Ах,више навистина се е збунувачки.. На мојата шема по денови и терапии што ми ја отвори Влатко убаво си напиша "природен циклус", така и се договоривме. Уствари дал е природен или не, не ме занима баш,битно да ми е успешен...! Благодарам на исцрпниот одговор.
@tina2018 честиткиии, со среќа! Верувам дека сеуште си во неверување! уживај во бременоста Може ли да споделиш искуство после трансферот? Јас со првото инвитро буквално цели две недели лежев во кревет, дури и јадев во кревет, само за до wc станував, но сепак на крај испадна биохемиска бременост. За второто инвитро лежев само првите 3 дена во кревет, веќе од четвртиот ден се движев низ дома, надвор низ двор а веќе втората недела ептем се отпуштив дури одев и на пешачење, но на крај повторно без успех, ми дојде циклус пред да направам бета. Денес очекувам повик да ме информираат кога ќе ми биде трансферот, трета среќа и искрено незнам овој пат како да постапам? Можеби најдобро првите 3 дена ептем строго мирување во кревет а потоа движење само низ дома, до кујна, тераса ама никако по скалите во дворот или да пешачам И уште едно прашање, се сеќавам со првото инвитро тогаш сестрата ми кажа никако туширање првите три дена? Дали и вие постапивте така ? Или нема врска тоа? Ти благодарам! Поздрав
Леле девојче, ептен ме израдува, и јас чекав убава вест од тебе, знам колку се намачи жено! Да си веруваш во твоето чудо, нека биде лесно до крај Мислев дека покасно ќе правиш трансфер ама не превари
@tina2018 Ааааииии маааа лелеееее.. ❤❤❤ Како на шпанска серија приказнава Со лесно друшка, со лесно до крај!!!
Мислам дека баш тогаш на матката и треба циркулавија. Јас лежев само 1 ден, од вториот се туширав, готвев, само не чистам. Ете бидна.
Честитки! Лесна бременост , уживај и гали ди мешенце! П.с. Пуштете ни baby dust со @Bubce38 да има што повеќе позитивни тестови!
Честитки ! Со лесно до крај! ❤ Јас сум петти ден од ЕТ со донирани ј.к. исто, едно 3дневно ембрионче. Значи од 9ти ,10ти ден веќе може да покаже тестот иако е 3дневно?
Мене на 7ми ден ми се појави цртката која само јас можев да ја видам. На 8ми веќе сите ја гледаа бледата цртка. Исто, тридневни ембриони.