Тука сум и јас да ти олесни јас кога отидов во борн и почнавме со стимулации моја 6 по ред извадивме 3 ембриони бластоцисти одличен квалитет така да уживај
Девојки of topic сум малку ,ама само би ви го препорачала препаратов на сликата прикачена. За сите што користат fertilimin,ovunorm или inofolic одлична замена е за регулирање на овулација,полицистични јајници,кај инсулинска резистенција,го користам неколку месеци и циклусите ми се регулирани после агресивни ivf.
Здраво!Дали некоја членка е во постапка кај Лазаревски? Ѕвонев кај Анита ми кажа да чекам до Септември или евентуално Јули докторот ќе користел одмори Јуни и Август, а редовно се вракал во Септември?
Јас се двоумев за инвитро помеѓу Лазаревски и Трајковски, но баш од оваа причина отидов кај Трајковски. Лазаревски ми правеше лапаро и мислам дека поради пост ковид Лазаревски сака да се одмори. Периодов има многу отсуства.
Овој твојов Стојко од Ергеле и пред некој ден изјавата во поглед на мирување после трансфер дека „ако нема услови да биде, и да не трепкаш ембрионот нема да се закачи“ ми се хит број 1.
Здраво на сите, Ве молам пишете ако во меѓувреме добиете информација дека др.Митко Ивановски е вратен назад на работа. Сестра Сашка како и по обичај, не крева на телефон... Поздрав и среќно на сите,
Здраво дали може некој да сподели искуство со користење на Гонал ф 75. Од утре започнувам да ги користам се подготвувам за инсеминација ќе ги користам 5 дена.
Минатиот месец пиев кломифен исто супер реагирав на него но не праврвме инсеминација, а сега ќе видиме. Колку фоликули доби со нив?
Juce je meni rekla da ocekuju da se vrati u ovih par dana jer je vec kraj meseca.Isto mi je rekla da je opet nazovem tad ce znati vise
Само пофални зборови за Кристина. Две ифв во Ремедика,првото без трансфер не се развивале ембрионите,второто со теансфер на 6 клеточни ембриони неуспешно. Во Њу борн две пункции со оплодувања од Кристина. Првата 3ј.к. добивме 2 бластоцисти,втората 4ј.к. добивме 3 бластоцисти. Здравје нареден месец криотрасфер. Комуникативна и објаснува се
Дечки, да не бил некој неделава на Клиничка Биохемија? Ме интересира дали добија реагенси за андростендион, само за тоа немаа последно. Фала ви
Тестот уште си го чувам...еве помина цела година уште се радувам на тој тест. Да видеш позитивен тест после 12 години и во рамка да се стави треба Позитивна мисла и верба кај сите нека има,еден ден ќе се успее
8 теста направив последниот успешен трансфер и сите си ги чувам.Верувам дека ќе ги чувам цел живот.Штом јас успеав, сите ќе успеете.Колку што ми е драга оваа група, толку знам колку болка има во неа.Еден ден за сите ќе биде само сеќавање.