Премногу радост денеска, честитки на идните мами, дај боже да дочекаме и ние што сме уште на првите денови од трансферите.. Прегратки за сите
Девојки денес јас бев на контрола мерење на ендометриум 8.3 др кажа не е доволно задебелен и ми продолжи терапија до среда плус ми додаде спреј Лензетто по 2 пат да прскам на ден...го прашав кога трансвер рече др недела верувајте со нетрпение чекам...мислам овој пат ке успеам...а на вам идни мамички ви посакувам со лесно да си ги износите вашите бебувчина
Абе од една страна може да се смета за природен зашто се чека овулација пред трансфер, од друга страна таа овулација е хормонски стимулирана. Како и да ги водат, со лесно и нека е овој трансфер е твојата трета среќа
Епа не може да е поубав денов, ваква да биде групава секој ден само позитивни тестови и бети кај сите. Со среќа и со лесно до крај
Купив еден одма штом излегов од борн мораше да се прснам сепак ти благодарам на понудата ако ми треба од среда ке ти пишам ако не на друга феминка што и треба нека земеи уште ова прашанје беше дали ке најдам клексан али и тоа се среди
Здраво на сите, пред спремањее за IUIразбрав дека имало некои новитети во фонд доколку инсеминации ти се со количина под 4 мил.одобрувале ваучер и со 2неуспешни инсеминации.. дали некој има слушнато за ова или има повеќе инфо бидејки на сајтот ништо нема.. Фала ви секоја инфо ке ми е од корист да не давам пари за џабе
Здраво, Се спремам за ивф со долг протокол,др ми рече ке почнеме од 24 ден од циклусот. Дали е нормално да се почне од 24 ден,од кој ден обично сте почнале вие?