оценува со каков протокол ќе се тера.Зависи од многу работи,хормоните,полицистични јајници,амх колку е и докторот врз основа на се оценува со каков протокол ќе се оди.Секој различно реагира на терапијата и според мене неможе да се споредува краток и долг протокол кој е подобар туку проценката на докторот да биде добра,да ги земе сите сегменти и испитувања во обзир и врз основа на тоа да одлучи.Кај некои жени подобар резултат дава долг протокол а кај некои краток.Имај доверба во докторот,сепак ова е само мое мислење
Кај мене по хиперстимулација нагло опадна амх и одтогаш се оди само со краток протокол , јас некако си заклучив дека кај жени со низок амх секогаш одат со краток протокол за да не се доисцрпи ионака малата резерва но земи го со резерва мислењево , не знам дали освен оваа причина има и други, во секој случај докторите одлучуваат со каков протокол ќе се оди
Јас бев со краток протокол првиот пат, добро реагирав и ми извадија по 5-6 од двата јајници. Сега, околу 6-7 месеци по таа стимулација десниот јајник ми е сосема неактивен и немав од таму јајце клетки. Сеуште барам објаснување за ова. Докторката ми рече може да има повеќе фактори, меѓу кои и возраста, дека некогаш може да се случи нагло трошење на резерви.
Сопругот лани направи. Успешно помина интервенцијата, добивме материјал. За докторот само пофални зборови.
Девојки некоја да порачала од Урошевац овие дена од апотека дали има ,едни ме извисија некој друг да не знаете,да ги донесе до Скопје
Devojki maz mi bese so oligoasthenoteratozoosperma primal 3 meseci inekci i apcinja i sega mu e poloso doktorot mi rece cryptozoospermia mi rece deka trebe intervencija so tese. nekoj sovet me volam dali na nekoja mu slucelo vakvto nesto
Дали некоја имала искуство си Баџаков од Систина? Имам интрамурални миоми кои ми поранаа во бременост треба да се вадат со рез поради позицијата, Лазаревски ми го препорача него ама лично искуство или од некоја блиска на вас многу ми значи, бидејќи и Петровскаон ми ја препораче а од неа сум крајно незадоволна