Девојки после хистероскопија каде е направена метропластика на т форма и скречинг пиевте ли циклопрогинова и естрофем?
Девојки тука прочитав за некоја метода кога се зема крв крв од вена, истата се обработува некако и потоа пред трансфер се вбризгува во матката за полесна имплантација Ова е така наречено "лепило'' Знае некоја од вас за вакво нешто?
Декортин во Њуборн даваат 3 дена пред и после трансфер,некако многу ми изгледа да ги пиеш до тест па и после.
Постапката се вика рејувенација на матка или ПРП на матка (англ. uterine PRP rejuvenation) и најчесто се прави пред трансфер во случаи кога ендометриумот е тенок, за да се постигне негово задебелување, а со тоа и да се оптимизираат шансите за имплантација. Истата постапка се применува и кај јајниците - ПРП или рејувенација на јајници кај пациентки со низок АМХ и предвремена оваријална инсуфициенција.
Не би знаела да ти кажам, јас немам искуство со ПРП, погоре напишав само од она што имам читано и истражувано. Ќе сподели сигурно некоја од членките што има правено.
Како ќе одреди докторот. Јас пиев до бета и ми рече дека ќе продолжам и ако добијам позитивен тест. За жал не добив и ги прекинав заедно со другата терапија.
И ја сум во слична ситуација. Во Ремедика имам замрзнато бластоциста и планирав месецов да направам ембриотрансфер. Ама, одложив зашто примив една доза вакцина. Се консултирав со Д-р Димитров и ми кажа може веднаш после втора доза да правиш трансфер. Решив после втора доза да помине барем месец дена, па тогаш.
Нашите доктори се уште не излегле со официјални препораки на прашањево, барем јас не сум видела соопштение. И во Србија исто читав, нивното ИВФ здружение ја повика фелата да се изјасни, а дотогаш дадоа препорака да се следат насоки од странски ивф институции кои излегле со став. Странски ивф клиники секако викаат дека одлуката за вакцинација е индивидуална, но некои од нив дополнително препорачуваат за тие што ќе се вакцинираат - да има барем два месеци пауза помеѓу втора примена доза вакцина и почеток на ивф постапка.
Јас сум правела прп на матка. Да, така е постапката, но не се прави на ден на трансфер, туку минимум 2-3 дена пред трансфер, ...за задебелување на ендометриум. Во систина, отприлика мислам 6000 беше или 3000 и нешто, сум заборавила.