Здрсво, Дали можете да ми кажете каде се испутува Кариотип и за мене и за сопругот и од каде треба да се земе упат за двајцата? хитно ми е
Ве поздравувам со моите проодни јајцеводи Сепак и двете хсг снимки не покажувале точно и мојот Др беше во право што се сомневаше во нив Од матката мал септум одстранет и Др рече дека сега сум “хардверски” супер. Боли бе луѓе ова, јас очекував дека зафатов е понаивен. Резов кај папакот поготово...
Мила ако си правела и лапароскопија веројатно ќе има болки незнам... ама важно се поминало како треба и спремна си за бебушот... те Не би знаела да ти кажам сигурно инфо за тоа... На гак со упат од матичен гинеколог за тебе и упат од мат.општ за маж ти... атермини има многу ретко а и резултатите се чекаат месец дена...
Индивидуално е изгледа,јас ништо не осеќав ќе помине брзо ајде,битно те средиле хардверски,таман е се,сега си чекор понапред до целта
Со лесно нека ти е, сега си еден чекор поблиску до остварување на желбата.Не се сеќирај боли сма секој ден болката ќе се намалува,јас бев со 4 дупчиња зс една недела бев супер а за две недели како да немав ништо правено.Одмарај си,пиј повеќе течности
8ми ден по лапаро-хистеро и конци од вчера извадени и све, и уште мака мачам со гасот под ребра Ама вистина е, секој ден ќе бидеш сѐ подобра и подобра и постепено ќе ти се враќа енергијата. Уживај, исходот е супер и сега да си завршите работа природно и за ин витро ич да не ти чуе
Леле и мене десните ребра ме болат и десното рамо. Ќе си боледувам дома сега и маж ќе ме чува Го прашав Докторот што ме оперираше дали мисли дека може природно да останам, ми рече според тоа што го видел да, се било добро. Ми биле залепени малку јајцеводите на 2,3 места и ги одлепил, па може тоа било пречката... ама проодни биле и не се воспалени воопшто. Само не го прашав кога може да почнеме со обиди. Е сега ќе видиме дали и моите јајници ќе соработуваат со мене или ќе се инаетат уште
Фала ви женски...сепак денес се јавив , не беа пратени уште и доставив ..сега останува да чекам ...на сите ви посакувам среќичка
Ајдее ја па Букурешт сум запамтила..ал добро,тебе сум те запамтила Драго ми е што сте супер,само терајте? Знам дека беа 2 срценца,па знаеш ли што ке бидат...?најпрво живи и здрави!!!❤❤ Јас сум супер,конечно земав резултати од мутации и автоантитела,фала богу добри се..мутава сум малце...ал само малце Во понеделник сум на консултации кај Влатко,па здравје се надевам од следната недела ке почнам со подготовки за трансфер на 2-те ескимчиња❤❤ Е супер...и да видам слободен термин во 23:45 ,кај да се јавам да го закажам??А башка следниот ден е недела... Ако не да провалам кај матичната во ординација и сама да си го фатам терминот,и така е темница нема никој да ме види.... Ааиии до кај стигнавме...
Мене докторот ми рече ако се чувствувам спремно, со обиди може да почнеме уште одма, на следен циклус А кај мене беше поопсежна операција со ексцизии на цисти на јајниците и на други адхезии. И сега пошто е чисто, он е убеден дека можам природно. Ако немаш никаква ментална или физичка пречка, фрлете се на работа
Хитно душо само на приватно...на државно месец дена и повеќе чекам термин.За тебе упат од матичен гинеколог,за сопругот од општ матичен
Фала ти мила.Сега видов дека многу се чекало. Ке направиме на приватно во понеделник во New Born за 10 дена биле готови резултатите.
Јас тоа стално се зезам - ако не па шифрата сестрата да ни ја даде и сами од дома да си закажуваме. Ионака термини во 2 наутро пуштаат Со лесно нов обид друшке и да се вдомат ескимчињата кај мама во меше
Супер, ти кажав ХСГ-то врска нема, не мора да значи, ете и јас бев истиот случај.. Баш ми е мило што се' е во ред, сега само напред!
Мила, со лесно да ти минат деновите во опоравување и што побрзо да вроди со плод, а може и природно да изненади
12.000 за двајцата ми рекоа. Таму кога бев не ги прашав за колку дена би биле готови сма кога видов дека се чека многу на државно ги побарав на телефон ги прашав и ми кажаа дека за 10 дена,а за каде ги праќат не ми текна да ги прашам.
Добра си немаш гајле,сите си имаме некои моменти,мозоциве ни се пуни свашта па малку преку ден мора све и на сон да ни доаѓа .Инаку една женска имам ,вративме 2 една остана ,само да е здрава,жива...да биде се во ред. Ајдее со лесно кај Владимир,во вистински раце си ,те чекаме после консултации да пријавиш кога стартувате