Во кои случаеви ги даваат депото или пролутекс? После трансфер како терапија сум добивала само аспирин, фолна и утрогестан од 200 мг (три пати дневно вагинално да ставам).
Pa po kniga pravilno e da go proveri progesteronot pred transfer, pa taka da se odredi, ama ete jas sum vo Sistina, do sega eden transfer i eden cryotransfer, so biohemiska, nikogas ne mi proverile progesteron, a mnogu e bitno za da ti prilagodi terapija
Немам поима искрено да ти кажам. До лани сум примала пролутекс ×1, утрогестан ×3 и депо на 7 дена. Сега прв пат ми дадоа пролутекс ×2. Др рече дека со вакви дози прогестерон имало појќе позитивни исходи и најсигурно му било со ваква терапија. Читам дека покрај Систина и Ремедика ја тераат оваа шема. Њу борн имаат па друга шема. Таму се оди со утрогестани и на 4 дена со депо и пролутекс. И од таму има и те како успешни резултати. Кој ќе да ти каже до што е успехот Боцкај и молчи си
Мојот два дена пред трансфер беше 15 од прилика. И покрај тоа што беше добар ми дадоа макс доза прогестерон
Да се надоврзам и јас околу прогестеронската поддршка. Читајќи ве овде со каква поддршка сте се уплашив дека јас примам многу мала, само утрогестан 2×400мг. На 14 ден по трансфер заедно со бета проверив и прогестерон којшто беше над 40, а за тогаш супер е и да е над 20. Така терам уште. Верувајте им на вашите доктори.
А пролутекс од каде купувате во ск? Прашав во зегин и еурофарм нема. А денес на искачање од ремедика изумив да прашам дали имаат во аптеката
Моја познаничка во Систина кога правев, исто таа имаше правено таму и веќе породена, се чудеше зошто вагинално утригестан сум ставала, нејзе Лазаревски не и дал ништо. Јас тогаш само вагинални. Па ете кај неа успешно. Си проценуваат докторите колку и што да ни дадат. Во Њуборн па последново пролутекс 4 дена пред трансфер секој ден, уште 3 мислам беше после трансфер и после на 4 дена депо.
Кај мене два пати различно, се сеќавам за првиот пат дека имав секој ден пролутекс наутро, а секој втор или трет ден депо, плус, аспирин, фолна од 500 мг, пробиотик, некои апчиња по шема и уште нешто. Втор пат ми дадоа Кринон гел навечер, плус се преостанато, циклопрогинова и незнам што уште...Ова за Плодност зборам.
За се си во право, јас истото го мислам. Ние сме борци и трпеливи жени но не треба да е така. Не верувам дека на друго место по светов има парови кои направиле 4 инсеминации, 4-5 ин витра, донор јајце клетки и уште докторите да креваат раменици за причината: така сакал господ! На толки фрлени пари барем на соодветни испитувања да не пратат. Но, кажав еднаш и пак ќе повторам, суетата им е до плафон! Нит се консултираат со некој постручен од нив а камоли да кажат дека не знаат што е причината.
Мили мои, Тие што сте веќе во исчекување на бета, најпрво ви ја посакувам целата среќа на свет и сакам топло да ви препорачам да бидете стрпливи до крај! Топло ви препорачувам предвреме да не правете никакви домашни тестови, чекајте да дојде денот кога треба да испитате бета, евентуално најрано домашниот тест направете го тоа утро кога треба да испитате бета, верувајте на тој начин стресот и разочорувањето ќе траат барем малку пократко. Во моментот секој ден активно ве читам, прочитав многу случаеви каде домашниот тест покажал позитивен уште на 8, 9, 10 ден од трансфер. Па и јас се ставив во мисла и сакав да го направам тестот на деветиот ден од трансфер, но откако го прочитав разочорувањето на @Jetche се наежив целата и се предомислив и се реков ќе бидам стрплива до крај. Но утрово се пробудив рано и ми помина низ глава да си направам еден тест, 12 ти ден од трансфер, и секако направив кој за жал е негативен Се покајав што предвреме си направив разочорување, ама сепак треба да чекам до Понеделник за да направам бета, бидејќи нели надежта последна умира.... Затоа мили мои бидете стрпливи, доколку чекањето е болно тогаш негативната бета е по болна! Ве гушкам