jas kaj Baxhakov pravev histeroskopia i laparaskopia, operacijata mi zaversi mnogu dobro ama ne znam jas cekav po veke od nego, posle operacijata ne dojde ic da me vidi vo soba kako sum, ne znam jas nemam dobro iskustvo so nego
@Snaata правев лапароскопија на ГАК и ми го препорачаа таму за понатамошни консултации ако сакам да чујам повеќе мислења за мојот проблем. После тоа негов колега од Систина исто ми го препорача да отидам на консултација, не отидов од причина што тој е добар оператор, ако треба да се вади циста/миом такво нешто бил многу добар, на мене ми треба друг тип на специјалист. Се што имам е препораки од други луѓе, немам лично искуство. За секој случај можеш да отидеш на повеќе места, одлуката си е твоја, ќе видиш сама кој ќе ти остави убав впечаток.
Мене ми е важно да ја изврши операцијата како што треба, бидејќи борбата за бебе треба продолжи некако малку полн со себе и арогантен како и сите доктори на преглед а кога треба професионалност и кога бараш одговор или молчат или измислуваат милион изговори
Фала на одговорот немам сила да одам и по други мислења и за ова, веќе сум на последни сили, а и ми закажа за во вторник до недела да се размислам и да му се јавам
operacijata ke ja izversi kako sto treba da sedis rahat za toa, ama kako covek ne mi se svigase, ova e mojata iskustvo
Девојчиња ако може мислење, имам хипотироидизам со хашимото веќе 4 години и си примам терапија. Тсх ми е океј во граница на нормала, но антителата ми се многу високи (ги немав проверенo можеби 1 година). Дали високите антитела би правеле проблем со инвитрото? Дали е можно да се одложи со цел да се намалат или пак ако не ги намалам а почнеме со постапка и ја истераме целата процедура би влијаело на успехот на IVF?
Ако смогнеш сила, да пробаш да отидеш и на трета консултација кај Димитров во Ремедика, за овие и слични состојби он е еден од топ оператори кај нас, плус има око соколово за поставување дијагнози од вакви проблеми, гледа работи што други доктори не ги гледаат. Знам дека веќе имаш дијагноза и е само прашање кој ќе го изврши зафатот, ама чисто како совет ако другиот доктор не ти оставил најдобар впечаток. Инаку позната ми е твојата ситуација и многу ми е жал што така се завршило и ти посакувам што побрзо повторно да забремениш и овој пат да биде се во ред.
Почнав јас кај Димитров и имам лошо искуство со него почнав со него првите 5 години од оваа борба, знам дека е као добар за тоа и како и за други работи ама неговата ароганција и јас врв на светот прави грешки огромни а јас како да сум дел само од тие 0.01% за сите негативни работи
Јас сум со крш тироида,јазли,високо тсх,високи антитела над 1.000и фала Богу имам успешно ивф,со терапија и контрола некако успеав,а исто бев загрижена дали воопшто ќе успеам...се наредија коцките терапија,редовна контрола и ќе биде...тим на доктори и ќе имаш успех.Мојот тим е Ивановски,Донева ендокринолог од 8 Ми септември,и Др.Јани на трансфузиологија.Ти посакувам успех
Па јас досега што сум била на контроли не ми рече ниту еднаш Лазаревски дека би било проблем, ама го нема видено последниов резултат со покачени антитела. Докторката од Патофиза ми рече дека не би требало да е проблем... се надевам дека навистина така ќе биде
Мила и јас сум со хашимото, со години примам терапија и ја држам под контрола. Антителата ми се проверени пред околу 2 и нешто години, ниту еднаш не ми спомнаа да ги проверам пак пред постапкиве, а неколку пати прашував. После позитивната бета, ми се покачи тсх и пак тогаш прашав да не треба да ги проверам, ист одговор добив дека нема потреба од проверка на антитела, само на месец дена проверка на тсх и фт3. Ти посакувам успех
@babybubu со среќа мила, се ќе си биде @Snaata Не си само ти во тие 0.01%. Кога се испитува нон стоп нешто, како што ние за жал мораме, нормално е по нешто да испадне. Знам дека се чувствуваш така, а верувај скоро сите така се осеќаме, само нека има решение. Од друга страна па кога нема проблем, а сепак не доаѓа до бременост исто не е лесно. Ќе испадне ова нашево нема сосема здрави, само непроверени Интересни ми се девојките кои не се соочиле со вакви проблеми, кога ќе им спомнеш метилирана фолна викаат, а тоа е само за тие со мутации. А, не знаат дека скоро и да нема некој, барем јас не видов на форумов да испита и да нема некоја лесна мутација. Ама ги разбирам и подобро да не знаат. Мн се нервирам со циклусот женски. Пред да почнеме со обиди ми доаѓаше секогаш, како швајцарски сат, на 29ти ден, најчесто насабајле. Ми имаше закаснато само неколкупати, можам на прсти да избројам колку, кога пуста јас ќе се уплашев заради некоја ситуација што сме ја имале со сопругот, тогаш свршеник, да не сум бремена, па чудо е мозоков, само тогаш знаеше да ми закасни 2-3 дена. Леле кога ќе ми текне сега, а тоа шанси немаше, баш се пазевме Откако почнавме со обиди почна да ми доаѓа на почетокот ден, два порано, па се стабилизира и летото кога имав многу голем стрес 3 пати ми закасна 4-5 дена. Ми направи сомнеж малку и ендокринологот, ме убедуваше дека во тие месеци сигурно сум имала инверзија на лх и фсх, чим ми закаснало толку, а јас никогаш кога сум ги испитувала сум немала инверзија. Ама нели сега сите сме со пцос, па нејзе и е чудно, зошто немам инверзија, инсулин ок, ехо ок, ама андростендион покачен. Добро, знам дека има пцос само со покачени андрогени, ама тоа не значи дека имам и инверзија. Пак се стабилизира, па тамам се израдував и минатиот месец ми дојде првпат во животов на 26ти ден. Денес ми е 29ти ден, уште не ми е дојдено. Да сум бремена баш месецов не верувам, а плус сум под јаки терапии за хормони и не е пожелно. Оффф бреее Има ли простор да се загрижам? Ендокринологот ми рече за минатиот месец дека можно е од терапијата што ја почнав тогаш брзо, пред 2-3 недели да дошло порано, ама сега па касни. Нели треба хормоните да се регулираат од нејзе, а не да ми се пореметува циклусот. Ај ваљда ќе добијам утре, задутре Се изнапишав, во мој стил , сори
А каква хормонска терапија пиеш, @MarijaMi90 ? Се разбира дека е многу можно од неа да ти се пореметил циклусот и му треба време да се навикне организмот, а со тоа и менструациите да се доведат во баланс. Иначе јас сум ти типичен пример на ПЦОС без инверзија на ФСХ и ЛХ, напротив ЛХ што е обично повисок кај девојки со ПЦОС, кај мене вредноста му е секогаш меѓу 4.5 - 5, кога отидов на ендокринолог исто не ми веруваше дека немам инверзија и ме испрати на повторно испитување на хормони бидејќи мислеше дека ќе види инверзија и секако дека не виде, резултатите на тие два хормона ми беа како што и секогаш ми се. Нели еднаш и ти пишав, јајниците не ми се полицистични на изглед, ама дијагноза ми поставија врз база на покачен андростендион и АМХ. Инсулинот и кај мене на гладно е секогаш добар, ама беше многу покачен на тест за толеранција на гликоза и инсулинска резистенција после оптоварување со раствор (на второто мерење). Мал е бројот на жени и без ПЦОС кои добиваат менструација точна ко саат, отстапувања од ден-два, па и три не се загрижувачки, се додека нормално овулираш.
Пациент сум таму веќе 4 години, прво со приоритетен па после тоа дава упат докторката што ќе ти биде таму. @MarijaMi90 ти благодарам мила
Девојчиња треба да добијам денес или утре и да одам кај Лазаревски од 2 ден од циклус. Сега се слушнав до сестра Анита и и кажав дека немам добиено и дека можеби и утре ќе добијам, па дали да одиме во сабота на 02 ден ако добијам утре. Ми рекоа да одам утре без разлика дали ќе добијам или не да ми даделе шема и кога ќе добијам да почнам со стимулации. И сега сум цела во прашалници, како би ми дале шема ако не ми проверат хормони прво?
И јас ја добив шемата пред циклус. Почнав да се боцкам од прв ден а на трет ден бев за хормони. Не се оптеретувај премногу , опушти се се ќе биде во ред
Мила не се секирај тие не работат сабота затоа отиди си утре и нека ти ја дадат шемата докторот ти ја знае ситуацијата сигурно а да си мирна би ти перепорачала да си земеш упат од матична за хормони посебно за( Е2 естрадиол) и прогрестерон и испитј си на државно и напиши му на докторот на меил и ке ти каже тој мада што не се плаши и верувај му на докторот јас бев кај него и имав е вака многу прашаници а зошто вака зпшто така ама еве галам полно меше веке 5 месец така да психата многу влијае опушти се и верувај среќно..
Миличка, многу ми е мило што прочитав за тебе дека си успеала, да си имаш најлесна бременост до крај и рацете да ти се наполнат со љубов!Упорноста мора да се исплати на крај, не треба да се откажуваме и кога шансите се навистина мали и недостижни!
Девојки денес ми е 68ми ден од циклус. Пиев дабростон 5 дена и требаше откако ќе ги прекинам да ми дојде менструацијата после неколку дена, така ми кажа докторот. Терапијата ја завршив пред 8 дена и УШТЕ НИШТО. Добро има ли некоја од вас на која и се случило вакво нешто??