Стимулациите го качуваат ТСХ ама ти си била со добар старт од 0.9. плус еутироксот треба да те пази. Иначе мислам во понеделник да отидеш на ендокринологија со приоритетен. Ќе те примат и ќе ти премерат. Сите лекари таму се фини. Ако нема лекар во ендокринологија значи во бараката од карши на дијабетес ќе има лекар за приоритетни. Истите се тие Само не мери тој ден кога трчаш по лекари туку другиот ден гладна жедна и до 9 часот. Тоа што си примила триптофем не е страшно тоа ги смирува јајниците. Зборувај со лекарот каде што правиш ИВФ и ако е високо ТСХ нема да почнете со стимулации. Можеби ќе ти даде триптофем уште еднаш следниот месец и после ќе почнете. Како и да е на време си видела зошто високо ТСХ не дава квалитетни јајце клетки т.е. ако е стварно високо нема да е толку успешна стимулацијата.
Во биохемиска лаб правев денес, и јас се зачудив како на двете 9 ни е. Инаку немам некои симптоми, немам покачена килажа, незнам што да речам, ќе видам докторот што ќе каже. Јас секако нема класично инвитро да правам туку со замрзнати, па колку ќе влијае на имплантација тоа незнам.
@babybubu кажа дека е на клиника за патофиза. Ама се заредивте двете со 9 една после друга па и имињата слични на Б. Двете на ендокринологија со приоритетен најдобро. И баш ви напишаа горе да направите антитела. Нека ви проверат се комплет ТСХ, т4, т3, антитела и може и други нешта да ви дадат. Имаат широк спектар на испитувања.
@bebaa влијае на имплантација ТСХ. Треба да е под 2.5 а најдобро под 1.5 Ако тие помеѓу 2-2.5 ќе треба да ти ја зголемат малку дозата на Еутирокс после трансфер или после позитивен тест ќе ти каже лекарот што ти прави инвитро. Тогаш трошиш и за тебе у за ембрионот.
Иначе дојдов тука за да прашам на толку разместување на кадар каде има добри ембриолози сега? 1. Валентина од Ремедика е во Њу Борн. Дали ќе работи со Трајковски или само со Хаџи Лега? Дали се добри и другите ембриолози во Њу Борн? 2. Во Ремедика сега има 4. Главна е Даниела Христов. Дали имате информација за неа? 3. Во Систина какви се ембриолозите? Тие се единствени што вреќаат на 2-3 ден. Знаете зошто толку кратко и дали по барање на пациентот би оделе до 5 ден.
Не сум пиела еутирокс никогаш дека секогаш ми било во нормала, а и антитела на тироида нормални. Денес само ова испитав, незнам зошто само тоа сакаше да провери докторот, пред една година се ми беше супер кога испитував.
Му пишав на доктор Лазаревски маил за ситуацијава којзнае кога ќе врати. Инаку немам можност да одам на Ендокринологија дека не сум од Скопје, незнам дали е паметно тука во мојот град да проверам ако работат утре на приватно? До сега во овие 4 години сум пациент на Патофиза и тој резултат од 0.9 ми е исто од таму. Тој резултат е од Фебруари пред да почнам со првото ивф па се мислам дали е можно стимулациите од првото ивф ( со краток протокол бев) е можно да придонесат за волку да ми се кали тсх, или пак стресот што го имав со првото ивф дека беше невидено фијаско ( премала стимулација, не се оплодија јајце клетки, не стигнав до трансфер итн). Навистина не ми е јасно... Инаку целосен резултат ми е направен ама докторката од Патофиза на вибер ми пиша само за ТСХ со цел да ми даде поголема терапија да не ги чекам резултатите наредна недела и ми беше незгодно да ја прашам и за Фт4 и антителата..
9 е доста високо. Повтори и ако е над 2.5 секако ќе мора да почнеш со терапија. За секојдневен живот до 4 ништо не даваат ама за ИВФ и за трансфер бараат да е под 2.5.
Ништо без мислење на Лазаревски. Не само на маил во по Едел ик барај ја и сестрата. Ако си далеку од Скопје измери во најквалитетната лабораторија во твојот град или евентуално во соседниот. А од стрес и од се точно се качува но и се симнува самото после 3 месеца. Новиот резултат ќе ти каже најдобро. Иако е друга лабораторија не може да е повеќе од 1 разлика.
Се слушнав со Анита ми рече докторот како што ќе каже така. И сега ќе си чекам одговор. А за ТСХ ми рече докторката за 2 недели да одам на проверка пак.. а до тогаш да ја пијам новата зголемена терапија. Па ќе видиме..
Со две раце потпишувам за Даниела. Девојката е топ ембриолог, плус е љубезна, пристапна и подготвена сите дилеми да ти ги разреши и да ти даде одговор доколку имаш прашања. Повеќе години е во Ремедика, а е МАНУ школа, таму е обучувана (а таму маста им ја вадат, ова можам да тврдам од блиски извори )
Во Систина ни се погоди Снежана ембриолог, многу коректна, фина, објаснува. Нејзина препорака и на Лазаревски беше ембрионот да се врати на 5ден. Мислам дека кога ќе проценат дека ембрионот може да издржи до 5ден тогаш го враќаат на 5. Се според проценката за квалитетот на ембрионот. Мене уште 1 ден ми рече на 5 ден ЕТ, па потоа се слушнавме дури на 4ден за да ср договориме за саат за ЕТ на 5 ден.
Mene mi se sluci istoto, od nigde nikade pred transfer na 4.5 mi se kaci tsh, a sum bez terapija, ali so pokaceni antitela, hashimoto sum. Mi go otkazaa transferot, sakaa na eutiroks da me stavat odma na 25mg, ama rekov daj ova od stres e, nareden mesec 2.5 mi bese i posle mi padna na 2. Taka da moze da e momoentalno, sepak kaj tebe e 9, sto e baagi poveke od mene, ama ako ti se potvrdi rezultatot ne bi ti preporacala da prodolzis so postapkata
Ми врати докторот, да прекинам со терапија ( Микрогинон и Триптофем) додека не го спуштам ТСХ не правиме ништо. Така да моето ИВФ се одложува..
Ти благодарам. Точно,МАНУ е супер школа сум се уверила како работат кога одев на консултации за мутации