Во Систина правев второ ехо на тироида(првото го правев во државна болница во мојот град). Ме пратија на биопсија ( као за секој случај, иако сметаа дека не е неопходно). Биопсијата ја правев на приватно, кај др.Ивковски - Хемолаб. На клиника зе резз од биопсијата ќе чекав месец дена
Pozdrav cure.Htela sam da pitam vas sto ste 40+ godina kakve ste sa mesecnim ciklusom pred IVF postupke
Dali histeroskopija i skrecing se pravi istiot mesec so krio transfer ili prethodno? Imav tri neuspesni krio transferi so blastocisti, od imunoloski hormoni tsh se e vo red pa uste ova mi ostanuva da vidam.
Јас направив минатиот месец,и веднаш после следниот циклус следеше криотрансферот и еве ме чекам да поминат уште 10-на дена да направам бета.
Како се чуствиваш мила?мене и вчера и денес осекам ми течи влажно одздола само по 1 во ден можеби е од утрогестан ставам 2 пати по 2 само го молам бог да биде се во ред со насс
Како ништо да не случило душо...ништо не чувствувам,многу е рано...никакви симтоми немам(не ги барам искрено) но приметив дека првите два дена цревата ми кркореа и гасови имав, (исто како и минатиот пат кога имав позитивен тест) ... Нормално е утрогестанот да истекува, затоа ти е тоа "влажно" Нит барам,нит мислам на симптоми,баш сум СООL, и на се мислам освен на симптоми.Здравје за 10-тина дена знам дека додека ги чекам резз од бетата,ке си ја чукам главата од ѕид,но дотогаш ке си свиркам....
Браво така треба јас вчера излегов да се боцкам а денес еве цел ден сум дома пред тв и јас не думам мн мн како што ке биде претежно мислам и чуствувам дека ке се радувамеее овој пат...И јас исто имав гасови секогаш ги имав во минатото па што е за нас ке остане
Само едит на ова, вчера на ГАК бев на климичка биохемија, чекав 1.15 за да стигнам на ред и резултати дури во понеделник ми рекоа, од среда до понеделник??? Ужас е и на двете места
Девојки, дали ви се случило додека сте на микрогинон пред хистероскопија да имате на бришење розево, исто како пред добивање? Денеска ми е 17 ден од циклус. Се загрижив од што може да е.
Девојки, дали после прва бета испитувате и втор и трет пат дали се дуплира вредноста? И на колку дена? Мене вчера на 14ти ден од ЕТ ми беше 147. И јавив на сестрата, но не ми спомна ништо за втора и трета бета. Ми кажа само да одам на прво ехо за 2 недели.
И мене не ми рекоа, ама мене место не ме држеше па на два пати си проверував дали се дуплира правилно. Не ми текнува на колку дена проверував. Можеш за два три дена пак да си провериш ако сакаш. Гуд лак
Јас испитав на 12 ден после трансфер со бластоциста и ми беше 370 и по 7 дена втора бета односно 19 ден после трансфер и беше околу 7000 и нешто.Ама тоа зависи од докторот и клиниката и каква им е праксата
Девојки денес бев на контрола после неуспешно по трет пат инвитро и препорака е на докторот да направам хистеро и лапаро на ГАК, иако до сега немаше видливи проблеми на ехо со матката.Некој совет околу интервенцииве? Фала ви
Честитки драга... Направи си пак утре ,мислам работат Син лаб со упат од матичен,100 ден е..треба да ти се дуплира секој нареден ден... Среќно!!❤❤
Дијагностичката хистеро после веќе три неуспешни ин витра не е лошо да направиш, чисто да се осигураш дека во матката не постои нешто што би можело да биде пречка за имплантација, а и понатаму во бременост (септум, полип, миом и слично), а што не секогаш се гледа на ехо, а ни на ХСГ. Ама лапаро е многу посложена процедура, за која треба да постои конкретна индикација или пак сомнеж за некаков проблем, како на пример проблеми со јајцеводите (запушување, хидросалпингс, адхезии), ендометриоза, цисти и други проблеми со јајниците што треба да се отстранат. Чудно ми е некој доктор да те испраќа само така рутински на лапароскопија (извини ако грешам, меѓутоа од твоето прашање немам впечаток дека имаш индикација за лапаро). Самата интервенција е поинванзивна од хистероскопија бидејќи е сепак операција, поболна е, и периодот на опоравување е подолг. Ги поминав и двете и ти кажувам од искуство, секако ти ќе постапиш така како што ти кажува докторот.