Cestitki najgolemi so lesno bremenosta I zivi zdravi bebule.Ako mozes da spodelis dali bevte so maski faktor Ili zenski fakor
Здраво Денес ми е 1 ден од трансфер имам дијареа дали нешто влијае на успешностааа премногу се преплашив
Благодарам миличка и кај тебе побрзо Бевме со женски фактор, извадена едната туба поради хидросалпинг и неправилна форма (проширена), а другата со мала проодност. Имав и матка во форма на Т но, со направената лапараскопија се реши и тој проблем.
Девојки денеска бев на клиничка биохемија за хормони на трети ден од мензис. Не ме примија, ме вратија со објаснување дека за викенд повеќе не земаат крв. Сега ќе морам да одам во понеделник таму. Совет пред да одите зазвонете на нивниот контакт број да си прашате дали работат за викенд, да не губите време и нервози како мене.
Јас имам таква Не ми кажал до сега ниту еден (од 100) доктор дека може да биде било каква пречка за бременост. Само дека треба лежење на стомак место на грб после однос и практикување на доги стил
Откако ќе се направи скречинг и дијагностичка хистероскопија, колку време после тоа може да се прави трансфер? Дали првиот циклус е најбитен или може и во наредните. Лекарите викаат до 6 месеца, ама дали навистина е така.
Девојчиња добро утро, Дали некој од вас знае да ми објасни со што се случува со телесната температура после трансфер? Односно се изначитав дека ако си трудна температурата ти е покачена, ако не си тогаш температурата пред менструација паѓа. Не знам колку е ова индивидуално, ама во мојов случај (а денес ми е и денот кога треба да добијам) температурата ми е само 35.1 и се разочарав. Не знам дали има случаи на кои не им се покачила температурата, а имале успех? А што се однесува до другиве симптоми што претходно ги имав, сега се намалени, а и си ја добив таа менструална главоболка. Тоа е, ако некој знае за температурава да ми каже, баш ме интересира. Имајте убав ден
Мојата температура остана 36,6-36,8 С после трансфер и по позитивен тест. Никогаш не се качи на 37. Зависи како ја мериш, кога, со каков термометар. Мој совет ти е да не мериш тт и ако си нетрпелива, да направиш тест. Нема потреба да се чека 14 дена за тест. После 8-9 ден веќе се знае дали има или нема бременост.
Да, мојата падна, беше 36,4 сега 35. Ја мерев и со живин и со електронски. Ќе направам тест се разбира, ме интересираше за температурава. Фала ти @Mimmi39
Јаа ги имав сите симптоми за бременост. Тт имав до 37.4 и на крај негативна бхцг. Така да не мисли на симптомите, индивидуално е. Ти ја пуштам целата среќа за позитивна бтхг и лесна бременост.