Мене на втор ден од циклус со едтрадиол 59 ми го презакажа Лазаревски трансферот за нареден месец да почнеме и он кажа дека преферира естрадиолот да биде до 50
Здраво девојки, некој да не знае Летрозол каде може да се најде. На другарка и препишале но нигде не може да најде.
Аии а јас ја разбрав за во фонд каков го бараат е2 @elanor за трансфер ако ти е , тогаш како што кажува Маја. Испод 50 најмалку , иако и 50 е високо. 20-30 е оптимално . Истово важи и за отпочнување на целосна ивф постапка. Мене конкретно пред да почнам ми беше <20 на втор ден со тоа што претходно пиев микрогинон
@Bubce38 Убаво си ме разбрала За фонд ме интересираше дали имаат посебни желботеки за долна граница на е2
dali toa bea apchenca za folikuli pravenje ??? za insiminacii i gi barat ??? da proveram doma mozi imam jas ako bea tie ... i ke ti pisham ... do 5 sum na rab znachi na kaj 6 saat
epa mislam deka imam , deka znam skapi bea , a mi treba samo 5-6 a prodavaat cela kutija , ke proveram doma od lani se i datum i ke ti pisham ...
Шуќур Обично 40 и нешто. Ама на последно мерење беше 29, па да знам ако е ниско да проверувам пак. Дека на долна граница е во референтните вредности.
Девојчиња да прашам нешто Колку време после примената стоп инекција може да правам тест Пред 9 дена примив 10000 единици и сега незнам дали ако направам тест ќе покаже како што треба или ќе покаже бледа линија од инекцијата
Чудна е скроз, ама многу добра докторка. Како ќе ја дувне ветерот. Ама муабетчика е, ако стварно има нешто сомнотелно во резултатот ќе те прати на уште еден куп испитувања. Јас одев меѓудругите и кај неа.
Друшки, денес бев пак на ехо ,пукнале фоликулите , ендометриум одличен 9.5 мм, и здравје на празникот св Кирил и Методиј,понеделник ке си ги земам ескимчињата во меше. Сабота сабајле,повторно мерење прогестерон да видоме дал има потреба од пролутекс зошто од терапијата што ми ја даде Влатко го избаци пролутексот зошто прог.ми беше во нормала (1.15 на 12 ден) и сметаше дека нема потреба од него,ама за секој случај,пак ке мериме 2 дена пред транафер. Терапија стандард: *Клексан 0.4 1×1 *Аспирин 100, сњкој втор ден *Утрогестан од 200 2×1 * Бускопан и Декотрин 1×1, 3 дена пред е.т *Дијазепам од 5мг на ден на е.т @ladystardust во право беше за трансфер во понеделник ако се 5 дневни ембриони.Но моите се 3 дневни,ама ке ги одмрзнат во сабота за да во понеделник станат 5 дневни. Јас најискрено се надевам и посакувам овој пат да ја вкусувам среќата до крај. Господе, сега се е во твои раце❤❤❤
Супер! Пролутексот ти го тргнал дека организмот природно си ја создава потребната количина прогестерон да ја поддржи имплантацијата и затоа нема потреба од големи дози. Утрогестанот ти е повеќе од доволна поддршка, а ако треба дополнително, ќе ти воведе после трансфер. И кај мене беше буквално истиот план за трансфер и многу слична терапија, ама ме зезна овулацијата што не се случи. И јас имам тридневни, кои се договоривме следен пат да се одмрзнат и да се остават ин витро уште два дена, па да се трансферираат како бластоцисти. Со среќа девојче!
Ајде миличка со лесно нека ти е, да биде се’ во ред до крај и да не’ израдуваш со убави црвени линии Возбудата расте!