Исто и јас. Почнав со Лазаревски, ме презеде Адамоска додека отсуствуваше, сега се врати и си продолжив кај него, четврток пункција. Но, како што разбрав не се чувствува добро постковид, така што веројатно ќе оди на одмор.
Здраво Девојки, конечно ги собравме сите потребни документи за ин витро и сакаме да поднесеме за ваучер. Имам прашање бидејќи сме од Скопје може ли директно да ги однесеме во фондот и дали треба двајцата или можам да поднесам и сама? Притоа, дали е потребно покрај медицинската документација да носиме и извод за венчани или некој друг документ? Ви благодарам ♥️
Можеш дирекно кај мајка тереза јас таму поднесував и сама немора двајцата, а за извод од венчани копија им доставив
Девојки, уште едно прашање дали некои од вас има прoблем со слаба подвижност на сперматозоиди-ashenozoospermia. Какви ви се искустви?
Срцки да ве прашам, Пролутекс вчера боцнав во стомак и местото ми отече,денес има модрица и ме боли на допир, ја сравив ептен подкожно и малку подоле од папокот, дали вака болат или нешто згрешив, цел ден ме боли местото на допир
Моите резултати се добри...причина за спонтаните не е ова...само тоа ме интересираше..доторот ми објасни накратко што значат овие испитувања,читнав нешто на нет и се изгубив искрено во сите тие стручни генетски термини и баталив подлабоко истражување,ми се запали мозокот од тумачења,што значи ова,што занчи она... Пратив линк негде поназад за ова,што значи зошто сигурно ке треснам некоја глупост ако јас почнам да објаснувам... Пошто нема термини за спец.имунолог и генетичар, најубаво консултирајте се со вашиот ивф доктор,тој сигурно најубаво ке ви објасни и ке ви каже дали треба ова испитување или не. Нема потреба од стрес и грижа на совест зашто не сум го направила ова или она испитување.Пак ке кажам,сите сме индивидуална приказна за себе и се нешто што ке прочитаме овде може да ни послужи како предлог прашање до нашиот ивф доктор ,што мисли во врска со тоа ,дали треба ли нетреба да се испитува и слично. Џабе само стресови си правиме.... Значи,овде сме да дадеме предлог,да споделиме сопствени искуства,да си помогнеме меѓусебе. Но не и дека ПО СЕКОЈА ЦЕНА ТРЕБА све живо да се испита се што ќе прочитаме. Затоа дрга,воопшто не се замарај со ова...ако беше толку многу битно како што се мутациите,ана,афа и сл. кои 99% од жениве овде ги имаме испитано,исто толкава важност ке имаше и ова испитување...ке беше задолжително да се испита.Повеќе важност му даваат на Кариотипот(кој јас сеуште го немам испитано,а ми предложи Трајковски 3 пати) него на овие ХЛА типизации.. И на крајот на краиштата,пак нема да ни биде мирна совеста иако и за ова испитување добиеме супер резултат..повторно и повторно ке копаме,ќе рошкаме по темиве да бараме нешто ново и да се испита...и ..до кога? Додека не скренеме со мозокот... Затоа,да тераме само со она што специјалист ке ни каже..секое искуство од овде (барем на мене ми е завршен факултет) ни е повеќе од добредојдено,но само како насока за понатаму во конс.со ивф докторот,а не на своја рака да бараме упати и да се трошиме и психички и физички и финансиски и време да трошиме за само да се направи тоа испитување за кое никој не ни кажал туку самите ние така сме си решиле. Јас го направив но само затоа што ивф доктор ми го предложи,само затоа...а иначе го имам тука прочитано,ама не сум обрнала внимание,да не ми речеше др.немаше воопшто да го правам... Колку друшки ги има овде кои останале бремени,со уредна бременост до крај,па не ги направиле сите можни испитувања... Кај ке ни биде крајот ако испитуваме све што бара медицината воопшто-имунологија,трансфузиолигија,генетика,ендокринологија,....ехехеххеееее... на крај ке завршиме на психијатрија во Бардовци Кулирајте драги друшки,не се оптоварувајте со тие испитувања,психата е страшна работа која ако не ја насочиме кон позитива,не носи кон неуспех... Само ПОЗИТИВНО дека се ке биде во ред и без ниедно испитување да направам!!❤❤✊✊ Можеме ние ...ајде!!! Sorry на долгиов пост,ама душава ми збори,не јас...
Moze kaj kukata na majka tereza pozadi ... da gi odnesish , ubavo e da im stavish kopija od izvod za venchani , e sega nemora partenrot ako veke imate baranje i izjava popolneto , ako nemash tamu ke ti dadat ama treba davjcata da se potpishiteee .... Ajdeeee
Не да боли пече и недај боже следниот ден па и наредниот близу тоа да се боцнеш ау и јас не сум прочитала до сега дека мн болат од коа пробав и си викам кој знае како ја ставам ама такви се нажалост, а дали имате нус појави од нив јас од кринон и пролутех освен подуеност и гасови др ништо
Јас два пати на ден дури ги боцкам и плус фраксипаринот. Кога ме тепал некој на стомак имам чувство хахах Ја па немам нуспојави никакви, дури ни подуеност.
Аууу, значи боли, јас клексам во рака боцнав и не боли ич, а ова пролутексов како ќе се издржи, леле сатар стомакот ќе ни биде значи,ама ај само за убаво нека е
Јас предходно два пати пробав клексан во рака, ама па многу ме болеше и ми се направија одма модрици. И не пробувам веќе во рака. Може дека немам салце, што знам. Во стомак досега не ми направила модрица. Нека е за убаво, па да се жалиме следно на немирни бебушки во меше
Девојки, да ве прашам каде да купам витамин Д од 2000 единици на Солгар, во Зегин веќе подолго време го нема , дали го има во некои други аптеки?
Сестрата ми покажа како, ептен подкожно ама буквално, и не боли, а претходно ги ставав под агол45 степени и болеше, пробај така да ја навалиш скроз инекцијата и под кожа да се боцнеш, да не биде повисоко за да не буши во месо, ваљда добро објаснив
Ова е резултат кој упатува на дијагноза на ПЦОС. Ама ти веќе си ја знаеш, ти правеле и дрилинг П.С. Кај мене АМХ е 6.
Ма Многу ти благодарам го читав линкот што го имавтр споделено за афа ана испитувања....баш е да се скрене од мозок јас кариотип имам испитано пред 3 години и се е окк,спонтаните по сето мислење од др се од септумот,го пташав дали септум се гледа при киретажа рече не мила...јас му верувам на др трајковски тој е сигуррн дека нареден трансврр ке биде здрава бременост дај боже....посакувам ппсакувам и јас едвај чекам да фатиме сите да фатимедете враце...