ТОА храбрице ✊✊✊не дозволувај да чепкаат во здрава матка...нема потреба,еден спонтан не значи ништо да знаеш... И не уште некој ден...од сега почни да се опоравуваш,не дозволувај маката да те совлада... Ако се чистиш со цитотек-лапни едно,стави го под јазик да се стопи,држи го едно 10 мин,ке чувствуваш како хартија да ти се разградува во устата...и голтај ги парчињата од апчето... Очекувај за 30 мин да ти почнат грчевите...издржливи се, не се секирај...биди храбра!!!! Откако ке се откачи ембриончето,веднаш ке ти поминат болките(како за добивање се) Пиши што ке направиш,ке те мислам...
Да фала ти мила. Правев пред 2 дена дојагностичка хистероскопија само (бидејки лапараскопија правев пред неколку месеци кога имав вонматерична). 0 болки имав и многу кратло траеше.Супер сум била,ми рече чиста си ништо немаш докторот ми направил Skreching.Само првиот ден значи само тој ден имав малце крварење,докторот ми рече кога ке ми прекине крварењето можам одма да имам незаштитни односи.Ако овој месец не останувам природно бремена следен месец почнуваме со ивф.
Женски отпусното писмо од ГАК се смета за доказ за инсеминација? Само тоа го имам. Или треба нешто др да ми дадат?
Женски мислење од вас ми треба 14 ден - 50 бета 17ден - 197,3 бета 22ден - 383,3 бета Мислам дека не е во ред нешто.? Како да е мала за тој ден.
Preku eden den treba da se duplira, ali najdobro doktor mila Ako pisuva deka e od inseminacija, vajda ke priznaat, vo princip treba da e izvestaj, ali ne bi trebalo da pravat problem.
Ако знае некој да ми каже нешто во врска со мутацииеве, денес ги земав уште не ми ги видел доктор,па ме интересира што значат Фала ви Исто правев и други испитувања на кл биохемија ако знае некој подетално да ми каже и за нив
Dheas се иапитува една недела по мензис. Не знам на кој ден ти се, ама на 3 ден и мене ми беше малку покачена, потоа се утепав читајќи и најдов дена недела дена по мензис треба да се испитува.
Дали си сигурна за ова? Мене ми е во граница, ама над 300. Докторката инсистираше на 3 ден да ги испитувам сите хормони, тогаш биле највисоки. Јас од одредена причина морав тестостерон пак да испитам на 10ти ден и тогаш ми беше повисок отколку на трет. И баш на нет некаде видов дека треба да се испитува неколку дена после циклус, така нешто, а не на 3ти. Ама не знам, ендокринологот мене вака и ми рече и после и беше мн чудно што на 10ти ден ми е баш повисок.
Така прочитав и јас на нет. Но доктор ќе си каже најдобро. Штом одиш на ендокринолог консултирај си се. Штом ти рекла така може така треба. И моето е од нет. Дека имам аденом на хипофиза и по странски фориќуми мн читав и таква онф сретнав за дхеас.
Здраво девојки. Јас не се обидувам да забременам, ама сепак ќе го поставам прашањето тука зошто гледам дека имате многу искуство во оваа област. Па, се надевам дека ќе има некој што би можел да ме упати. Веќе 2 години не добивам циклус. Добивам само кога сум на хормонска терапија, но потоа се повторува истото, пак нема, иако докторите очекуваат да добијам следниот пат нормално. Ова се почна кога заради зголемена телесна тежина, на која порано бев склона, почнав мн интензивно да вежбам и намалив премногу на храна. Своевремено мислев дека тоа е здрав начин на функционирање, но сега од читање на нет, форуми и др девојки со сличен проблем како мојот, сфатив дека и на други девојки им се случува ова кога имаат мн ригорозен начин на исхрана и претерана физичка активност. Хормони сум испитувала, ама не може да се добие кај мене целосна слика зошто не можам да испитам на 3 ден од циклус. Ме водат како некој вид на пцос. На ехо имам антрални фоликули, дури и одлично (околу 10). Се разбира, важно ми е да имам редовен циклус, но она што ми е поважно е да знам дали во иднина ќе имам проблеми за забременување и се обидувам тоа да го превенирам. Во последно време намалив мн со вежбање, а исто така ги зголемив и оброците, но сеуште не ми е регулиран циклусот. Од докторите не добивам конкретен одговор, добивам терапија за да се испровоцира циклус, но потоа пак е истото. Затоа што сфатив дека со матичните гинеколози нема да си го решам проблемот, последно бев кај Трајковски од Њу Борн. Ме гледаше на ехо и рече дека според него би требало во иднина да можам да останам бремена зошто имам сосема доволно антрални фоликули (ако добро го сфатив). Ми даде терапија од која добив циклус, а докторот се надеваше дека ќе добијам и втор, без терапија, но не добив. Затоа ме упати да испитам Амх и да направам магнет на хипофиза. Амх ми е високо, како за пцос, а магнет допрва ќе треба да правам. Естрадиолот и прогестеронот ми беа ниски ( со тоа што проверката не е на 3ден од циклус и правена е после 2 месеци од терспија со микрогинон). Сакав да ве прашам кој ендокринолог би ми го препорачале вие, по можност на државно. Имам слушнато за Синиша (не сум сигурна дали е ендокринолог, ама дека работи со оваа проблематика), за Адамова мислам итн. Не знам каде да се уптам точно. Трајковски секако ќе ми кажи негово мислење и задоволна сум од докторот, ама би сакала да се консултирам и со ендокринолог.
Јас сум со аденом на хипофиза. Покачен пролактин, ако не си го испитала, испитај го, денот за него не е важен. Јас за 1г со покачен прл од 47кг отидов на 58кг. Ми требаа 2 год да го откријам аденомот. Зголемената тежина може да е и од покачен пролактин. Исто и изостанок на менсиз. Со години не добиваат некои. За хипофиза можеш да се снимаш но само со контраст ако снимаш. Провери пролактин и тироидни.
Пролактинот и тироидната ми се секогаш ок. Тестостеронот ми е на горна граница, а дхеа и андростендионот последно ги проверив на почеток од 2019г и беа во ред. Како ти се среди циклусот тебе? За магнетна на клиника ми кажаа дека ќе биде со контрас.
@Morninglover Добра препорака ти дале за Синиша Стојановски, он е на Институт за патофиза и нуклеарна медицина, оди кај него. Не е работата само да се провоцира крварење, мора да се испита што точно е проблемот што до тоа не доаѓа и за тоа ти треба добар специјалист по нуклеарна медицина или ендокринолог. Па зашто ќе правиш магнет на хипофиза ако пролактинот ти е секогаш ок? Тоа се прави само ако е покачен.
Здраво, мала помош се боцкам цетротид и денеска малку ми се истисна од течноста надвор. Може ли да направи проблем имала ли некоја слично искуство?
4 фоликометрии имав после овој циклус, денес ми беше последната, ендометриум супер, водечки фоликул има, утре примам орвитреле, од сабота почнувам со прогестерон, клексан и декортин и среда трансфер. На природен циклус сум. Прв крио трансфер ми е, така да искуства ми се добредојдени