Јас планирам да не пијам од кога ќе почнам со боцкање, ама незнам дали ќе направам грешка ако го пијам додека ги пијам апчињата за контрацепција...
Јас не би пиела никакви билки.Подобро да внесуваш многу овошје и зеленчук, зелена салата и свежа пиперка особено. Многу вода со лимон и ѓумбир малку сосема е доволно за детокс.ова е мое мислење.
Фала Не ми пишува ништо. Само дека се трансферирани 2 ембриони. Затоа прашувам за поупатените во оваа проблематика дали ова е трансфер на 3ти ден.според мојата логика излегува дека е 4ти ден. Ми беше незгодно да го прашувам докторот.
Ви благодарам.Значи за првото инвитро сум имала трансфер на 2 ден. Тогаш во среда имав пункција а во петок трансфер. Ама да не мислам сега на тоа е најдобро
Со среќа милааа, на 6ти ден никакви симптоми, само утринската температура ми беше 36.7 како показател дека сме на добар пат, не барај симптоми рано е срцка, те чекаме наскоро да се пофалиш со убава бета ❤️
Не сум знаела. Јас сум со замрзнати јајце клетки па затоа се до трансферот си пиев. А ако предизвикува крварење зошто тогаш даваат антиметил на трудници за против повраќање и гадење. Овие таблети се на природна база и содржат ѓумбир пред се.