Храбрици имам едно прашање. Кога поднесувате документи во фондот, ако има и неуспешен криотрансфер, дали од датумот на ивф или од датумот на криотрансфер треба 6 месеци да поминат. Секое искуство ми е добредојдено. За да знам да си планирам после кои 6 месеци. Ви благодарам и ви посакувам сите до една да се исчистиме од темата што побрзо со високи бети.
На убав празник ќе им направи матката добредојде на твоите јуначиња. Со лесно мила нека ти биде и нека биде твој најсреќен ден ти посакувам од срце
Трансфер на празник чуда прави Мојот беше на Велики Четврток. На Ѓурѓовден имав веќе бледа линија на тест. На Св.Василије Острошки висока бета #убиломесуеверие" Со среќа со среќа со среќа нека ми ти е Иако до тогаш уште едно 100 пати ќе се чуеме де
Благодарам мила,дај Боже што побрзо да се радуваш...благодарам за сите совети и искуства што ги делиш,многу научив овде ... Да не бевте вие,кој знае кој пат ке го терав сега... ❤❤❤❤
Откажи го тој термин за да земеш нов упат... кај друг Марија гален ... или Галрниум фарм аптеки да видисш... @Twins256 ајде мила па ќе не влечеш по тебе и ние да почнеме и успееме...
Убаво праша @Bubce38 , ако последниот трансфер ти е со ваучер , поднесување док. за следен ваучер е 6 месеци од денот(датумот) на трансферот со ваучер... Ако ти е трансфер на приватно,можеш и по 1 месец да поднесеш...од каде знаат тие од фонд ти на приватно кога и како си трансферирала.Може секој месец трансфер да правиш на приватно,тие таму од фонд нема да знаат. Знаат само кога клиниката каде што правиш ивф-то го пушта ваучерот во фондот после трансфер (или пункција,ако не дојде до трансфер) како би ги рефундирала средствата за стимулациите кои ти биле дадени,пункцијата и трансферот.
1 ивф приватно, криотрансфер приватно. Не ми одобрија ваучер со 2 инсенимации (мн слаба машка подвижност) прашав во фондот дали наместо уште 2 инсенимации може да доставам со приватно ивф ми рекоа ДА. Но заборавив да прашам после кои 6 месеци од ивф или од криотрансфер. Па затоа барам одговор овде
Имам трансфер и од 1 неуспешно и од криотрансфер неуспешно приватно. Немам веќе замрзнати јунаци. Се беше приватно. Немам добиено ваучер до сега
Ќе си го поднесеш само извештајот од првиот трансфер. Само израчунај си. Треба да има поминато 6 м од првиот трансфер. Извештајот од крио т Не го поднесувај
Ахам ок ти благодарам многу. А уште нешто нема ли врска тоа што на тој извештај (првиот приватно) пишува колку се оплоди колку се вратиле? Да не го ставам во документите и извештајот од криотрансфер така?! Само од 1 ивф приватно 6 месеци поминати, добро те разбрав?!
Ако нема поминато 6м од криото Не го ставај. Само од првиот трансфер пушти им. На тој извештајот пишува ли дека сте замрзнале ембриони?