@Natali.Vud најдобро закажи си консултација кај доктор. Пред да ти истече ваучерот може докторот ќе ти каже нешто што би можело да помогне. Се надевам нема да прави проблем.. Интернетот вика дека може да се направи drainage на циста или пункција пред да се почне со ин витро за да не им смета на растење и формирање на јајце клетките и фоликулите, ама сепак докторите знаат поубаво.
Daaaa eve jas ushte ja pijam cikloproginovata ... mislam deka tie gi davaat za da se ojacha endomitirumot zdebeli
Здраво . Поминав пункцијаа од 8 јајце клетки 5 се оплодилее денес ми се јави ембриологот е сега стварно не знаев што да го прашаам дали се прашува каков квалитет се или нешто друго ми рече дека и утре ќе ми звонел
@Jovana-95 честитки и со среќа понатаму! Изгледај го видеово, ќе ти стане појасно и може ќе имаш идеја што да прашаш. Најверојатно секој ден ќе ти се јавуваат до петтиот ден кога јајце клетките се бластоцити.
Здраво девојки,сите вие овде сте го поминале мојот пат,па сакам да ве прашам ... Имам 24год. 2 години се обидуваме за бебе по природен пат и неуспешни се обидите.. имав висок инсулин хормон,и имам полицистични јајници. Месецов правевме прва инсеминација и таа беше неуспешна.Инсулинот го доведов во нормала со терапија но кога бев за инсеминација докт.ми рече да обрнам внимание на тсх требало да биде околу 2 за бременост а кај мене е 3.14. и кажав на матичната но таа ми рече дека немало потреба за терапија и за ендокринолог,не било страшно.. што мислите околу ова? И дали да инсистирам за упат за сепак да ме види ендокринолог бидејќи овој циклус ќе паузираме а следниот повторно со Кломифен и инсеминација.
Јави се кај докторот за ивф да те види, најдобро е јајниците да се чисти. Кај мене еднаш имав водена циста и со таблетки ја снема, и веќе нареден циклус си продолжив со постапка. Ваучрот ти важи така да имаш време да се среди. Закажи си кај ендокринолог. Матичните обично на почеток се игнорираат, демек има време, се ќе се среди. Најдобро со ендокринолог.
Да ти кажам, решив да почекам зашто ги чекам резултатите од магнетна, па да испитам пролактин пак. Иначе, требаше да правам скречинг, ама ќе одложам за следен циклус, чим веќе ми се одложи целава работа, подобро да го средам пролактинот. Интернистот ми даде Пролутекс, ама нејќеше да ми го продолжи. Сега пак истата постапка. Фала сепак, се најдобро.
Мислењата за тсх се поделени. Поинакво мислење ќе добиеш од ендокринолог, а поинакво од матичен или од интернист на пример. Знам дека на ендокринолозите им е ова специјалност, но знам и интернист којшто исто работи со мн пациентки за тироидна и од којшто мн се задоволни, а не препорачува терапија ако инаку немаш проблеми со тироидната. Е сега, искуството е од некој на којшто сепак пониска му била отколку тебе, но сепак малку повисока за бременост. Секако ќе си слушаш лекар, но јас на твое место би испитала и фт3 и фт4, тие се поврзани со тироидната и најважно антитела. Ако антителата се покачени, тогаш треба да се зема терапија и гледај да си ја средиш при следна постапка, за да си ги зголемиш шансите за успех. Ако не се, значи дека ти е нормална и немаш проблем, но вредноста е малку повисока од тоа што е идеално за бременост. Не дека мн жени немале успешна бременост и со таа вредност. Консултирај се со ендокринолог.
Спомна дека имаш пцос. Си испитала ли и андрогени хормони и дополнително инсулинска резистенција (покрај стандарден инсулин)? Најтопол совет, да си се видиш со ендокринолог обавезно. Јас се борам со потешка форма на пцос и ти советувам од искуство, да си одиш со време. Ќе ти каже ендокринологот подетално и за тсх и ќе ти препорача и што дополнително да си провериш за пцос. Доколку можеш да закажеш кај Катерина Адамова на Клиника за Ендокринологија, со двете раце ти ја препорачувам. Поздрав
Сега вака,бидејќи термини нема никаде за ендокринолог на клиника,дали доколку отидам на приватен би ми дал упат за да испитам се што треба на државно? Неможам да чекам термини за на државно и за април се е зафатено..
Бидејќи спомнувате ТСХ и антитела да си прашам и јас. Веќе претходно прашав на темава, го прашав и Лазаревски но сепак ми е во мисла. Почнав со стимулации и во петок ќе одам на контрола, па ќе ми уклучат и плус терапија. Тсх ми е малку и во хипер отидено па ендокринологот која што ме води 4 години (имам хипо/хаши) ми ја намали дозата на Еутирокс. Но антителата тироглобулин ми се многу високи, а анти-тпо ми се малку покачени. Го прашав Лазаревски дали тоа ќе влијае на успехот на инвитрото само рече ќе вклучиме липиди и толку. Дали имаш некаква информација околу тоа како тироглобулините антитела би влијаеле на инвитрото ?
Ах, мила, јас стварно не се разбирам, да бидам искрена немам испитано антитела, зошто тироидната секогаш ми била под 2 кога сум ја испитувала, иако знам дека и тоа не е правило дека сигурно не се покачени. Знам само на моја блиска особа и беше препишана терапија зошто и беше над 2 и различни мислења имаа докторите, не зборувам сега за обичен гинеколог, туку за интернист, ама поупатен со хормони и ендокринолог. Мислењето на интернистот беше дека мора да се испитаат и антитела пред да се почне со терапија за тироидна. Толку знам. Ама можеби ќе има тука некој подобро да ти објасне. Веројатно со тие липиди што ќе се вклучат ќе си покриена, ама стварно не знам јас, не се разбирам во ова. @A.a.gj а да ја замолиш општата матична приоритетен упат да ти даде? Инаку може да си одиш ти секако на приватно кај ендокринолог, а за испитувањата да ги правиш на државно, само не знам дали ендокринологот на приватно може да ти даде упат. Јас за жал се си плаќам приватно, во моментов не сум осигурана во Мкд.
Ти благодарам најмногу за одговорите Најверојатно ќе земам приоритетен па ќе видам што понатаму. Несакам да оставам на случајност, голема е маката и тешка е борбата за бебе.. ќе направиме се што е потребно
Здраво девојки/жени, да се приклучам во тимот "кај најде баш сега да ми касни", а треба да почнам со ФСХ стимулација. Со среќа на сите, верувам дека ќе биде се ок, како кај мене така и кај сите.
Нема термини, точно. Повторно мислам дека ги вратија интерни клиники во ковид служба и тоа е. Ако одиш на приватно, нека ти наведе ендокринологот што точно да испиташ, и кажи му дека сакаш на клиника испитувањата. Па после со таа листа оди кај матичниот гинеколог да ти даде упати за тоа што може на државно да се испита.
Здраво, јас со тсх 3.30 пијам еутирокс од 25, а за викенд 50 ми зголеми после еден месец бидејки падна на 3 а планоран трансфер за брзо.. термини на државно нема ни за лек.. бев приварно во Ре Медика кај др. Стефанка
Дечки, стварно има ли некој во групава со ултра висок АМХ (= вреднoст над 10 mg/nl)? Не сум нашла инфо во постови наназад.. Мојата вредност е страшна како рефлексија на тежок пцос, па сакам да споделам мислење и искуства со некој со сличен проблем. Ако постои таков..