Честитки мила, имај лесна бременост, знам дека си во прашалници, но мислам дека си бремена и дека бетата ќе биде висока!!!Со лесно
Каде испитувате мутација за да пиете метилирана фолна? Со упат од матичен/матичен гинеколог или специјалист треба? И колку чини? [USER2105]@Mimmi39[/USER] ме исплаши ова што го прочитав за витамин C и Q10. Јас веќе две недели пијам и тоа и тоа..на интернет читав за поврзаност ама немаше дека не треба да се пијат. Исто така пијам и едно Нескафе на ден. Секој ден нешто ново учам... имам полна тетратка со белешки.
Со упат од матичен гинеколог, на трансфузиологија или имунологија од 1500 до 2000 и нешто е партиципација во зависност од тоа што ќе ти назначат за испитување
VO CENATA E SAMO TRANSFEROT VKLUCEN I PUNLCIJATA I ANSTEZIJATA PRI PUNKICIJA . A SEMATA I INEKCIITE SE PLUS I HORMONALNITE ISPITUVANJA SE PLUS. MENE PRVOTO INVITRO VO STIP PRAVENO PRIVATNO MI FATI OKOLU 210000 ILIJADI . A VTOROTO INVITRO GO RPAVEV VO NEW BORN SO VAUCER OD FONDOTO DOBIV PAK SI DOPLATIV ZA INEKCITE USTE 30 000 ILJADI.
Многу премногу поскапиле,пред 3 години платив 82 илјада денари,вториот пат имав попуст и платив 72 илјада денари ,што ли мислат каква плата земаме,како намерно да прават да не може да си дозволиме да станеме родители .Со тие пари може и надвор од државата да си дозволиме на приватно.Оваа за New Born важи.
Леле луѓе, што се овие испитувања сега? За дел сум слушнала од вас тука, отприлика знам што се како се, ама дел првпат ги гледам? Имам слушнато за антиспермални антитела, за cross-match, за кариотип, за тромбофилија, овие ANA, другиве кратенки, за некој сум слушнала, ама појма немам што се, за лупус исто знам што е, тоа барем го знам хаххаа Треба ли да имаш одредени индикации освен неможност да дојде до бременост, како на пример спонтан или за секој случај се испитуваат? Или можеби пред ин витро постапка или после повеќе неуспешни ин витра? Што значат па антиовалијарниве антитела? Со среќа @DTN, нека има убави резултати Ама јас се упрпав кога ја видов листава колку е долга. И често спомнувате кариотип, тоа е за мутации или?
Еј не паничи безвезе @DTN има веќе три неуспешни трансфери зад себе, плус има покомплицирана дијагноза (сори ДТН што одговарам наместо тебе, се надевам нема да ми замериш). Вакви испитувања се препорачуваат после веќе едно или повеќе неуспешни ин витра или спонтани абортуси. Антиоваријални и антиспермални антитела се препорачува да се испитаат доколку воопшто не доаѓа до оплодување на јајце клетките и сперматозоидите, што честопати се заобиколува со употреба на методи како ИКСИ или МАКСИ, така што апсолутно не се неопходни според мене при ин витро постапка. Антитироидни антитела е пожелно да испитаат оние што имаат проблеми со тироида и болести на тироидата или ПЦОС бидејќи често двете дијагнози коегзистираат заедно. Доколку се јавуваат спонтани абортуси и неуспешни имплантации најважни да се испитаат се АФА (антифосфолипидни антитела) кои се врзани со коагулација на крвта, АНА (антинуклеарни антитела) за дијагноза на лупус и ревматоиден гастритис бидејќи во тој случај најчесто се примаат имуномудулатори пред и после трансфер. ХЛА типизација апсолутно не ми е јасно зашто се прави, кога и да има поклопување помеѓу двата партнери, терапија не постои. На 12 недели се прави НИФТИ или друг пренатален тест за детекција на абнормалии на плодот. Кариотипот е корисен после неколку неуспешни постапки, бидејќи во случај да е абнормален, опција е ПГД на ембрионите пред трансфер за да се добие генетски здрав ембрион. Она што според мене не е лошо на почеток да се испита се хемостаза (времиња на коагулација) и генетски мутации за тромбофилија и д-димери, иако почнува меѓу докториве да станува пракса да даваат антикоагулантна терапија после трансфер (аспирин или клексан или двата), така што донекаде дури и да не се испитани, сме покриени. Плус хемостаза и д-димери обавезно се проверуваат после позитивен тест во ин витро, така што и да има индикација, терапија ќе биде препишана.
Фалаааа многу Добро е, за повеќето состојби има и полесно решение. Не испаничив многу, ама да, мн долга ми се виде листата . Уште еднаш со среќа @DTN, испитај си што треба и да се најде решението што побрзо кај сите
Taka e za Makedonija toa e mnogu . Vo stip bese 125 000 iljadi samo transfer i punkcija i okolu 60000 prlativ za inekciite i site okolu ispituvanja prethodno mi fati 210 000. A sega so vaucer vo new born doplativ uste 30 000 iljadi.
@MarijaMi90 Фала ти на убавите желби, ти ги возвраќам Нема потреба од паника, можеби јас испуштив што не потенцирав своја историја во постот, зошто сум воопшто стигнала до точка да размислувам за некои од овие испитувања. Некои членки сме тука долго време и си ги знаеме историите, па се разбираме зошто прашуваме. Спомнав и во постот - дека ќе разговарам со др, што од овие испитувања што сум ги истражувала треба во мојот случај воопшто. Мислам дека сите сме свесни дека не треба ни да претеруваме со непотребни испитувања, колку и да сакаме да покриеме се'. Но добро е да сме информирани па да знаеме што да прашаме и разговараме со нашите доктори. Мислам дека @ladystardust објасни предобро за испитувањава и останато, немам што да додадам. Поздрав до двете
Да, да разбирам се. И сама спомна дека доктор ќе ти каже што конкретно треба. Сакав само да се информирам и да, преубаво ми објасна @ladystardust. Ние, во групава, си се разбираме како ни функционираат мозоците и си ги сфаќаме една на друга сомнежите. Камо докторите вака детално да ни објаснуваа, чест на исклучоци, ама тие само ќе ни кажат нема гајле тоа, има гајле, па ние чувствуаме некоја несигурност. Ги разбирам, немаат толку време да се посветат толку детално да објаснуваат, важно е да не се направи штета. Овде членките кои се подобро упатени објаснуваат и зошто нема гајле зошто знаат и тие кои мисли им се вртеле во главата и затоа мн подобро си се разбираме
Еј женски, како оди за инвитро за второ дете. Колку треба да е старо првото? Инаку, сме со успешна приказна од првото инвитро, и на сите ви посакувам многу среќа и мн дечиња
Нека ти е живо и здраво детенцето!!! Треба да наполни 18 месеци пред да ти ги разгледуваат документите за второ дете, нека биде успешно од прва