Мила, нормално е што докторката ти давала голема надеж и била позитивна, не е во ред да ти зборува негативно и во старт да те разочарува, посебно кога ти е прво инвитро. Моја препорака, да си ја слушаш докторката и како она ќе каже така, дали едно или две да врати јас сепак би оставила она да одлучи. А во нејзината стручност воопшто да не се сомневаш. Исто и јас со моето прво инвитро, летав во облаци, веќе го чувствував бебето во стомакот, но следеше негативна бета и огромно разочарување и се разбира скрос одпочеток, но јас немав ништо замрзнато бидејќи добивме само еден ембрион. Со второто инвитро добив два ембриона, бев пресреќна и двете ги ставивме, исто како тебе размислував, сега шансите ми се поголеми, ако не двете барем едно ќе се зафати, и повторно летав во облаци, но за жал повторно негативна бета и огромно разачорување значи не е правило ако се две и дека тогаш ќе успее, за жал не е така. Поздрав, се надевам не те разочарав
Срцка, правевме и спермокултура на институтот за Микробиологија и Паразитологија. Пишува не се најдени патогени бактерии квасници. Е, сега мене ми треба да се подобри до следното ивф, за природно не сум голем оптимист дека ќе се случи...
Ајде и јас да си пишам да си олеснам После толку секирации за мојот естрадиол денес резултатот 1500 Си примив уште 3 фостимончиња па здравје боже утре примам СТОП инекција и понеделник сум на пункција
По 2 обавезно пијам. Едно турско со млеко наутро на гладно. И фрапе после ручек. Реееетко може и трето да мавнам, некое макијатце или капучино. Од вчера веќе почна да ми смета. Најцеројатно ќе го тргнам фрапето од мени Со среќа и со успех да биде
Девојки додека чекам да ми одговори сестрата може некоја знае. Дали е исто пролутекс и прогестерон депо? Имам другарка во ниш која вечер се враќа па ја замолив да праша во аптека за цена. Таму и рекле исто е и 20 инекции се 50 евра.
Извини, сега видов дека се 25% А+Б, јас мислев 35 се. Пробајте со суплементи во меѓувреме и ви посакувам мн среќа
АТПО нормално. Рез 13 а до 34 е нормална вредност. Да бидам искрена подсвесно се надевав дека ќе е покачено па да речам еве нешто што е проблем да го лечам и после да е успешно. Вака проблем нема а нема ни бебе
И јас прашував за истото. Да ми го заменат пролутексот со прогестерон депо, докторот рече дека не е исто. Во врска со кафето, после трансфер ми рекоа најмногу две на ден, не повеќе. Честитки до сите со висока бета, да имате лесна бременост со полни срца и полни раце!
Составот е тој, прогестерон. Ех да беше исти успехот со депото и 100 ден на 5 дена , наспроти пролутекс и 1.120 секој ден
Shto da kazam toa e,neka e se do parite.Kolku imame tolku,ke se snaogjame,samo se dobro da e so nashite dushicki. Jas inaku primav depo sekoj 4ti den i crinon sekoja vecer do 14nedela,posle navaka depo ednash nedelno i utrogestan sabajle i vecer od 200.
Прогестерон е но во различна форма, различно го апсорбира организмот. Пролутекс е подкожна, а депо е мускулна.
Ај сега да не правиме натпревар 13та година терам и 6 неуспешни инвитра . Се шалам малку. Несакав да ти кажам како се аплицираат туку дека штом различно се аплицираат различна им е формата и веројатно различно се апсорбираат и не е исто . Иако не памтам која беше членка може пред година дена, побара да и сменат наместо пролутекс депо да зима и имаше успешно инвитро. Ама мислам некој ден земаше и пролутекс отпрво. Едит: сега гледам дека @Kateruna прашува уствари за замена
Скроз точно, депо е прогестерон во маслиново масло (progesterone in oil) пролутекс е прогестерон растворен во вода (понова технологија). Затоа и методот на аплицирање и дозите се различни.