Хелоу друшки Ме паметите,нели Се надевам не ме имате заборавено. Ме немаше долго време на форумов, знам не бев 'фер' така што се повлеков , но што е тука е. Се вратив само да споделам нешто. Лани овој период споделив една многу тажна вест овде, баш овој период. Се издигнав и од тоа нели Сега би сакала да искористам еден мој цитат да видите дека за многу работи сум била во право. Еве денес на овој убав ден св.Василије Острошки сакам да споделам една убава вест. Бубче денес, на 13ти ден од трансфер има Бхцг 499,17 Не можам да и се изнагледам на тестовите, не можам да и се изнарадувам на денешната бета која пред 3 дена беше 147,4. Тестовите се од 7,8, 9 10ти и 12ти ден од трансфер. Сакав да почекам до срцева акција па да се пофалам. Но срце не ме траеше. Овде ја добив најголемата подршка, овде ги прочитав најубавите пожеланија, овде многу плачев, се радував. Овде бев разбрана од секоја од вас. И затоа решив да баталам суеверие и да ви се пофалам за мојата радост. Да ви дадам надеж дека штом ние успеавме ќе успее и секоја од вас. Јас направив све што беше до мене. Сега само го молам дедо Боже и тој да приклаи раче и све да биде во ред. Ве гушкам мили мои друшки и ве теглам за носе сите до една На помош празников. Денот на моето љубовче Амин
А баш те мислев пред некој ден каде си. Кога тоа убајни си имала да споделиш со нас Бог да ве чува и да си имаш лесна бременост Драго ми е што се чистиш од темава. И ти благодарам за сите совети низ страниците наназад.
Леле жено а те чекав ,баш пред некој ден гледав те нема одамна,знаев дека со ваква вест ќе се појавиш ,среќа најголема...честитки од срце,радувај се дојде и твоето време
Bubce, честитки! Со лесно до крај да си ја износиш бременоста, да си имате здраво, право бебувче Те чекав да пишеш, редовно ја следам темава. Мн се израдував, како да те знам!
Честиткииии!!! Ме расплакаа од радост!! Господ е голем и знае што прави, а ти си доказ дека сите ќе станеме мајкии, сите што сме тука и што се бориме. Секоја чест за твојата упорност, оптимизмот и вербаа, ти си пример какви треба да бидеме, бравоо! Ти посакувам најубава и најлесна бременост да си ја имаш!
Честитки Бубче, да си имаш најлесна бременост! Се израдував многу, ете доказ дека само упорните борци стигаат до целта ❤️❤️❤️
Жено пред една година кога го прочитав твојот пост плачев од тага и многу пати ти имам пишано дека за мене си жена херој,секогаш знаеше да ги најдеш вистинските зборови и на сите ни беше поддршка.Денес плачам од среќа,се радувам од се срце за твојата среќа и сигурна сум дека господ ќе ги услиши твоите молитви и се ќе биде во ред.Ти заслужуваш и ќе бидеш прекрасна мајка.Твојот трновит пат на сите да ни биде мотив и твојот пример значи дека секоја жена која нема да се откаже ќе стане мајка.Овој форум сме си поддршка едни на други.Премногу сум стеќна кога читам вакви убави приказни.На сите господ да им даде по едно бебенце во раце,не се откажувајте
Миличка, фала ти што ја сподели со нас твојата радост, ме расплака и се радувам дупло за тебе, биди ми жива и здрава и за 8 месеци да си се гушнеш со бебенцето Секогаш си тука да помогнеш и да советуваш, многу научив од тебе, затоа твојата упорност и бескрајна желба да се биде мајка е пример за сите нас, нека Господ ве чува до крај
Не плачев , липав бре жено, браво се дивам на вакви борци ... Да си имаш лесна бременост и гали мешко безгрижно.. Пс. јас не правев тестови решив мушки да издржам до 14ти ден , кога ги добив резултатите од бета сите ги прашував дали се моите резултати , не ми беше верно
Те читав одааамна баш одамна, знам низ што де имаш поминато ама ете вреди со лесно и до крај да се радуваш
Јас сум тука од неодамна, не те знам, но од срце се расплакав! Ти посакувам прекрасна и лесна бременост! Те замислувам како најголема хероина од некој филм! Ти се дивам на позитивноста!
Честитки среќно со лесно упорноста се исплати после дожд доаѓа сонце браво имај лесна бременост радувај те се живот се менува
Ti si zena borec so tolku mnogu ljubov vo sebe, se nadevam i molam da ti dade dedo boze dve odednas za seto sto do sega prezivea i prebrodi! Bravo najbravo
Здраво девојки ке иде ли некоја членка овие денови во борн?ми треба една инекција триптофем за во недела?за да не се малтретира да одам,а морам да се боцнам во понеделник сум на контрола!ако има некоја членка што ке иде нека ми пиши во лп!благодарам
Дедо боже ќе ти ги подари најубавите очиња на светот Ова сум ти пишала некогаш. Сега на мажот ќе му кажеш од частење, мекиците за Ристена (и Ристо) ги сакам