Да прашам дали после трансфер е добро да се јаде хумус или леблебија? Протеинска храна е па ме интересира дали некоја од вас користела?
Јас 1 ден пред трансферот си направив домашен хумус и еве уште си го јадам(си мачкам на потпечено лепче)
Користам конзерва наут од подравка го цедам од течноста и го ставам во блендер,додавам половина лажиче сол,50 мл маслиново масло, сок од половина лимон(можете и цел ако нема доволно сок),малку црн бибер,3 лажици таан и малку лук во прав,блендирам и по потреба дотурам вода додека да испадне смесата мазна како паштета.Ја складирам во тегла и може да стои во фрижидер 10тина дена.Инаку да ви кажам убави вести од трансферот што го правев минатиот четврток.Направив тест испадна позитивен.Ајде уште ова.Читав по форумов дека self clear тестот покажувал најдобро и најрано бременост.Јас и не приметив некоја разлика во споредба со овие најефтиниве,дури и мислам дека на ефтиниот тест подобро се гледа линијата
Најдобро е да јадеш real food.Тоа значи балансирана исхрана месо,млеко,јајца,риба,јатки,овошје зеленчук.Еве дел од мојата исхрана насабајле обично појадувам овесна каша плус чиа семки со бадемово млеко,може протеински јогурт,банана, јаболко,киви,ананас.За ручек печен лосос со зеленчук брокула,морков,кромид,тикве или стек на скара печено месо манџи како што се леќа,грашок,боранија, салата краставица,домат,зелка,марула тоа што има дома,за вечера авокадо на тост лепче или хумус на лепче.Како грицки бадеми непечени
Колку убава вест, добитна комбинација со исхраната!!!Да си имаш лесна бременост и да не’ влечеш сите по тебе со позитивни тестови
Јеееејјјј❤❤ браво!!!! Честитки,со лесно...Уживкај си сега и чувај се!!!❤❤ П.с ова натуралнава паштета вкусно ми звучи..ке ја пробам..а мора ли таан да ставам,може без таан,некако не го сакам баш...
Ви благодарам премногу.Трансферот со замрзната бластоциста го правев во Плодност кај др.Таше Трпчевски.Инаку после трансферот само првите два дена гледав да ги поминам во кревет,но не цело време.Станував за сопствени потреби до тоалет,да си направам јадење да измијам садови и толку.Понатаму само она што морам низ дома без да се напрегам
Мене ми се допаѓа вкусот на сусамот и затоа го ставам(така е во рецептот)инаку не гледам зошто да не може и без таан.Сигурно ќе биде убав.Плус можеш и зачини по твој вкус
Оф топик, ама и мене многу ми се допаѓа вкусот на сусамот. Го обожавам, па уште кога е измешан со мед, превкусно. Плус и здраво е Ако ја слушате мајка ми, лек за сите болести хахахаха Ааааа и честитки за тестот, со лесно до крај
Хомоцистеинот да ти се движи околу 8, Не треба ни многу да е низок ни многу висок. За бременост 2-3 месеца пред забременување треба да земаш метилфолат (активна фолна киселина) некаде 0.8 до 1.6 мг - различни лекари различно даваат. И со неа б12 и б6. б12 најдобро да е метилкобалмин ама да не претераш со дозата. Хомоцистеин, а и б12 можеш да си мериш во биохемиска на клиника со упут од специјалист или околу 500 ден е приватно. Метилфолатот е малку незгоден за земање и сама на крај ќе ја одредиш дозата. Има странилни ефекти, почнуваш со 0.4 па качуваш. Има посебна тема на форумот за овие генетски мутации и јас треба пак да ја прочитам. Во секој случај ова е нешто кое се регуира.
Честиткииииии, баш се израдував, ајде повлечи не и нас пред трансфер па заедно да се дружиме во друга тема