Јас така ги правев и немаше никаков проблем во Фондот за ваучер, плус сите ги правев на ГАК , не мора да се од различни установи. Со лесно!
Терапијата после трансфер е 90% секаде иста: Пролутекс, Кринон гел(утеогестан обично ×2 зошто е послаб од кринонот), и/или аспирин 1 наутро, и/или прогестерон депо(мускулно), и/или клексан (факсипарин) во зависност од резз од мутациите, ... и сите потребни витамини и суплементи кои ке ти ги препорача докторот. Дозирањето на сето ова нормално го одредува самиот доктор.
А прогестерон депо и пролутекс се различни или ? читав некаде низ форумов имаше различни мислења а за пролутекс пршував затоа што две јас што ги знам не го примаа и баш така ми беше чудно по 3 утрогестан и плус пролутекс како многу прогестерон да е
Прогестерон е и едната и другата...е сега за колку докторот сигурно знае што и колку доза да одреди... пролутексот го боцкаш субкутано а прогестерон депо мускулно од страна на м.сестра
Јас ставав 4 кринона на ден, секој ден пролутекс, плус прогестерон депо. Слушај го докторот што ти препишал и не се споредувај со други. Се тоа е прогестеронска поддршка и е за твое добро. Нема такво нешто како многу прогестерон после трансфер.
Ви благодарам на сите за одговорите ....Да не има некој што деновиве имал трансфер па заедно да ги броиме деновите до тестјас вчера правев
Па до 100 е ок,се толерира,мене ми беше 45. Ако е мн па низок тоа значи дека нема баш мн антрални тој циклус па може послабо да се реагира на стимулации.
И кринон гел,и утрогестан и пролутекс и прогестерон депо...све е тоа прогестеронска поддршка ама во различни форми... И све од ова јас примав,и мене ми беше некако многу,ама докторите си знаат зошто и како така да си ќутев и си ги терав...колку количински ке ги боцкаш,докторот ке ти одреди Пролутексот и прог депото(маслена течност) ги боцкав по шема:Пролутекс во стомак, па после 4 дена т.е на 4-от ден прог.депо мускулно.Кринон гел ставав секоја вечер,и во 7 недела ми го смени со утогестан мислам 1 навечер....