Јас си ги полежив првите 3 дена , а после тоа не , некои тешки работи избегнувај, не се заморувај многу, да ти кажам последните денови пред да испитам бета чистев во двор , садев трева, цвеќиња и во еден момент ми дојде тешко па ми текна дека ги преминав границите... Па еве се фати
Женски здраво, За пријатели прашувам пошто на броевите од фондот не одговара никој, денес им стигна писмо дека треба уште еден спермограм да пратат од гак или од уште едно др место а имаат два поднесено еден од Битола државна и др од Борн со еден месец разлика. Кај нив е проблем со машки стерилитет дали сте имале вакво искуство и тие поднесиле кај веро јумво дали ова кај мајка тереза дирекно треба се носи? Фала женски унапред
Толку се осеќам како дел од New Born, ми се иде и јас да идам да ги пречекам Се одомаќинивме, Во секој случај, добро за тимот, малку можеби ќе се растеретат, во последно време кога одев беа стварно фул.
@MNoris честитки мила, од срце ти посакувам убава и лесна бременост. @Damjana5 тебе те чекаме со убави вести. Вие двете ми останавте многу во меморија како заедно почнавме во инсеминација. Гушки до двете
Здраво девојки, Дали би сакала некоја од вас да ми каже како се вика клиниката во Чешка за Инвитро? Фала ви
Пред две години кога бев заинтересирана за Чешка најмногу позитивни искуства сретнав од Pronatal Sanatorium и Prague Fertility Centre
Правев пункција пред месец ипол поточно крајот на март. Првиот циклус после пункција си дојде баш на време, на 28миот ден ама сега ми доцни веќе три дена, т.е денес ми е 31ви ден. Што јас го рачунам за доцнење пошто никогаш не ми доцнело, еднаш само на 29ти ден. Дали мислите дека треба да направам тест за бременост или уште време му треба на телото да се стабилизира? Да напоменам дека и во јануари правев пункција, наредните месеци после тоа имав циклус околу 24ти до 26ти ден.
Таа во Брно била многу добра. Таму одат Чесите. Во Прага не ги знам ама имало некоја во која работат Срби, Македонци.... Е таа требало да се избегнува, се било за профит. Информацијата ми ја кажа една жена која успеа да забремени во Чешка. Прво била во таа во Прага каде што одат Балканци па за среќа дознала за таа во Брно и таму и помогнале. Имаше проблем што во Македонија не можеа да и го решат. Си доби близначиња.