И јас сум скоро пред криотрансфер на природен циклус.Од 3 ден почнав со кломифен,5 дена ×1. На ехо бев некаде 2 дена пред циклус,па на 8 ден повторно. Утре сум повторно на ехо(13-ти ден) ,со тоа што др. ми рече повторно да се боцнам за ЛХ,Е2 и прогестерон и според резултатите од хормоните и дебелината на ендометриумот ке видиме утре во која насока ке се движиме. П.с На 3 ден од циклус сама си побарав упат и се боцнав за сите хормони да ги проверам, и реков на матичната да ми даде упат за хормони за ваучер ,све што може да се испита. Со резултатите си отидов на ехо,др. си ги запиша вредностите на хормоните во шемата и еве си тераме.
Не си ти на природен циклус, твојот е хормонски третиран бидејќи примаш кломифен. Кога доминантниот фоликул и ендометриумот ќе ја постигнат потребната дебелина ќе примиш и ХЦГ инекција за индукција на овулација. Тоа е едната варијанта од стимулиран криотрансфер, другата е со естрогенска/прогестеронска терапија од почеток на циклус кога се супресира овулацијата и вештачки се подготвува ендометриумот за имплантација. На природен циклус нема апсолутно никаква хормонска терапија во првата половина на циклусот до овулацијата, само се следи природниот развој на доминантниот фоликул и ендометриумот на ехо, и се проверуваат Е2, ЛХ, како и П4 по очекуваната овулација. И природниот циклус има две подваријанти - скроз природен циклус кога се чека спонтана овулација и модифициран-природен циклус кога овулацијата се индуцира со хцг инекција.
Супер објаснето, баш и мене не ми беа јасни сите варијанти. Јас значи сум модифициран-природен циклус кога овулацијата се индуцира со хцг инекција... во овој случај не разбрав е2, прогестерон и лх кои денови од циклус се испитуваат и дали се важни?
На 2ри и 8ми ден естрадиол и лх,и на 11 и 13ти ден прогестерон.Не викам дека е правило,мораше докторот да направи проценка да не ја утнеме овулацијата.
@kara.petra На почеток на циклус - на ден 3 можеш да провериш П4 и Е2, ама не се неопходни доколку со нив си немала проблем и биле во граници на нормала кога си ги проверувала друг пат на 3 ден. Во текот на постапката ќе ти каже докторот, во зависност од ехото и растот на фоликулот и ендометриумот. Во мојот случај на 11ти ден испитавме Е2 и ЛХ, потоа на 12ти само ЛХ и тогаш примив стоп инекција (и мојот беше модифициран-природен). Прогестеронот се испитува после очекуваната овулација да се види дали истата е постигната и ако вредноста на хормонот тоа го покажува и на ехо се гледа дека фоликулот е прснат и е присутно жолто тело, се почнува со прогестеронска поддршка и неколку дена после тоа е и трансферот.
Девојки нормално ли е после неуспешен трансфер првиот циклусот да е продолжен? Ова прв пат ми се случува. До сега со предходните два неуспешни трансфери си добивав штом прекинам со терапија и имав 3-4 дена како што обично цел живот ми е циклусот. Сега еве веќе осми ден како имам.
Случајно да немаш слушнато пролутекс некој да боцкал мускулно?! Не можам веќе, цела сум модра. По два пролутекса дневно, плус клексан..ренде сум. Бар еден пролутекс да биваше мускулно да може. Ми е срам да се жалам на докторот, па си велам ако некој го примал мускулно да сподели Гледам на инекцијата пишува дека се користи и i.m и s.c
Колку што знам (не можам да тврдам) мускулно не се аплицира, субкутана инекција е, апсорбцијата е во сало под агол од 45°. Едино да ти го заменат со депо, или наизменично на неколку дена да примаш депо/пролутекс. А зашто не го аплицираш клексанот во рака или во нога, а пролутексот во стомак, да не бидат и двете во стомак? Или да прашаш дали може и пролутексот во рака?
За пролутексот ми имаат кажано дека може и во рака. Ама мене многуууу ми е тешко во рака да се боцкам и баш ме боли. Некако сум бааѓи набилдана јас немам т.е неможам салце да фатам Во стомак сало имам поприлично
Јас го боцкав само во стомак , ама зошто станав партали немав избор па се префрлив на рака и сега менувам секој ден различно еден ден рака еден стомак
Дугарки, имам и јас интересна приказна да раскажам. Пред 10 дена бев на консултација за да започнеме со второ ivf. Ги земав декапептилот за да почнам од 21ви ден, отидов до кафана и се вратив да им ги вратам инекциите назад во клиниката дека решив да не почнувам овој циклус - да одморам уште маклу. Денес на 30 ден од циклус зедов да влечам теписии си викам ај направи си еден тест пред да правиш генеракла.
Девојко, што збориш?? Неверојатно е ова, честитки од срце! Уживај во секој момент од бременоста, од ова поголема среќа нема!
Ви посакувам на сите од срце да ви се деси ваков шок. Кога читав вакви приказни ги земав со резерева дури и можам да кажам дека не ми се веруваше. Ви пишав за секоја од вас да има гоооолема надеж особено тие со ниско АМХ како мене.