Девојки, имам едно прашање, дали некоја од вас правела ИВФ без предходно па прави инсеменации? Ние се обидуваме подолго време и некако не сакам да губам дополнително време со инсеменации туку би сакала дирекно инвитро, но незнам дали воопшто има таква опција во приватниве клиники..
Ima sekako ako sakate na privatno da si platite paricki, ako sakate preku FZOM togas vi trebaat poveke dokumenti
Секако дека можеш ако сакаш приватно да платиш за целиот процес. Може да ти предложат и они да пробате со инсеменација но доколлу инсистираш ќе ти направат ивф. Но доколку сакаш преку фондот а немате некој проблем кој не би дал успех со инсеменации нема да ти биде прифатено барањето. Имате некои испитувања направено?
Ако сакате преку фонд, а немате конкретен проблем, тогаш за да добиете ваучер ќе ви требаат и 4 инсеминации. А ако си плаќате приватно, тогаш се може
Да, сите испитувања ги направивме и се е во ред, но после 2+ години обиди успеав само еднаш за забременам, но и тоа заврши со спонтан...
Конечно дојде време за нов обид кај мене денес поднесов за втор ваучер(трет иначе пошто пробав на природен одма после првата неуспешна пункција) Ги поднесов 10тина дена порано и знам дека нема да ми ги разгледаат до 2 ри април ама тоа е неможев повеќе да чекам Ајде чекаме одговорче сеа па здравје мајска дружба ке имаме
Јас лично би пробала барем со една две инсеменации чим така НО ако сте решиле така слободно и со среќа чисто информативно околу 3000 евра сигурно ќе ве фати да си имате во план
Благодарам Трошокот е уште една причина поради која сакам да избегнам инсеменации, не сум од ск а во мојот град државна гинекологија е катастрофа, така да од старт одам на приватно
Можеш без да правиш инсеминации да правиш инвитро ама тоа само ако си плаќаш се приватно.Јас на пример правев една инсеминација и после одма на инвитро ама се правев приватно.Мој совет ако единствено ги немаш извадено двата канали или тежок машки стерилитет да си пробаш со инсеминации
Благодарам на советот. Имам канали и добар спермограм/спермокултура, проблемот е што почнав да се откажувам, губам воља за борба и нови разочарувања , едвај и на ивф се терам ( знам колку глупаво звучи имајќи во предвид колку фемки има со многу подолга борба од мојата, верувајте ми, и јас би сакала да сум посилна).
Инсеминации можеш да направиш на ГАК не зависно од кој град си, матичен гинеколог ти издава упат за амбуланта за потпомогната репродукција и од таму после те распределуваат. А на ГАК се речиси бесплатни, се плаќа некоја минимална партиципација. Без ниту една направена инсеминација, тешко е да се тврди дека ќе бидат „за џабе“. Од друга страна пак, сите сакаме ин витрото да го гледаме како некое инстант решение за постигнување на посакувана цел, ама реалноста е дека ни тоа, ни оддалеку не е гаранција дека ќе биде од одма. Дури и кога е направено приватно за 3000 еур. Доколку немате очигледен проблем, апсолутно не гледам причина да се штеди на инсеминации, а да се фрлат неколку илјади евра на ин витро, кога може тие инсеминации безболно да се изведат и ин витрото после тоа (доколку има потреба од него), да ви биде финансиски покриено.
Знам мила те разбирам,ама никогаш не знаеш каква среќа може да ти донесе.Пробајте барем со една,можеби твоето јуначе ќе те изненади.Биди силна и никогаш не губи надеж,со секој чекор напред си поблиску до целта.Ќе има моменти ќе паѓаш,ќе се разочаруваш,ќе мислиш дека неможеш повеќе сма верувај се поминува,во тие моменти ќе најдеш трошка храброст и повторно со цела сила ќе продолжиш напред.Сите сме имале такви моменти
Фала мила моја, богами после толку инекции и протоколи телото ни е во делириум, ќе биде во ред се надевам наскоро
Еве јас имам правено инсеминации на природен циклус(без стимулации), Систина не фати се на се 20 000, сите трошоци, ГАК 900 денари. И на ГАК функционира, само директно си се качуваш на 3 спрат си го бараш Тофовски и си завршуваш работа без шалтери и слично. Човекот е многу ок. И јас сум од друг град. Инсеминациите понекогаш помагаат каде што нема проблем со канали. Јас имам проблем со нив, затоа се префрливме по две иуи на ивф, преку фонд, меѓутоа со еден изваден канал и еден нефункционален. Испаѓа дека можеби ивф е единствената опција. Меѓутоа нема штета да се проба една, две иуи. Сепак е сопствен избор. Со среќа како и да одлучите.
Јас правев директ ИФВ ама бевме со машки фактор олигоастенотератозооспермија со подвижни <4 и самиот доктор ме советуваше директ ифв.. Ти посакувам успех