Здраво девојки, имам пишано на темава вака правевме спермограм, спермокултура, за мене проодност на канали, хормони испитано.. поминаја 6 7 месеци од кога е испитаново, е сега сакам да прашам што мислите повторно ќе треба сето ова да се испитува или следен чекор кој е? Ви благодарам на разбирањето , почекувам дури ми заврши и да појдиме но дотогаш да знам на што да се спремам..
Здраво За спермограм доколку не сте имале никаков проблем не би ви требало (освен ако не ви треба втор извештај за ваучер). Спермограмите важат 1 година. Спермокултура- воопшто немате потреба од ова. Ваљда сте го правеле за некоја бактерија. Проодност на канали- чувајте си го извештајот, тој важи 3 години и не треба на толку брзо веме да го правите. Само по препорака на доктор секако. Хормони- јас би си испитала. Секако тие важат 6 месеци и за ваучерот.
Јас ги решавав успешно со ациди борици или борна киселина, одма по боцката на газа ациди борици и на местото држев пола час до час и како ништо да не било (иако претходно имав пробано други решенија, ова покажа најмногу ефект). Ви посакувам среќа
Да секако хормоните си ги испитувам почесто за да знам до каде сум. Во проодноста на едниот канал имаше проблем следно лапаро би било?
Па да ти кажам и јас имав проблем, но мал. Со самото ХСГ ме масираше рентгенологот и ми пробија. Знам само дека ако не се проодни треба интервенција. Но точно што и како не сум упатена.
Така е,да му веруваш на докторот..и јас му верував кога ми рече ајде да го исечеме и тој мал септум што го имаш,можда е тој проблемот за спонтаните и јас си прифатив иако искрено немам поима дека толку мал септум може да влијае на развојот на ембрионот и тоа во 6,7,8 недела... Иако читав на нет и други доктори ми велеа дека толку мал септум од 2.9 мм не е воопшто причина за спонтан, јас сепак си го послушав мојот доктор и вчера си го извадив и сега ми е чиста мислата...раат сум.Па Тој горе нека одлучи следениот пат дали ќе ни даде среќа или повторно ке си поигрува со нашето трпение... А ти сега имаш септум или немаш?
Да така е како лавици сме,и јас немам веќе септум и јануари и марѕ имав 2 хистеро огромен септум рече на широка основа отстранив ми рече др...ми олеснаа многуу спокојна сум зошто ембрионите ми се здрави бластоцисти така ми рече трајковски...сега имам обилен циклус добив покасно на 35 дена бес паника рече одлично кинисавме....и пијам циклопрогинова од 3 ден!на 4 мај контрола и сигурно крај на месец криотрансвер едвајј чекам ако верувате со нетрпение
Исто и јас...циклопрогинова,естрофем и све по ред и на 4 мај контрола,па сигурно средина или крај на месец криото❤❤..Ако даде Господ... Пиши на чело"фемина" да те познаам дента во Борн хахахахаха
Јас добив 2 дена откако ја прекинав терапијата. Не се секирај, од хормоните најверојатно е... Глава горе, ти посакувам многу среќа за следниот трансфер
Јас денес во Зегин купив Витамин Д од Солгар од 1000IE, 690ден (го пиев иначе тој од 2200) ама немаше... Па од овој ќе пијам по 2...100капсули се, дури и поисплатливо доаѓа
Здраво девојки. Сакам да ве прашам каде последно сте носеле брисеви на државно? Дали работат на клиника? Фала
Јас носев минатата недела на институт за јавно здравје , немаше ни гужва сабајлето одма завршив работа