Хахаха на индиски мислев дека имаме соборки кои долго ја водат биткава, па нека не' израдуваат со убави вести
Честитки за сите што успеавте, долг стаж имате на темава и време беше да ја напуштите. Со среќа девојки и со лесно до крај!
Па бледо, поише само стрес си направив, и маж ме кара, ама радознала бре, што да правам. Сега се молам да се дуплира бетата. Со среќа!
И јас така како тебе со првите две, сега све правев нормално како и секој ден, па и бавча садев. Кога го правев првиот тест викам мечка страв мене не страв, и се обои цел црвен. Викам ете ништо пак, знаев. После две три минути пак гледам нешто бледо, е тогаш солзите сами течат. Јас прошлата год во септември правев хистеро - лапаро, после имав неуспешен трансфер, па испитував генетски, го средив пролактинот, постев, пешачев и вежбав јога да се смирам. Сега се надевам дека ќе се дуплира бетата па после ехо па тестови, ова ич не било лесно. Ама среќна сум. Се надевам секое едно Ивф да биде позитивно и групава да се затвори. Иначе, само првиот ден кога дојдовме дома, јадев и легнав, тогаш само полека, после и скали качував. И на трансфер полежав во сала, ама во соба не, сакав да има циркулација матката. Јадев бразилски едно две, цвекло, ананас и авокадо. Со среќа и кај тебе да се радуваме!
Фала ти! И да во право си, ич не било лесно, јас мислев ќе направам едно две и готово завршена работа но воопшто не било така било дол пат за одење.... дај боже овој пат да успее
Ај сите шо не ни се верува, вака да се изненадиме Честитки, прекрасна вест Теписите друг нека ги оправа, ти уживај сега