mene dimitrov vo prvata sredba mi rece da napravam amh. Vrednostata mi bese 3 i imam 29 godini. No toj mi rece deka spored toa sto gleda vo eho, e uste po golema. Jas ne znam stvarno kako se meri, i do kade e limitot na rezervite i od koga pocnuva da se racuna kako pcos. Bas bi sakala mislenje
Јас сум денес дежурна на форумов со одговарања, ама тоа ти е, кога е човек на боледување и мора да си најде занимација Ќе ти објаснам колку можам подетално. Резервите не се гледаат само преку вредноста на АМХ, битна е и состојбата со антралните фоликули. АМХ може да е низок, ама на ехо состојбата со фоликулите и да не е толку алармантна. Ако те гледале на ехо и при тоа не обрнале многу внимание на вредноста на АМХ, тогаш тоа е охрабрувачки. АМХ упатува на тоа со каков ИВФ протокол да се оди, но не е и единствен индикатор, бидејќи конечната одлука за протоколот не зависи само од резервите, туку многу фактори се во игра - дали само намалените резерви се причина за инфертилитетот, дали можеби се присутни и други дијагнози покрај нискиот АМХ и слично. Јас погоре не пишав дека резервите не се трошат со стимулации, туку пишав дека резервите природно СЕ трошат секој месец, без разлика дали е циклусот стимулиран или не, единствено со стимулации се добиваат повеќе фоликули со зрели јајце клетки со потенцијал за оплодување, кои пак во природен циклус природно би се истрошиле, односно деградирале, бидејќи најчесто само еден фоликул ја достигнува потребната големина за да дојде до овулација и зачнување. Колку ти е ФСХ и колку е тој низок АМХ? Колку години имаш? Ако ФСХ ти е во рамки на нормала, искуството на членките овде вика дека не треба да го испраќаш и резултатот АМХ во фонд, бидејќи така само ќе си ја искомплицираш ситуацијата. Апсолутно не е неопходен, освен ако од фонд сами не ти го побараат.
Супер ти е резултатот. Имаш убави резерви. Пцос е над 3. Ама и малку да е над 3 не мора да значи пцос. Мојот амх е 6,7 па ми велат дека не е нешто страшно. Се додека андрогените хормони,тсх и пролактинот ти се во границата на реф.вредности, не треба да се грижиш и да мислиш на пцос. Треба повеќе параметри да исполнуваш за да ја добиеш таа дијагноза.
Јас му испратив порака на докторот да споделам убава вест ,а утредента направив бета....му ја кажав вредноста и ми закажа прво ехо за 2 недели .Имаш позитивен тест?
На докторот ке му кажеш дека имаш позитивен тест а нс 14 ден преку крв ке му потврдиш бета.. Честитки сепак си во рана бременост...
Стимулациите ги трошат резервите грешка се изразил тој што пишал дека не се трошат, зависи сепак со каков протокол се оди јас имав 6 обиди од кој си долг и краток и модифициран протокол и имам низок амх едвај една вадев јк последниот пат уапешно со една и еве ја во меше сега е бебе ете терам 5 ти месец така да знај дека секоја стимулација троши али не нагло затоа последниот пат одеше докторот кај мене со летеозол таблети докажано дека не ги троши резервите како што е кломифенот.. Инаку гледај ако е под еден не го праќај амх за документи зашто ке ти одобрат само со донирани ако ти е фсх понизок од 11 не бараат амх од фонд...
Девојчиња едно прашање, гледам претходно на темава имаат пишувано за акупунктура пред ивф или после неуспешно ивф и подобрување на циркулација итн. Е сега мене ме интересира дали наместо акупунктура може да се примени релакс масажа? Секако не е исто ама барем опушта малку од малку...
Ти благодарам за одговорот. Иако истото ми го потенцираа неколку доктори никако да се помирам. Останатите испитувања се добри, фсх 8.7, антрални 5-7 еден јајник, 2-3 другиот. Не дошло времето да се случи бременост. Сега веќе спремам документи за ивф. Регуларно 4 инсеминации поминав.
Честитки! Даваат сила вакви случаи Ќе пробам се што треба, додека не капне последната јк. Само се молам да ми дадат шанса со мои јк. Се надевам нема да ми бараат амх, иако имам еден резултат од 1.3 јануари (ако бараат да пробам со него), вториот резултат е 0.4 во окромври. Се плашам да направам трет тест.
Не е лоша состојбата ама ич и не треба само една бројка толку да те секира. На форумов има еден куп девојки што успеале со многу, многу полоши резултати на АМХ од твојот. И нема потреба пак да испитуваш АМХ, не си прави дополнителни стресови. Ќе успееш сигурно, една јајце клетка е доволна. И ќе ти дадат без проблем ваучер со тој ФСХ. Со среќа.
@ladystardust со ист протокол сум, долг со јака стимулација. Претходниот пат извадивме солидно, сега не се надева док на повише од 2-3. Знам, знам дека жени се борат за една, а јас као тука кукам за можни 2-3, ама после некое време ќе следи операција на јајници кај мене и друго е. После ова се мислам да му речам на природен циклус да извадиме по една наредните два месеци за да се подсоберат. На ехо претходниот пат имав околу 10 антрални фоликули вкупно од двата јајника, сега не ме ни виде на ехо пред да почнеме, така да не знам со колку почнав.
Мила пиј дхеа јас на своја рака пиев ако ти е шубе испитај дхеа и разговарај со докторот дали смееш да пиеш и во која доза мене ми помогна за подобар квалитет на јајце клетка јас мислам дека имав успех од неа а пиев и многу витамини инаку јас бев амх 03 по 1година имав успех од испитаниот амх сигурно и понизок ми бил зашто измеѓу имав 4 обиди плус...
Ти благодарам. Да, следно ќе испитам дхеа, него секако ќе ми го дадат. Ми доцни од естрофемот и утрогестанот (последната инсеминација ми беше пред 2 недели, негативен тест (b-hcg) имав во петокот ) па сега ги прекинав и чим почне циклус веднаш одам да испитам хормони.
Јас да се пријавам дека добив. После 80 дена. Бев на преглед и Др ми рече - си имала овулација пред неколку дена ќе добиеш кај и да е, и после три дена оп живи радости бев. иначе причината е непозната зошто толку ми доцнеше, се изгледаше во ред на ехото. Дури ни од провокација не добив, Др ми рече дека имам мн инаетливи јајницине ме чуди, таа сум Иначе на последново ехо имав по 10 фоликули на јајник. Не знам дали е тоа ок, можеби не е добро толку да има...ама тоа е.