И кај мене беше скоро се исто на природен циклус,покрај другите хормони повеќе пати меревме прогестерон најверојатно да ја погодиме овулација пример на 28.09 прогестерон ми беше 0.74 вечерта примив овитреле и требаше трансфер на 05.10,на 30ти пак меревме прогестерон 3,81....и утредента ми се прејавија на 02.10 да одам за трансфер...зошто се предомислил докторот најдобро си знае трансферот ми беше на 17ти ден од циклус,а иначе ќе беше на 20ти може касно му се виде,а може и вредноста на прогестеронот нешто "кажа .Како и да е они најдобро знаат...не му ја мисли со среќа
Здраво, навистина би ценел дали некој од вас би ми помогнал, затоа што ве следев на форумот многу долго време.Се извинувам несум од Македонија, затоа не пишувам толку добро македонски. Веќе 2 години се борам со стерилитет. ПО 1 година започнавме за прегледи. Направив HyCos, брисеви на бактерии, направивме 3 неуспешни темпирани односи со кломифен и имам нормална овулација и менструација. Јас не правев хормони, гинекологот рече дека не е потребно бидејќи гледа сè на Ехо. Имаме проблем со машкиот фактор, дијагнозата е намалена подвижност на сперматозоидите-asthenozoosprmia . Би сакал да направам вонтелесено оплодуване приватно кај д-р Лазаревски или во ЊуБорн кај д-р. Трајковски. Дали некој знае кога д-р Лазаревски доаѓа на работа? Имам огромна желба да имам дете, мислам дека сум опседнат со тоа. Сигурен сум дека најдобро ме разбирате. Што предлагате? Благодарам однапред
За Лазаревски немам инфо кога се враќа некоја друга членка можеби ќе ти одговори,за Трајковски од мене имаш препорака јас имам позитивно искуство со Њу борн и докторот....темелен е и посветен,сепак пред да почнеш со постапка ќе ве упатат на некои основни испитувања за да може да се започне постапката.Закажете си една консултација за почеток и потоа ќе си одлучите,јасно е дека желбата е голема и со верба и упорност ќе ја остварите....со среќа
На клиничка биохемија сега во 7часот и 35 минути е хаос, внатре имаше повеќе од 30 луѓе и плус во ходникот, само ѕирнав и избегав, ова е лудило
Девојки втор ден од трансфер ( денот од трансфер не го рачунам) во долниот дел од стомакот имам ко грчеви , тегоби . Не се констатни ама се присутни. Како што читав назад низ форумов наидов на коментари дека ова е нормално но пак ми е страв, денес ке одмарам максимално, само кога ке морам ке станувам од кревет
Ако сте во можност одете накај 11 ,јас заради тоа што докторот ми има кажано одкако ке станам барем 2 саати да поминат па да мерам пролактин секогаш ме фаќа тоа време и секогаш има само 2-3ца пред мене. Е сеа ако одат и заболени секако и самите простории се контаминирани, ама па и во приватните е исто верувајте пола од заболениве идат на приварно да испитуваат. Тоа е само господ да не чува иначе неможеме да се допазиме.
Сепак ќе земам упат за ГАК таму нема толку гужви и сигурно не пуштаат болни од ковид да се тестираат? Ако и таму е хаос ќе си праам приватно во Њуборн, итре да видиме што ќе каже докторот на фоликулометрија
Јас исто бев на природен затоа чудно ми падна,за да не патувам за на ехо често се водевме по хормоните и така ја фативме овулацијата,ама јас бев без стоп инекција. Ти посакувам среќа и да биде успешно
Опушти се максимално немора по цел ден да лежиш во кревет можеш да стануваш да правиш прошетки низ домот,да си направиш јадење,да се истушираш со млака вода еве мене ми е втор ден од трансфер и гледам да не бидам во кревет цело време.п.с не барај симптоми
Da, pratenik e, ali raboti i na klinika, jas odam kaj nego dolgo vreme bidejki sum hashimoto i eve uste me tera so terapija samo so selen i antitelata pagjaat, prezadovolna sum