Друшки мои најверни... Дефинитивно,во понеделник, во 11:30 трансфер на моите 2 ескимчиња.(3 дневни,но денес одмрзнати да станат 5 дневни) Прогестеронот,на ден пред трансфер 33.8, од прогест.поддршка само утрогестан 2×1 од 200, Влатко рече нема потреба од пролутекс или прог.депо. Лелеее..трема имам голема...на Евровизија да настапував немаше волкава трема да имам...можеби затоа што знам дека овојпат ке успеам до крај✊✊✊✊ Се надевам дека 38-от родендњн ќе си го дочекам со неизмерна радост!!!! Ве поздравувам,ви посакувам среќа до небо!!!! Имајте убав викенд и најубав празник❤❤❤
Со лесно и само опуштено, јас коа отидов на трансфер бев ко туш ладна незнам која сила ми ја даде господ , а предходно сум се тресела од возбуда ... Па еве незнам дали тоа влијаеше ми донесе позитивни резултати , те чекаме и тебе да не израдуваш
Друшке моја, ти посакувам овој пат да биде успешно до крај,па на мекици да идеме. Дај Боже, овој роденден да ти биде најсреќен.
Душичке, само позитивно, ова е твојот момент да уживаш и да славиш, чувствувам позитивни вибрации за тебе. Со лесно на трансферот и заедно ќе ги одбројуваме деновите до позитивен тест
Среќноо од цело срце ти посакувам и ке успееш одлични резултати тоа е тоа и јас едвај чекам ти понеделнички стартуваш да киниса неделата со здрави ембриони идни бебушки..и наксреќен роденден...а јас вторник мене само 1 ембрион ке ми врати така беше и октомври 1 ембрион па така да верувам другата година ке славиме родендени!инаку да кажам денес ми стигнаа пролутех од грција 14 инекции 92€среќно мила и убав викенд
Среќно и тебе мила... На столот ке ти оставам трага од мојата позитивна енергија која ја имам,земи ја во вторник Едно ембрионче,ама вистинското✊✊ Ајде,да го паматиме летово!!!
Е немате претстава колку ми го разубавивте денот со позитивната енергија насобрана во вас Нека ви е со лесно друшки Јас бев во петокот на 8ми ден од циклус 6ти ден од стимулации да мериме е2 и на ехо... -Е2 83 што бутур му е незнам... (чудна работа) -лев јајник 4-5 фоликули -десен јајник 4-5 фоликули *Терапија - иста (3 фостимони во 2 водички) и Декапептил. Во среда идам пак на фоликулометрија и е2, па ќе видиме како ќе биде...
Дај боже да си го прославиш како што замислуваш! Ескимите едвај чекаат да се приберат кај мама во меше Со лесно и опуштено, понеделнички нека тргне работата
Сестрата 3 пати го праша докторот дали да ми зголеми доза, он рече не не, ќе биде добро.. најверојатно се сомневаше дека до среда ќе се зголеми. А па јас како теле абе ништо да не прашам Ама ај,...