Ти благодарам за советот твојата варијанта е по ок, но не ми е уште исчистен плодот, сакам да го извадат за да можам да го однесам на испитување што се случило.
Јас бев на биохемија минатата недела, некаде во 8ч сабајле бев таму, гужва немаше, завршив за 10 мин. Е и јас тоа приметив на влез нема никаква контрола, тт не мерат, мислам дека слободно може да влезат и позитивни. Катастрофа е тоа.
Пробај со апчињарта.Јас така го исфрлив и исто требаше да го носам во Ману.Го фатив,све тоа ок,го ставив во физиолошки раствор,но не го замрзнав,пошто не знаев Кога се јавив во Ману да го носам ми го кажаа сленово: Треба да е цел ембрион,не во делови.Ако е фатен во домашни услови,веднаш да се стави во физиолишки раствор и да се замрзне ,се додека не се однесе кај нив.Треба да имаш спремно 2 епрувети со виолетово капаче(ова ми го нагласи,валда има значат нешто боите на капачињата на епруветите) извадено крв од тебе и сопругот и упат од матичен за ману и све тоа комплет да го однесеш.Мислам дека се плаќа околу 1400 ден.не ме држи за збор,не се сеќавам баш за цената. Е јас не го чував во фрижидер,немав крв спремно,само за упат знаев....и фино лепо си го фрлив во wc шољата,му мафнав и чаооо!!!Свртев нов психолошки лист. Наместо ова испитување, за понатаму(ако не дај боже и овој трансф.не ми е успешен) треба да направам кариотип ама термини за него нема до јуни... Ајде,без грижи,терај понатаму што треба и без гајле,сé ke помине во најдобар ред.Се покажа и докажа дека ние жените сме најголеми херои на свет!!! За нас и невозможното е возможно!!! Само напред,со главата горе,горда на себе и својот сопруг ✊✊✊✊
Значи за секое дете следуваат по 3 ваучери? Јас мислев општо животно следуваат 3, без разлика за кое дете. Ако е за секое по 3, одлично
Pak Jas ,kolkav procent ima na uspeh Od prv pat in vitor,i toa Za vozrast Na 40do 45 .Dali cudo se slucuvaat.Jas sum spremna Za se
Немој да го занемаруваш тоа, септумот знае да предизвика биохемиска бременост и спонтан, среди се прво па потоа бебче за да биде се во ред Дали ги правеше ЛХ, прогестерон и естрадиол? Тие ми требаат на гак да ги има
Феминки еве јас завршив со трансферот на замрзната бластоциста сега останува да чекаме 12 дена до тест
Повторно би ви кажала, без бројки во главата. Небитно дали се 60% успешни, 80% или 10%. Вие сте засебна приказна. Ете, спремна сте на се нели Ако е за мала утеха, еве јас ќе ви кажам, колешка моја на 40 прво инвитро, од прва успешно (ќеркичка која сега има 3години). Сега се спрема за второ со 43 години. Чуда секако дека се случуваат ако веруваме во нив
Јас правев пред два месеци, имав крварење 5-6 дена ама не многу ( немора да значи дека ќе имаш и ти толку денови). Докторот ми препиша само капки. Болки нема некој големи, јас правев и лапаро па повеќе ме болеше рамото и ребрата од гасот, чувтвував некоја болка доле како пред добивање ама не е страшно. Односи имав после три недели, можев да се обидувам за бебе одма, но се зависи од докторот, од тарапијата што ќе ти ја препише, ќе ти кажат се. Не се секирај не е страшно. Повеќе боли прст коа ќе си исечеш правејќи ручек, неголи операцијата
Феминки мене ми закажаа трансфер за наредна среда терапија со прогестерон до тогаш, пролутекс и утрогестан 3х1, антибиотик превентивно и витамините стандард.
Ти благодарам миличка, бев денес уште еднаш кај докторот ќе пробаме со апчиња да се исчисти плодот. Со Господ напред, да се надеваме следниот пат ќе биде со успех. Ќе ми треба уште некој ден, да се опоравам од овој шок и со нови сили почнуваме од почеток.
Спремна си на се, но биди со позитивна мисла. Ти се восхитувам на одлуката за еднороден родител. Те поддржувам, одлична одлука. Има случаи и на приросни бремености со 40+ години. Познавам многу жени кои природно родија на 41, 43, 45г. Јас родив на 42г. со ивф, не од прв обид. На 43 и 44 имав 2 биохемиски и 1 спонтан. Ти посакувам да бидеш благословена со детенце од прв обид.
Епа наздравје нека ти е..сега останува да си уживаш тие 12 дена и да не си помислила да бараш симптоми❤❤❤