Здраво МонаЛи, исто сум и јас во процес на трансфер со јк од донор од понеделников, почнав исто со Естрофем и Аспирин. Одма земај го и аспиринот, јас го пијам прв сабајле кога ќе станам, не знам дали е така правилно, ама да не го заборавам покасно. Естрофемот го пијам 2х2 првите 4 дена, после 3х2, на преглед сум следната недела. Со среќа!
Девојки со наредниот циклус ќе почнам со терапијаа за трансвер и др ми кажа дека ќе имам и клексани но не и од кој ден. Од кога се почнува? Да се организирам на време за преку граница
Зависи кога доктор ќе одлучи и дали си правела испитувања на Трансфузиологија, јас имам вродена тромбофилија и секогаш ги примам после пункција, значи 5 дена пред трансфер. Дали ова ти е прв трансфер? Од каде ги купуваш клексаните? Кај нас изгледа ги нема
Девојки дали има некоја што користи хидрокортизон да ми каже од каде ги купува. Залихата што ја имав набавено од Грција при крај ми е, ќе треба нова да набавам. Ви благодарам
Можеби докторот смета дека треба појачување па затоа ќе ти даде и клексан, можеби ќе почнеш пред трансфер. Во секој случај правиме како ќе ни кажат, само да дојдеме до бебенце. Со лесно мила!
Да да така е. Само дали да се организирам порано за да набавам. Да не чекам последен ден а кај нас нема
Набавувај со време, имај си две кутии за секој случај. @tina2018 Со лесно Тинка и среќно. Од срце ви посакувам успех
Инфо добив дека клексаните како што стигаат, ковид центрите директно ги повлекуваат, затоа нема по аптекиве. За предходниот трансфер од Косово ми донесоа клексани, за овој трансфер, по консултација со доктор, користам фраксипарин.
И јас исто,земам Фемибион 1 веќе втор месец, но пред 2 дена испитав витамин Д и испадна дека ми е низок, па почнав плус и зголемена доза витамин Д.
Јас сум хомозигот за MTHFR и исто планирам криотрансфер следниот месец. Др.Јани ми даде препорака да почнам 15 дена пред трансфер со clexane или фраксипарин секој ден, а аспирин од 100мг секој втор ден до bHCG. Потоа планот е ако дојде до бременост да се направи контрола на хемостаза о во зависност од анализите ќе се договарамр.
Девојки ајде малку бидете во улога на психолог.Никако да се натерам да го изодам патот за уште едно ивф.Пет ги поминав некако ,шестата не можам ни да ја замисла.Се плашам и тоа многу од минатите истории,велам што ако пак ми се случи нема да можам да издржам....Вчера дури и Трајковски го сонував ми подаде рака.Уф бе немаат крај нашите маки ....А многу од длабоко во срцето сакам да станам мајка.
Тина ти прв пат ли правиш со донор јк? И кој и тебе те води? Прашувам пошто јас имав неуспешен трансфер со донор јк во март, па да размениме искуства.