Па не ми де верува, како работат така, не е нормалмо, здрав човек ќе се разболи а и персоналот исто, оф боже, а треба да одам следна недела за хормони, а за гинекологија, дали таму може да се прават лх,прогестерон и естрадиол знаеш?
Девојки, мојава среќа кратко траеше. Ќе ве молам за искуства доколку некој го поминал моево. Бевме денес кај Трајковски рече плодот застанал со развој. Треба да е 8 недела, а одговара на 6 и нема срцева акција. Кажете ми од што може да се случи тоа? Што треба да испитаме следно? Беа внесени две бластоцисти со квалитет АА и ББ. Ова ми е прво ивф и прв ваучер. Кога можам следен да добијам ако го земав 22 јануари. Секој совет е добредојден.
Јас следен пат ќе одам на гак зашто ми е страв, овој пат сестрата ја послушав оти ми кажа дека на клиничка биохемија ги имале сите реагенси, ама и на гак мора да ги имаат.
Не било за тебе. Подобро сега отколку да се случело подоцна. Јас поминав низ тоа, се ок, срцева реакција и во 12 та недела ми кажаа плодот застанал со развој во 9та недела, нема срцева реакција. Образложение, лош генетски материјал. Те разбирам колку ти е тешко, ама мораш да се помириш и продолжиш понатаму. Ќе дојде и твоето бебенце кога Дедо Боже ќе сака.
Жал ми е мила... Верувај во позитивен изход и само напред! Јас го имав истото. 6та недела јас имав и срцева реакција, летнавме во облаци со сопругот. Кога отидов на контрола 8ма недела, немаше срцева реакција и одговараше на 6та недела. Исто имав трансфер на 2 бластоцисти, едно беше фатено, и од тоа едно ништо. Немам почнато од нови испитувања за следен трансфер. Си дадов одмор сама на себе, а и ми се воспали пуштена вена веднаш после киретажата, па сега тоа го решавам. Имам направено само во МАНУ генетско за тромбофилија. За останатото и јас собирам мислења. Сакам да превенирам со некои испитувања пред слефен трансфер. Глава горе и само напред! Планини можеме да срушиме
Ако на гак не се мешаат болни и здрави ќе одам и јас, нов упат ќе барам од гинекологот,оф нема краај на макиве наши
Баш ми е жал, одмори малку па со нови сили напред. За нов ваучер можеш да поднесеш кога ќе истечат 6 мес од трансферот. Од испитувања мислам можеш кариотип, јас не сум испитувала, ќе ти кажат другите. Поздрав и главата горе, ќе биде следниот пат!
Ах мила.... Одмори го телото сега... а 2р ваучер можеш по 6мес.од трансферот да почнеш да собираш документи и да поднесеш... но најпрво одмори се Во меѓувреме ако немаш испитано генетски мутаци,за тромбофилија иако веројатно си била покриена со терапија... хла типизација кариотип... и ако е лош спермограмот таман за некој месец да зема суплементи за подобрување на спермогрнезата...
На прв ден од мц отидов на преглед и имав само припрема на матката со циклопрогинова по шема првите 6 дена по едно бело апче,наредните 3 дена по 2 апчиња,потоа по 3 апчиња на ден.На 12ти ден контролно ехо на ендометриум 11мм и од тој ден со терапија за инвитро Аспирин 1×1, Циклопрогинова 3х1,Пролутекс поткожно во стомак 1х1 насабајле,Фраксипарин 1х1 поткожно во рака насабајле, Имприл 1х1,Д3 витамин 2х1000 единици,Криноне гел вагинално навечер и на 3 дена Прогестерон депо интрамускулно
Јас испримав 3 цетротиде, сега ја видов баш шемата од 6ден сум почнала. После нив имав пункција. Бев со краток протокол стимулирана со Мерионал
Nemojte da se razocaruvate, skoro site ovde sme go pominale toa, jas vo 9ta nedela izgubiv srceva akcija, go odnesov plodot vo manu i izleze deka e so sindrom, podobro shto ispadna taka, ke se machese i ono i nie cel zivot, prirodna selekcija, ima zosto teloto go otfrlilo, odmorete sega, smenete ishrana, hranete se zdravo ovie 6 meseci, poveke fizicka aktivnost, ispitajte si mutacii, hormoni, kariotip i za dvajcata i so Gospod napred posle 6 meseci da se raduvame i da bide so dobro. Shto e vashe ke si dojde, veruvajte vo Gospod chuda pravi!
Барав тема за ниско АМХ, висок ФСХ, но не најдов па мислам овде има најголеми шанси да добијам релевантен одговор... Имав 0.63 АМХ пред околу три години, на неполни 30 години. Прво ивф неуспешно, втор трансфер неуспешен. Остана еден замрзнат ембрион, но решивме да правиме второ ивф, а тој да остане за понатаму. За жал, второто ивф не се оплоди ниедна јајце клетка и направивме трансфер со последниот замрзнат зашто беше спремна добро матката. Фала му на Бога, беше успешно и имам 18 месечна ќеркичка. Ивановски ја вика чек пот зашто бев катастрофа со АМХ, со ендометриум, со потешка бременост. Сега наполнив 34 и немам ни храброст да отидам да проверам АМХ, ФСХ. Имам редовни циклуси, но секогаш имам оскудна менструација, веројатно ради потенок ендометриум. Не се пазиме веќе неколку месеци ама нормално уште нема ништо, не ни верувам дека може некогаш да биде природно. Прашањето ми е за некои слични искуства со толку ниско АМХ; имал ли некој среќа природно, успешно ивф или што било? Имам ли некакви шанси за бременост или да не си ја мачам душата?
Има како нема,има многу случаи,напиши на лупата НИСКО АМХ и ќе ти излезат мислења од кои многу успешни приказни.