Здраво, За 2 дена ке направам хистероскопија.Дали е болно,дали после тоа ке имам крварење и кога можам да имам односи? И дали после хистероскопија одма другиот месец може да се почне со стимулации за ивф?
Женички само да ве известам, бидна и моето лапароскопско вадење на миоми. Толку се плашев, за ништо Се помина во најдобар ред, ги остранив сите пречки за трансферот Сега ќе одмарам некој месец па здравје после ќе си одам по моето ескимче Не сум ве читала баш, овој период сум на боледување па ќе ве пратам секојдневно Едит : Заборавив да пишам, ви благодарам на сите за подршката во лп.
Нема потреба да се плашиш од самиот процес на хормонската терапија ти кажувам од искуство сум поминала безброј вакви терапии па фала богу жива и здрава. Самиот процес на боцкање не трае долго се зависи од докторот каква шема ќе ви направи е сеа исто нема потреба да се плашиш ни од пункција тоа е зафат кој трае 15 минути се прави со тотална анестезија и после тоа се будиш и за саат, два си дома никакви страшни болки онака како за циклус коа добиваме, самата пункција ти ја прави самиот доктор во присуство на анестезиолог и неколко сестри,исто и трансферот ти го прави истиот доктор тоа е скроз безболна процедура после тоа лежиш во болница 3 саати или повеќе не знам тоа зависи од болница до болница и после тоа си одиш дома и ќе ги слушаш препораките на докторот како да се понашаш дали да движиш да лежиш дали да одиш на работа или не тоа ќе се консултираш со докторот се надевам кажав нешто корисно
Истата дилема и јас ја имам , незнам што да правам , планирам следно ин витро да правам во мај здравје , па ќе почекам до тогаш :/ имаше др. Гуржанова интервјј на оваа тема и она препорачува задолжителна вакцинација пред постапка ама никој не кажува колку да се чека после вакцина за да се почне , дали и какви последици ќе има , јас секако ќе почекам до мај па после тоа ќе видиме
Гуржанова имаше интервју пред некој ден она препорачува вакцинација пред да се почне со постапка тешко нас И јас така планирам здравје
Незнам и јас веќе, јас сум на хормонски терапии, хсг треба да правам, стимулации после а не ми се чека т. е паузира. Возраста не ми е во прилог, да чекам... како ќе не советуваат така ќе правиме.
@Zaklina7 прво да те поздравам и да ти кажам секоја чест за подвигот, само храбро и ќе биде се во ред. За инјекциите, постапката веќе ти кажаа другите супер објаснувања и совети, јас сакам да пишам мислење од страна на некој што исто како тебе е сам во процедурата. Претпоставувам живееш сама како мене? Пред некој месец правев лапароскопија што испадна доста тешка, после тоа пункција и сега пак уште една пункција. Значи пред да отидам во болница купувам се што ми треба за дома, го чистам станот, сите тие работи за во случај да ми иде потешко опоравувањето да не морам да излегувам и чистам. Поради ситуацијава не сакам да ги терам блиските да патуваат, а и страв им е да не ме заразат така да најголем дел од работите ги завршувам сама. После зафатот се штедам максимално за готвење, чистење, средување низ дома дури ми помине болката. Некои имаат болка после пункција, некои немаат. Јас сум од тие што имаат, но не значи дека ќе биде така и кај тебе. Сепак, биди си спремна и покриена со намирници. За инјекциите што ќе се боцкаш ќе ти објаснат убаво сестрите, ако сакаш отиди првиот пат да те боцнат. Ама после тоа не се изложувај кај матичен на ризик во ова време. Полека, дома, стварно е лесно да ја завршиш таа работа сама. Освен за тие стоп инјекции што се боцкаат мускулно, за тие одев да ми ги стават. Негативности по здравјето не сум приметила, освен што имаа малце влијание на расположение и на апетит кај мене, кај некои жени нема. Мило ми е што имаш позитивен став за ова, ќе ја истуркаш до крај работава и ќе си имаш бебенце. За пункција дека е со кратка интравенска анестезија јас не бев со придружник оти не ми се лоши, ниту имам гадење. Но, за секој случај јави се на некој и кажи да дојде по тебе во случај да ти се врти. Таму ќе те прашаат дали ќе те чека некој. 2 саати откога ќе се разбудам ме пуштаат. Пред да ме пуштат иде ембриологот и ми кажува колку успеале јајце клетки да извадат. Штом си била на вадење миом и полип знаеш како е операција, ама ова е мнооогу полесно во споредба со тоа. Знам дека си нестрплива, ама во меѓувреме можеш да се фокусираш на здрава исхрана, може да прочиташ совети за испитувања пред трансфер што ги пишаат другите тука. Знам исто така дека си во неизвесност што/како/кога, и тоа е можеби најтешкиот дел. Кога ќе се боцкаш наспиј се, одмори се, прошетај, поминувај си го убаво времето, без нервози и стресови за било што. Сега дошло ред да мислиш на твојата желба да имаш бебе и фактори како работа, притисок, ништо нека не те допира. Ти посакувам многу среќа.
@Zaklina7 и @WarriorAngel ви се восхитувам!! Браво храбри жени. Од срце ви посакувам следните постапки да ви бидат успешни.
Ако ти се за поднесување ваучер треба лично да ги земеш (со потпис од др), мене така ми рекоа на ГАК. Не знам дали е исто и на биохемија ама прашај за да не се враќаш пак. Иначе ги праќаат на маил кај матичниот.
@Mimmi39 мислам дека незаслужено си добив честитка. Не сум стигнала јас до трансфер, секогаш пишувам мислење каде што завршувам со пункција оти после тоа не знам што ќе се случува. Најверојатно ќе биде со донор и кај мене ама имам време да одлучам понатаму за тоа.
Исто и кај мене , неможам баш да одложувам со годините , договорен трансфер за мај имам , па зависно од исходот ќе видиме кога ќе се вакцинирам
Кога го кажале ова, бидејќи Тања беше на емисија и цело време збореше дека е најдобро прво вакцина па ин витро, тоа беше пред 2-3 дена на телевизија, не верувам дека двајцата доктори од иста клиника имаат толку различно мислење, она кажа подобро одложете инвитро за некој месец и вакцинирајте се, тоа го препорачуваме на сите наши пациенти
Докторот кажуваше за мене во моментот, бидејќи сум на хормонски терапии и испитувања. Ке се оди кај мене прво со стимулации. Не се спремам за инвитро сеуште. Можеби пред инвитро ако дојде до него и мене исто ќе ми препорачаат.
Ама сите сме цело време под некакви терапии и испитувања. Сега за сега, ниту една вакцина не е контраиндицирана со ниту една терапија. Кај Спутник само читав дека треба да постои претпазливост кај пациенти кои имаат автоимуни болести, ама претпазливост, не дека не смее да се дава. Членката не те праша тебе што те советувале, праша генерално што препорачуваат докторите, дали да се прими вакцина доколку не си во постапка или не се планира во најскоро време да се почне, ти и рече дека докторите препорачувале додека не родиме, вакцината да не се прима. Што нема врска, зашто еве и докторката кажала на тв, што значи дека сепак докториве се водат по меѓународни препораки. Јас со двајца специјалисти периодов правев муабет, истото ми го рекоа, доколку имам можност и сакам да се вакцинирам, можам да се вакцинирам. Погрешно е да се сугерира некому нешто што е контра меѓународни препораки, зашто пак ќе кажам, ризикот од заболување и не дај боже компликации од ковид особено во бременост за илјадници, илјадници пати го надминува ризикот од примањето вакцина. Добро е да ги имаме правите информации пред нас, па сами да се одлучиме дали ќе се вакцинираме или не.
Точно, можеби погрешно се изразив, се извинувам но и погоре веќе пишав дека не ми рече никој да не се вакцинирам ако сакам.
Моите од клиничка биохемија беа испринтани откај матичниот, дека не сум од Скопје, и во фондот поминаа без проблем. Не ми бараа печат.