Да ве прашам за процедура околу клексани и рефундација, ама прво да ми каже некој од вас како иде закажување на трансфузиолог, дали има термини, ладе закажувате и дали сето тоа може да се вклопи со терминот за почеток на боцкање клексани, ќе треба да се боцкам од следната недела пред трансфер, ви благодарам
Не секогаш се поклопува, оди кај матичниот гинеколог да ти закаже одма тестирање за д-димери и хемостаза, после ќе одиш кај трансфузиолог. Јас сама си ги плаќав Клексаните од што немаше термини.
Јас пред одприлика десетина дена закажував на трансфузиолог и чекав една недела за термин, ама ова не во Скопје. Во Скопје не знам колку се чека. Штом за една недела почнуваш со боцкање, закажи одма на трансфузиолог, затоа што клексаните кои ќе ги купиш пред да добиеш извештај од трансфузиолог нема да можеш да ги рефундираш.
Сега видов дека нема термини кај Јани и Елена за април месец, мислам дека можеш да земеш хитен упат и да чекаш за извештај, кажи им каква ти е состојбата дека ќе правиш трансфер и ќе ти дадат извештај, или да ти помине трансферот ќе купуваш приватно клексани па кога ќе закажеш прв термин на трансфузиологија од тогаш да почнеш да ги рефундираш. Само нека вроди со плод,и во бременост ќе ти требаат. Навистина е големо малтретирање што мора да се оди по извештај, јас така планирам да направам доколку не земам упат со термин. Со лесно на трансфер и да се израдуваш!!!
Дечки, пап и микробиолошки кај матична 850 ден? Јас сум нешто збунка дека не се плаќа папот или требаше сама да си го однесам до ГАК?
јас плаќам 350 кај мојата матична преглед и пап, ама мислам дека 1 годишно следува бесплатен пап ако грешам нека ме поправи некој
Кај мојата матична ПАП е 60 денари доколку јас си го носам со упат, а ако они го носат плаќам 1000 денари, најверојатно они ќе го носат за микробиолошки си плаќам 400 денари кај матичната плус јас да ги носам до Клиника и таму исто плаќам 350 денари, мислам дека не ти наплатиле многу
Е па ок, не знаев за што се париве, ваљда таа им е тарифата. Прашав дали сама да ги носам, рекоа не, они ќе ги носеле. Ај да не се нервирам тогаш. Фала Едит: следната год сама ќе си го носам.
Срц, најверојатно секаде е различно, јас зборувам за Дијагностички центар, ова се нивни тарифи, прашај си уште еднаш кај сестрата да ти потврди зошто ти наплатиле толку
Јас да прашам за клексаните . Не ми е јасно. Бев на преглед и да се договориме за втор трансвер. Ми рече др дека во мај да правиме и дека ќе приман клексано но она ќе ми даде некој извештај за во фонд за рефундација. Сега тоа важи или сепак мора да одам на транфузија
мене матичната ми рече од њу борн (дека таму сум )не ти важи извештајот за во фонд или од ГАК од специјалист или од трансфузиолог.
Jas zemav od bolnica izvestaj, ne ti vazi od privatnite bolnici. Zavisi od kade si, ako si od Skopje, od GAK ili od transfuziolog. Jas ne sum od Sk i zavrsiv rabota so izvestaj od opsta bolnica od ginekologija.
Кога сме кај клексаните. Некоја поискусна што рефундирала може ќе знае. Што ако имаме извештај од трансфузиолог дека треба да се примаат клексани пред и по трансфер поради мутации. Но извештајот е од јануари, а трансфер би бил на пр. април. Мора извештајот да е од истиот месец? Не ми е логично ова. Затоа што ептен глупост е за секој трансфер извештаи за терапија во постапка. Мутациите се непроменлива категорија, не е ова хормон па ај не е секогаш иста вредност.