Здраво драги мои сакам да ви кажам дека денеска бев во систина и да направив испитување за натурал килер платив 4500 денари и примерокот од крвта ја праќаат во Истанбул ми кажаа дека отприлика се чекало месец дена
Бидна мојот трансфер денес. Се помина во најдобар ред. Двете бластоцисти одлично се одмрзнале. Сега останува да чекам.
1ден мензис естрадиол 39, од 3 ден почнувам со 3 фостимона во две водички мускулно. Лазаревски не се враќа, меѓутоа по неговата шема продолжувам до 7.04 кога ќе ме види на ехо Адамоска и потоа според нејзини препораки и според ситуацијата ќе тераме.
Zenski da prasam dali nekoja sto pravela kariotip I ima taa Ili soprugot a abnormalen kariotip sto vi preporacaa ivf specijalitite mislam koe e careto vo takvi slucai sto pobatamu
Ти благодарам мила на одговорот. Јас секое утро ма гладно пијам пола мала лажичка мака со 200 мл топла вода, а по ручек пијам мацина трева. Да не нетреба така, да не правам грешка што ги пијам и двете?!
Да се редактирам за да не ве дезинформирам, х2 пролутекс примав од 13 ден циклус, а од 1ден естрофем 6мг на ден.
На твое место би пробала со едниот, па потоа би го вовела и другиот препарат, да има време да се прилагоди организмот и да можеш да разграничиш дали некој од нив ти прави проблем и кој. Маката и јас ја почнав со пола лажичка и зголемував доза на 3-4 дена, па ми се случи крварењето и жештините и ја намалив на помалце од пола лажичка.
Пишува дека е во Чикаго ама оди земи си ја од пошта,сигурно ти е стигната,јас така си ја земав пред 2 недели,а нарачката ми беше на 07.02
Бев во пошта и ми рекоа со tracking бројот не можат да проверат. Со таков број не се проверувало. Бев и на шалтери и позади кај делот за пратки после пријавницата што е. Те молам ако не ти е тешко да ми објасниш како провери во пошта дали ти е стигната? Да не има некоја финта што не ја знам.
Здраво на сите.Имам едно прашање.Колкава вредност од прилика треба да е бета хцг две недели по ембриотрансфер? Денес точно две недели од ембриотрансфер,позитивен тест [бледа втора линија] и бета хцг 127. Дали е во ред бетата? Прашувам за моја блиска особа.
Јас кога правев прва бета на 14ти ден, знам дека сестрата ми кажа дека би сакале барем 120 да е. Тоа некој просек е веројатно, така што би рекла дека е добро. Најбитно е да се дуплира вредноста на второто мерење кое е за 2-3 дена.
Во таквите случаи се препорачува да се направи ПГД на ембрионите или да се оди со дониран материјал. Се зависи каква е абнормалноста на кариотипот. Друго решение нема, гените неможат да се сменат.
Здраво, Јас денеска се слушнав со сестра Сашка,му кажав дека се слушнав пред неколку дена со др.Ивновски ми рече добро душо кога сакаш да дојдеш да ти закажам (јас одма мислев дека знаале кога ке се врсти докторот,многу де издрадував).Му кажав дека докторот ми рече кога ке стигнам на 16 таблета да одам на контрола,најнормално најважно е неговото здравје од се,ама ако не е он на работа не сакам кај некој друг ако не да не почнам за ѓабе со терапијата. Ми вика душо не се знае кога ке се врати пошто бил во многу лоша состојба и не се знае дали ке биде во состојба одма да се врати на работа ама меѓувреме јави се ке се договориме. Јас се решив сепак да одам во петок на консултација кај др.Трајковски ,многу сакав да продолжам кај др Ивановски ама ако не е он не сакам пак како предходниот пат да ме земат други кој што ми кажаа пред да влезам на пункција.
Па нема финта...пошто ни јас немав тракинг број,прашав само по име и презиме и адреса,побараа и ми ја дадоа...Бев во главната пошта кај железничка ,од позади (влезот гледа кон НЕОКОМ зградата) кај што ги пишуваат картончињата,проверија,ми ја најдоа и ми напишаа картонче и со истото отидов од другата страна кај што се ппдигнуваат пратките и ми ја дадоа... Го немав оној тракинг број RX.......DE ,ама ете,успеаа да ми ја најдат пратката... Те советувам да бараш ferund зошто можеби навистина ја нема тука пратката... Среќно!!