Zdravo devojki, ve molam za iskustva i nesakani efekti od invitro terapijata (hormonskata terapija) dali na nekoja od vas vi vlijaelo psihicki (depresija,razdrazlivost,panicni napadi i sl...) I posle kolku vreme moze da se vratat smrznati embrioni posle prv neuspesn obid.
Психолошкиот товар од терапиите и лечењето неплодност е огромен за сите нас, а особено за оние што и порано сме со соочиле со тегоби од типот на анксиозност, страв, раздразливост, нервоза, депресија. Не е само хормонската терапија каде е докажано дека флуктуацијата на хормоните, особено естрогенот влијае врз расположението и нивоата на аксиозност, туку и самиот процес, стравот од непознатото, од исчекувањето на исходот само додаваат на тежината. Но сите овие чувства и состојби се нормални, особено после неуспешно ин витро. Дај си време колку и да ти треба, гледај да размислуваш за иднината со позитивна мисла за она што допрва те чека, во случајов дека имаш замрзнати ембриони што значат нови шанси. Пролет е, искористи го сонцето надвор за прошетки, фрли се на јадење сезонски овошки и зеленчук, пробај да го негуваш телото и физички и психички (една страна поназад членките даваа супер предлози за вежбање јога) и направи си и муабет со психолог. Многу е тежок процесот и за да се истрае потребно е многу храброст, волја и чист ум. Инаку замрзнатите ембриони можат да се вратат веќе после еден до два циклуса, докторот ќе ти каже колку е потребно да се почека, а се разбира најважно е ти да бидеш психички подготвена. Со среќа на следниот обид
Кога сме кај продолжување по неуспешно инвитро, ако може да речам дека моето беше неуспешно и покрај тоа што не дојде ни до трансфер бидејќи не се оплоди јајце клетката, кога може да се продолжи пак ако одам пак со стимулации? Или пак после ваквото фијаско се оди со инвитро на природен циклус? Би сакала да споделите искуство бидејќи сеуште сум во шок од се што се случи, но ме интересира и што понатаму...
Прво,немој толку да се разочаруваш,патот не е нималку лесен но на крај сум сигурна дека кај сите ќе вроди со успех. Бидејќи веќе примаше стимулации најдобро е да почекаш барем 6 месеци за повторно стимулирање,а за да одиш на природен циклус можеш и побрзо,најдобро ќе ти каже докторот.
Офф а пак јас пак во исто време ја ставив , воопшто не ми текна на тоа дека сат време порано ке биде се надевам нема да има некои последици..
Колку време после пункција почнувате со вежби? Точак, кардио, стомачни, возење ролери...тоа планирам да си го почнам пак како претходно.
Здраво на сите,ми треба инфо од вас дали ова е последното упатство и дали ми е потребно уште нешто плус или ова се сите потребни документи кои требаат за ваучер. http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=306C802D19B4C6419E101965CD7EA6E6